Пресвртница за Украина

Дали ја оправдувате воената агресија на Русија над Украина?


  • Вкупно гласачи
    733
Член од
27 февруари 2011
Мислења
297
Поени од реакции
227
СВЕТ
Крим е зависен од Украина
Струја, вода, гас, храна: снабдувањето на Крим се одвива преку украинска територија. Тоа би можело да се промени на полошо по референдумот за приклучување кон Русија закажан за утре (16.03).


В недела (16.03), украинскиот полуостров Крим ќе гласа на референдум за приклучување кон Русија. Нема многу дилеми околу исходот на гласањето, со оглед на фактот што мнозинското население се етнички Руси.

Но, и во случај да прогласи независност, Крим ќе продолжи да зависи од Украина за основните животни намирници и енергенси. Водата, гасот и струјата доаѓаат преку тесен коридор кој го поврзува Крим со остатокот од Украина. Не постојат патни врски со Русија, со исклучок на траектот преку заливот Керч.

„Не постои друг начин за снабдување на Крим, дури и доколку полуостровот стане дел од Русија“, вели Габриеле Бауман, раководителка на канцеларијата на фондацијата Конрад Аденауер во Киев.

Снабдувањето на Крим беше предизвик и пред 60 години: во 1954 година, полуостровот беше отстапен на тогашната Украинска советска република.

„Тоа беше сторено, пред сѐ, од економски причини, бидејќи полуостровот не можеше да биде снабдуван преку територијата на советска Русија, особено со вода“, вели Волфрам Ребок, претседавач со Европско-украинската агенција за енергенси. Она што беше толкувано како подарок од тогашниот советски лидер Никита Хрушчов, всушност беше решение за енергетски проблем, тврди Ребок.

Нема вода на Крим


Единствената врска на Крим со копното е преку Украина

Дури и денес, Крим не може да си обезбеди доволно вода: климата во регионот е сува и топла, а повеќето потоци и реки пресушуваат во летниот период. Најголемиот дел од водата, над 80 проценти, доаѓа од реката Дњепар преку северниот кримски канал.

Исто така, полуостровот троши околу 1.200 мегавати електрична енергија годишно. Иако постојат четири термоцентрали, тие обезбедуваат само една десеттина од побарувачката. Останатите 90 проценти доаѓаат од украинското копно. Дополнително, и 90 проценти од сета побарувачка на храна и индустриски добра доаѓаат преку Украина.

Полуостровот е релативно понезависен во однос на гасот: украинската државна компанија Черноморнефтегаз произведува нафта и гас на западниот брег и во Азовското море, со што се покриваат околу две третини од потребите. „Изгледите на Крим се добри, може да се случи дури да стане и извозник на гас, бидејќи се смета дека во Црното море има големи резерви“, вели Ребок. Остатокот од гасот доаѓа од украинска територија.

Но, доколку Крим биде анектиран од Русија, состојбата со енергенсите може да се промени. Теоретски, Киев може да ја прекине испораката на вода за околу два милиони жители на Крим. „Се сомневам дека нема да го сторат тоа, затоа што тоа ќе предизвика хуманитарна катастрофа, а тоа никој не го посакува“, вели Ребок.

Уште поважно, како што е Крим зависен од Украина, така и Украина е зависна од Русија, па договорот изгледа неизбежен. „Секој прекин на доставата може да предизвика одмазда, а Русија би можела да ја прекине испораката на гас за Украина“.

Мост до Русија


Алтернативите за евентуалниот договор со Украина не се извесни. Некои обиди беа направени во минатото. Уште од 1990. се дискутира за мост кон Русија. По избувнувањето на кризата, темата е повторно актуелна. Рускиот премиер Дмитри Медведев најави дека ќе се изгради мост кон Крим, доколку полуостровот стане дел од Русија. 4,5 километри долгата поврзница за автомобили и возови би чинела околу 500 милиони евра и би се изградила за неколку години.

За енергенсите и снабдувањето со вода, од друга страна, ќе биде потребно далеку подолго време. За изградбата на тие проекти ќе бидат потребни години, ако не и децении.

http://www.dw.de/крим-е-зависен-од-украина/a-17496370

___________

Ова е еден од главните аргументи на западниве сили, гледам Дојче Веле на македонски го објавил пред некој ден, но заборавив да го прикачам. Го употребуваат буквално сите, дури и на Јутјуб видеа се сретнува како викаат дека е нелогично некој да управува со територија која нема допирна точка со останатиот дел, ко божем ова ќе биде прв ваков пример. Дубровник, Француска Гвајана, Сеута, Мелилја, се само мал дел од примерите.

Инаку, референдумот поминува мирно и со многу голем одѕив, барем како што можев да прочитам.
 
M

Mario Gómez

Гостин
Генијален Потег на Русија нема што. Од најблизок сојузник си направија непријател. Уште една голема „победа“ на џудо диктаторчето Путин.
Одамна веќе јасно беше дека Украина, ок барем 80% од населението се Про-ЕУ. Волјата на народот таа е, скурчено им е од сиромаштијата и гледааат у ЕУ спас, Русија можи е моќна финансиски, али толкава Украина никој не ги спасуваше, посебно со таа корумпираност на институциите. Е сега проблемот е што се глупи и мислат ЕУ ќе ги спаси со некој пакет на 50милијарди евра, шо нема да го добијат, а нема да влезат ниту во ЕУ. Мислам дека твојата реченица може да ја склопиш на друг начин. Украинците изгубија битен партнер и сојузник. А Путин у ситуација кога веќе е невозможно да влијае политички у Украина бара шанса да грабне нешто територија. Украинците допрва ке патат, кажав и предходно, ќе им стаат царини на нивните производи. Гасот веќе го плаќаат 30% поефтини, и имаат милијарди долг кон Гаспром. Си играат со оган.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.499
Поени од реакции
27.318
Треба да имаш предвид дека до директен судар е многу, многу тешко да дојде. Едноставно така играат големите.
Технички, можат да им ги скинат барем неколку од прва. Но тооа не е доволно Било какво уништивање на носач на авиони (од било која страна) повлекува нуклеарен удар од Америка.

Истиот проблем го има и Америка со руските нуклеарни ракети: ако не неутрализира 95% од нив во првите 3 минути во евентуален судир, нема шанса за победа.
Најоптимистичките прогнози на западните стручњаци кажуваат дека 90% од нуклеарните ракети ќе бидат спречени од штитот што го поставија. Тоа е ептен оптимистичко сценарио со оглед на тоа дека Русија има надмоќна ракетна технологија во однос на западните земји. Но и да е тоа вистина, 10% од нуклеарниот арсенал на Русија, ќе остави пустош во западните земји.
 

Stefus Corp.

Рационална Коза
Член од
22 август 2012
Мислења
2.097
Поени од реакции
1.821
Одамна веќе јасно беше дека Украина, ок барем 80% од населението се Про-ЕУ. Волјата на народот таа е, скурчено им е од сиромаштијата и гледааат у ЕУ спас, Русија можи е моќна финансиски, али толкава Украина никој не ги спасуваше, посебно со таа корумпираност на институциите. Е сега проблемот е што се глупи и мислат ЕУ ќе ги спаси со некој пакет на 50милијарди евра, шо нема да го добијат, а нема да влезат ниту во ЕУ. Мислам дека твојата реченица може да ја склопиш на друг начин. Украинците изгубија битен партнер и сојузник. А Путин у ситуација кога веќе е невозможно да влијае политички у Украина бара шанса да грабне нешто територија. Украинците допрва ке патат, кажав и предходно, ќе им стаат царини на нивните производи. Гасот веќе го плаќаат 30% поефтини, и имаат милијарди долг кон Гаспром. Си играат со оган.
Всушно САД и ЕУ се најголеми добитници. Раздели па владај. Порано Советската свера на влијание беше од Сверниот од Јужниот пол. Сега Руската е едно 100 км од нивните граници.
 
А

Антоние

Гостин
Ги читам вестиве за Украина и сум зачуден како можат толку многу интервјирани луѓе и војници да ја нарекуваат привремената влада во Киев "фашистичка". Иако неточна констатација, таа сепак служи како аргумент за расцеп и за приклучување кон Русија. Зар стварно е волку лесно да ја придобиеш масата? Едноставно нарекувајќи некого фашист одново и одново, додека самиот збор го губи своето значење и се што останува е негативна емоционална прерасуда против Киев?

 

Memento Mori

Yeah science, bitch!
Член од
24 август 2009
Мислења
1.132
Поени од реакции
1.562
Ги читам вестиве за Украина и сум зачуден како можат толку многу интервјирани луѓе и војници да ја нарекуваат привремената влада во Киев "фашистичка". Иако неточна констатација, таа сепак служи како аргумент за расцеп и за приклучување кон Русија. Зар стварно е волку лесно да ја придобиеш масата? Едноставно нарекувајќи некого фашист одново и одново, додека самиот збор го губи своето значење и се што останува е негативна емоционална прерасуда против Киев?


Демократска сигурно не е, се виде по обидот за државен удар
 

karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.719
Ги читам вестиве за Украина и сум зачуден како можат толку многу интервјирани луѓе и војници да ја нарекуваат привремената влада во Киев "фашистичка". Иако неточна констатација, таа сепак служи како аргумент за расцеп и за приклучување кон Русија. Зар стварно е волку лесно да ја придобиеш масата? Едноставно нарекувајќи некого фашист одново и одново, додека самиот збор го губи своето значење и се што останува е негативна емоционална прерасуда против Киев?

Се чини дека на оние коишто ги нарекуваат "фашисти" тоа многу и не им пречи.. Не видов некој посериозен напор да се обидат да демантираат дека се такви.
 

Stefus Corp.

Рационална Коза
Член од
22 август 2012
Мислења
2.097
Поени од реакции
1.821
Интересно е тоа Фашизмот е традиционалното прашило во бивштиот Советски Блок. Инаку Фашизам се крактеризира со силна држава државен капитализам милитаризам национализам и умерено економски десни политики се разбира и со јак афторитарен лидер диктарот. Значи иако фашизмот е филмискиот лошко во Русија. Од чисто политиколошки аспект моменталниот режим во Русија има многу сличносто и релативно е близок до фашизмот. Не дека Украинците се многу различни. Значи од политиколошки аспект може да се каже дека овој Украинско-Руски конфликт е судир помеѓу 2 фашизоидни политички модели еден помоќен друг послаб.
Или овој постер и руска кампања е во принциот му рекло Магарето на зајакот колку големи уши има.
 
Последно уредено од модератор:
А

Антоние

Гостин
Демократска сигурно не е, се виде по обидот за државен удар
Кој државен удар, тие имаа 10% од гласовите на последните избори и беа потребни за да добијат мнозинство во парламентот колку да имаат привремена влада до изборите во мај. Освен тоа,

Фашизам е дефиниција на политичка и економска идеологија
национализам =/= фашизам
насилство =/= фашизам
авторитарна влада =/= фашизам

Се чини дека на оние коишто ги нарекуваат "фашисти" тоа многу и не им пречи.. Не видов некој посериозен напор да се обидат да демантираат дека се такви.
Интересно ми е кога ги гледам russiatoday како од ден на ден доаѓаат до нови ознаки за владата, почнувајќи од фашисти, па екстремисти, па нацисти па нео нацисти и сега едноставно ги нарекуваат само нацисти
 
Последно уредено од модератор:

Stefus Corp.

Рационална Коза
Член од
22 август 2012
Мислења
2.097
Поени од реакции
1.821
Фашизам е дефиниција на политичка и економска идеологија
национализам =/= фашизам
насилство =/= фашизам
авторитарна влада =/= фашизам
Ова мене ме потсетува на Путин
Националист
Авторитарец
Конзевративец
Државен Капитализам
Милитарист
Политички Путин е доста близок до фашизмот.
 
Член од
22 мај 2012
Мислења
109
Поени од реакции
34
Во кримската криза,а и дискутирајќи за сите други кризи и конфликти претходно,повеќето македонци сме за Русија против Америка.А од друга страна Македонија е проамериканска.:eek:
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.499
Поени од реакции
27.318
Во кримската криза,а и дискутирајќи за сите други кризи и конфликти претходно,повеќето македонци сме за Русија против Америка.А од друга страна Македонија е проамериканска.:eek:
Од 2001 па навака, кога се откри вистинската политика на САД према Македонија, природно е што Македонците се наклонија кон Русија.

За разлика од народот, власта и нема голем избор каде да биде наклонета, дека уште полесно тука ќе се случи Мајданското сценарио.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.028
Поени од реакции
83.460
Од 2001 па навака, кога се откри вистинската политика на САД према Македонија, природно е што Македонците се наклонија кон Русија.

За разлика од народот, власта и нема голем избор каде да биде наклонета, дека уште полесно тука ќе се случи Мајданското сценарио.
Да. 2001-ва беше вистинско отворање на очите за Македонецот, во врска со "пријателството" на Турција и САД.
 
Член од
25 август 2009
Мислења
2.078
Поени од реакции
1.243
Треба да имаш предвид дека до директен судар е многу, многу тешко да дојде. Едноставно така играат големите.

Технички, можат да им скинат барем неколку од прва. Но тооа не е доволно Било какво уништивање на носач на авиони (од било која страна) повлекува нуклеарен удар од Америка.

Истиот проблем го има и Америка со руските нуклеарни ракети: ако не неутрализира 95% од нив во првите 3 минути во евентуален судир, нема шанса за победа.
Никако неможе да неутрализира пошто и Руски и Американски подморници со нуклеарни ракети шетат којзнае каде низ океаниве, и евентуален нуклеарен удар од една страна резултира со удар од другата страна и ете нуклеарна војна. Не верувам дека се толку глупави и едните и другите. Притоа, Америка од 2008 нема успешен тест за пресретнување на балистички ракети, сите тестови од тогаш се неуспешни , а за Руски тестови за пресретнување не сум прочитал дали биле успешни или не, плус знам сум читал дека Руските ракети(Sineva или како беа) користеле специјална технологија и екстремно тешко било да бидат пресретнати.

Кога веќе би дошло до нуклеарна војна, јас би сакал да сум сведок на 1-2 нуклеарки во Лондон и 1-2 на Ватикан. :D (sry за офтопик :P). Но 50год. Студена Војна со високи тензии помина без нуклеарна војна, така да бидеме искрени далеку сме од нуклеарна војна. Едино овие падобранциве како С.Кореја може да се избацат и да направат некоја глупост, али Русија и Америка нема шанса.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.499
Поени од реакции
27.318
Путин и кажал на Меркел: По Крим, на ред се Харков и Доњецк

Рускиот претседател Владимир Путин во телефонски разговор со германската канцеларка Ангела Меркел кажал дека Русија ќе ја почитува вољата на граѓаните на Крим, но додал и дека е многу загрижен поради напетоста што владее на истокот и на југот на Украина, а што, според него, е предизвикано од радикални групи лојални на Киев. Изминатите неколку дена на подрачјето на Харков и Доњецк, каде мнозинството говори руски, имаше жестоки судири меѓу проруските и проукраинските демонстранти. Според упатените, со ова Путин и најавил на Меркел можна руска воена интервенција и надвор од подрачјето на Крим.

Јас мислам дека е сосема можно втора етапа да бидат областите на Харков и Доњецк, што ќе го отвори патот кон останатите проруски области. Како што кажав претходно иако според некои инвазија на Украина би значела загуба на Москва, мене не ми изгледа така, пошто западна Украина е и онака изгубена за Москва. Западна Украина во едно такво сценарио би останала чир оставен на западниот свет и не би поминало многу време, кога западните Украинци ќе сватат дека биле изиграни од западот.

 

Kajgana Shop

На врв Bottom