GavolRulz
hippopotomonstrosesquipedaliophobia
- Член од
- 23 март 2008
- Мислења
- 12.809
- Поени од реакции
- 11.796
- Возраст
- 32
- Локација
- Струмица
- Веб-сајт
- www.manutd.com
Ја откажаа после 3 сезони, ама имаше завршеток колку што памтам.
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Sretnav edna serija kako reklama na jutub, ama go zaboraviv imeto.. Pa sakav da prasam kako se vika, a dejstvieto vo tie 20 sekundi ko sto bese e kako nesto odozdola iznikna prozirno staklo, isece na pola edna krava, avion se udri kako vo nevidliva kupola, pa tuka lugje gledaa deka nesto obvivka prozirna gi zatvorilo, pa kamion se uleta i u toa neidlivata obvivka se zakopa a u isto vreme zakoci kola so vajda glavnite glumci i taka..
На кирилица напиши, Перевал Дјатлова (ЈА треба да е руското ЈА, како R свртено наопаку). Барај ја така, лесно се наоѓа. Јас за превод мислев дека ќе се помачам, ама за чудо и тоа најдов од прва, на Subscene.На IPT, PTN, Bluetopia, TL, Zamunda, 1337x, RuTracker ја нема серијава ни по превод ни по оргинален наслов. Дајте хинт кај да се бара![]()
BodyguardАјде некој предлог, серии до 10-15еп макс?
Нешто налик на Бенд оф брадрдс. Мислам должината на серијата.
Сите овие ти се мини серии и 90% мистерии ги подредив по квалитет според менеАјде некој предлог, серии до 10-15еп макс?
Нешто налик на Бенд оф брадрдс. Мислам должината на серијата.
Мислам дека ја имав пишано некаде поназад. Особено ми помогна оваа серија пред 2 години некаде кога имав зачестени панични напади. Онака ме опушташе и ми ги тргаше мислите, да речам ми се најде во животовНе знам како Bored to Death ја немам слушнато од никој, ама дефинитивно ја препорачувам ако сакате лабава комедија во не баш ситком формат.
Hatfields and McCoys, во главни улоги на господин господин Кевин Костнер и Бил Пакстон.Ајде некој предлог, серии до 10-15еп макс?
Нешто налик на Бенд оф брадрдс. Мислам должината на серијата.
Кај ја гледаше серијава? Да пратеше торент нешто, се пукнав барање не најдов.Не знам колку сте слушнале за Dyatlov Pass Incident. За оние кои не знаат, се работи за мистериозна смрт на 9 руски студенти, под неразјаснети околности, на 2 февруари 1959, на Урал, додека биле во планинарска експедиција да ја освојат планината Отортен. Телата на планинарите биле пронајдени многу подоцна, некои од нив дури и месеци по нивната смрт, раштркани низ планината, оддалечени еден од друг, а километри далеку од шаторот во кој биле сместени, а кој, за да избегаат, го исекле од внатрешната страна, и избегале оскудно облечени, некои дури и без чевли на нозете. Обдукцијата врз телата покажала дека 6 од планинарите умреле од измрзнување, додека тројца имале фатални физички повреди: еден скршеница на черепот, а двајца (од кои една девојка) сериозни повреди на градите. На девојката, дури, и фалеле и очите и јазикот, а и на уште еден планинар му биле откинати парчиња од лицето.
Од тогаш до денес оваа мистерија го привлекува вниманието на луѓето низ светот. Има многу теории за смртта на планинарите, меѓу кои: дека се жртви на воени тестови на руската армија, дека биле расоблечени и умреле од премрзнување заради наводнен феномен, таканаречен „парадоксално соблекување“, дека биле нападнати и бркани од диви животни, или од Манси племето кое живее во село во непосрена близина на планините, или од Јети, или од НЛО (и од нивна страна, а и од други планинари и Манси племето кое живее во непосредна близина на планините биле забележани портокалови топки на небото деновите пред нивната смрт), дека ги затрупала лавина, дека се испотепале меѓу себе заради наводни љубовни несогласувања... Секоја од овие теории е со низа фалинки, зашто иако секоја објаснува дел од мистеријата, не покрива сѐ...
Јас за мистеријата прв пат слушнав летоска, гледав некој документарец за неа, и видов дека има снимено научно-фантастичен филм во 2013, со наслов: The Dyatlov Pass Incident. Го симнав уште тогаш, но го гледав дури пред некој ден, за да ослободам простор на хард диск. Филмот не е за конкретниот инцидент, туку за група од 5 американски алпинисти кои во 2013 заминуваат во Русија за да го рекреираат настанот со руските планинари. Снимен е со found footage техника, која беше доста популарна тој период, и иако е cheesy, и делува тинејџерски наивно, мене ми го задржа вниманието, и бидејќи ме држеше напнат цело време, дури и високо го оценив. А кога го оценував, на IMDB ми се појави дека во 2020 Русите направиле серија, на англиски преведена како: Dead Mountain: The Dyatlov Pass Incident. Мини-серија од 8 епизоди од кои 4 се рекреирање на настанот со руските планинари, а 4 за истрагата по нивната смрт, но не подредени хронолошки. Не пропуштив веднаш да ја симнам серијата и ја изгледав. Прекрасна е! Од глума, до секакви техникалии, сценарио, приказна, кинематографија, сценографија... Буквално сѐ е топ! Затоа искрено ви ја препорачувам на сите.
Инаку, некој швајцарски институт или што и да е во јули 2020 излегол со резултати по опсежно истражување на инцидентот. Мислам дека некаде прочитав дека дури и ексхумирале некои од телата на планинарите. Тие потврдуваат дека всушност ја решиле мистеријата за Dyatlov Pass Incident (наречен така по водачот на групата планинари, Игор Дјатлов). Руската серија е идентична со објаснувањето на Швајцарците, што значи, веројатно најблиску до тоа што најверојатно навистина се случило (иако никој никогаш нема да дознае што всушнот навистина се случило). Затоа, ако сакате да ја гледате серијава, а да не знаете што ќе се случи до крај, ве советувам да не читате ништо. ОК, ќе знаете дека сите умреле, ама нема да знаете како.