Човеков е српски новинар мислам, моментано е во Доњецк. Интересни работи кажува. Кажува за пропустите на руската војска на почеток, ама потенцира дека најголемите пропусти се баш во Домбас, од војниците на Доњецк и Лугањск, што поради тоа што многу од нив не биле исусни, што ради брзање. Кажува дека многу страдале од мини кои украинците како се повлекувале ги поставувале. Кажува дека неколку иљади војници имаат изгубено овие две народни армии. Исто кажа дека во првите денови Бајрактар им нанел доста штета во Домбас. Лугањската област е скоро цела под контрола на про рускиве војски. Исто битно што кажа е дека русите на почеток направиле пропуст што мислеле дека голем дел од украинскта војска само ќе се предаде, па доста невнимателно влегле, што можевме и од доста видеа да го видиме. Колку што видов има најверојатно секој ден по некој ваков извештај, не ги видов ама претпоставувам дека е тоа.