Ви благодарам, ве молам и другите споделете ако имате предлог.
Верувам дека амбиентот е прекрасен. Би било од корист да препорачаш и во кои ресторани има прекрасен амбиент. Благодарам
...ова ќе ми дојде како рецензија, ама ај!
„Гламур“ ресторан во Маврово,
треба да се дојде до другата страна на Маврово кај патот кон скии жичарите,
ова е големиот паркинг со поглед лево се гледа измеѓу двете коли куќата пишува ресторан „Гламур“,
но до таму треба да се иде до крај на паркингот и се врти лево, па пак лево во една малечка уличка од другата страна на куќата,
ваков опис давам зошто најчесто појма немаат дека воопшто постои таков ресторан, а не пак да ти кажат каде е лоциран,
...ова е веќе позади куќата што ја имаше на фотката со паркингот, овде ќе си се паркираш и веднаш се влегува, десно е надворешниот дел - летниковец, а лево е салата и шанкот затворен, а горе по скалите има хотелски соби доколку сака некој да преспие или малку „да се одмори“ од обилниот ручек!
ова е внатрешниот дел- шанкот,
ова е внатрешниот дел од ресторанот, обично масите се разделени
овие се собите горе кои се издаваат,
овој дел е надворешниот лево од тој внатрешниот, каде има летниковец, десно водата е рибник, каде секогаш има свежа мавровска пастрмка,
тоа куќарчето е за надворешна скара на ќумур, а лево се масите,
мавровска пастрмка на скара,
или тава риба во фурна,
зависи од количина иде и цената,
нудат и други специјалитети како дивеч, но и секаква скара,
специјалитетот Галичка плескавица им е колку една чинија!
овој е надворешниот дел дворот околу летниковецот каде се масите,
дворот грижливо наместено од газдарицата на ресторанот, цвеќе таму ваму,
поглед од собите на спрат,
летниковецот во дворот,
етно обележија , таму ваму, грижливо одбрани од газадрицата,
мора да ја запознаете газдарицата на локалот, пољубезна жена немам сретнато!
разни салати, галичко сирење и додатоци покрај главното јадење,
чорби,
ловачки специјалитети,
и на крај благо по желба,
контакт за достава 070 951 721

истоооооо како да сте биле таму, нема потреба да се мачите!
