Прераспоредување работник

Член од
15 јули 2014
Мислења
10
Поени од реакции
1
Можеби знае некој да ми одговори, го пребарав ЗРО ама не најдов одговор. Дали работодавачот има право со УСМЕНА наредба да прераспореди работник на пониско работно место и други раб.задачи, на колку време максимално и кои услови треба да бидат исполнети во таква ситуација. Позз
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.656
Поени од реакции
34.946
Види прво што си потпишал во договорот и што ти стои во опис на работно место, вообичаено скоро сите компании во Опис на работна позиција ставаат од чистач до научник, па што затреба тоа ќе работиш и не смееш да се буниш.
 

ShakaZulu

" Тој Сум Бре "
Член од
29 јули 2008
Мислења
3.258
Поени од реакции
3.608
Ако пишува општ работник за жал ќе работиш што ти речат ако сакаш да работиш ако не тоа најчесто е основа за прекинување на работен однос затоа што одбиваш рабоно место. За пониско/повисико ако основицата на плата е иста за двете позиции тебе за жал повторно не ти дава за право да се буниш дека те смениле од работно место а ако на второто место немаш бонуси или слично тоа не спаѓа во основниот договор за работа така да пак немаш право на жалба :(
 
Член од
15 јули 2014
Мислења
10
Поени од реакции
1
Se raboti za Javno pretprijatie i vo resenieto striktno e navedeno rabotnoto mesto na koe po sistematizacija ima opis na rabotni zadaci. Prasanjeto mi bese dali pri prerasporeduvanje e potrebno da se izdade pismena naredba , resenie ili toa moze da se napravi so usmena naredba
 
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.092
Поени од реакции
15.953
Можеби знае некој да ми одговори, го пребарав ЗРО ама не најдов одговор. Дали работодавачот има право со УСМЕНА наредба да прераспореди работник на пониско работно место и други раб.задачи, на колку време максимално и кои услови треба да бидат исполнети во таква ситуација. Позз
Работодавачот, поточно раководителот има право со усмена наредба да одреди и работни задачи кои се вон описот на работното место, но не и со усмена наредба да прераспредели работник на пониско работно место. Значи, ако сака може да ти каже и шолјата да ја чистиш, и ќе мораш да го направиш тоа, освен во услови кои работникот ќе пресмета дека нема услови за да ја изврши работата или директно го загрозува неговото здравје, што ве превод значи дека сепак на крај ќе мораш да си ја завршиш работата т.е. задачата која ти била одредена.
 
Член од
5 ноември 2012
Мислења
2.527
Поени од реакции
5.718
Можеби знае некој да ми одговори, го пребарав ЗРО ама не најдов одговор. Дали работодавачот има право со УСМЕНА наредба да прераспореди работник на пониско работно место и други раб.задачи, на колку време максимално и кои услови треба да бидат исполнети во таква ситуација. Позз
Обично во секој договор за вработување стои ( провери што си потпишал ) дека “ работникот е согласен да биде преместен на друго работно место кое одговара на неговиот степен на стручна подготовка“

Понатаму, во ЗРО, член 30 став 2 стои дека “ работникот е должен да врши и други работи кои не се предвидени со договорот за вработување ако одговараат на неговата стручна подготовка“

Значи, треба да видиш дали новото работно место ( без разлика што е пониско ) бара иста стручна подготовка. Понатаму, ако се работи за Јавно претпријатие, претпоставувам дека има колективен договор со кој поблиску се одредуваат работните права и обврски, ке треба да провериш и таму како е регулирано тоа.

Од друга страна, законите во глобала се во корист на работодавците, така да лесно може да ти даде отказ. Пример, член 81 став 1, прецизираа дека работодавачот може да ти даде отказ поради ....неисполнување обврски предвидени ....со колективен договор или акт на работодавачот
 
Член од
15 јули 2014
Мислења
10
Поени од реакции
1
Фала за одговорите. Значи се работи за прераспоредување со усмена наредба од работно место со средно образование ( инкасатор ) на работно место со основно образование ( општ работник ) а притоа на работникот не му е променет договорот за работа. Од страна на раководител усмено му е наредено да извршува работни задачи на место општ работник ( копање, косење, трева, собирање смет ). Моето прашање беше дали е потребно да постои писмена наредба.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom