Предлог законот за бранителите е во Собрание!

Статус
Затворена за нови мислења.

dungeon master

Милиционер
Член од
14 февруари 2006
Мислења
793
Поени од реакции
18
Во Собрание е поднесен нов предлог на закон, за бранители. Се вика „ Закон за посебните права на припадниците на безбедносните сили на Република Македонија и на членовите на нивните семејства “.

Поднесен е во собранието, па сега е во тек процедура за собирање на потписи, па очекуваме некаде во септември, да дојде на седница на собрание за разгледување, Со новиов закон се бараат повише права за бранителите, и има некои измени за разлика од стариот закон. Се обидовме да направиме измени со цел семејствата на погинатите бранители во 2001 да добијат повише права, како и бранителите да добијат повише права отколку со стариот закон, со тоа што ќе има три категории на бранители, зависно од тоа кој колку учествувал во борбени дејствија. И ќе има член со кој ќе се оневозможи на дезертерите во 2001 да земат потврда за бранител ( што бегаа на боловање и сл. ), а најважно е што има вметнато член со кој се забранува терористите на ОНА да добијат права врз основа на нашиот закон.

Иницијатива е на Здружението на припадници на безбедносните сили „Достоинство“

Па на крај и еден повик до сите поддржувачи на законот, да појдат во нивната општина кај што има канцеларии за собирање на потписи ( на министерство за правда ), и да го дадат својот потпис за законот
 
Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.343
Поддржувам таков закон!
 
Член од
22 февруари 2008
Мислења
1.647
Поени од реакции
45
Ќе се потпишам . Ја поздравувам таа иницијатива.

П.С. Се надевам дека здружението нема да да биде злоупотребено од страна на некоја политичка партија за теснопартиски интереси, ниту пак дека неговите членови ќе дозволат такво нешто.
 
dungeon master

Милиционер
Член од
14 февруари 2006
Мислења
793
Поени од реакции
18
Ќе се потпишам . Ја поздравувам таа иницијатива.

П.С. Се надевам дека здружението нема да да биде злоупотребено од страна на некоја политичка партија за теснопартиски интереси, ниту пак дека неговите членови ќе дозволат такво нешто.
За потписиве право да ти кажам, некако тешко иде, не е онака како замислував. Некои се заинтересирани да потпишат ама некои и не. Не дека нема да собереме потписи, него сакавме да собереме поголема бројка, да остави законот впечаток во собрание со бројката на потпишани граѓани. Ќе биде, здравје :)

А за политиката, нема шанси, ние не сме политички определени како организација. За тоа кој поедино каде е симпатизар негова работа
 
Lavanda

Модератор
Член од
18 април 2008
Мислења
676
Поени од реакции
66
Не ми е јасно како може да биде тешко? И се прашувам шо им е на луѓево ? Како може некој да нејќе да се потпише за бранителите, им беше на сите арно коа гинеа низ Куманово , Арачиново, Тетово....сите си седефме дома скриени стравувјќи да не налета некој куршум....додека тие скриени во рововите ни ги чуваа газовите(со изинување на изразов) и сега доаѓа ред тие нас да не молат за потпис, па ми иде да утепам некого....Срамота! Ги повикувам сите овде присутни и тие кои само го посетуваат форумов, уште денес да отидат и да дадат потпис за бранителите на нашата татковина, сега треба да им возвратиме за тоа што се бореа за нас и нашата држава, и да им одадеме достајна почит на сите оние кои загинаа во истата борба, барем како утеха да им остане на нивните семејства дека сепак народот памети и не ја заборава 2001-та.

dungeon master ќе те замолам да ми кажеш каде можеме да отидеме и да се потпишеме, за да нема забуни оклу тоа?
 
Тикви4ка

Нарцис со сина крв
Член од
1 март 2007
Мислења
3.134
Поени од реакции
273
нормално поддржувам...

а каде се собираат потписи ?
 
Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Во Собрание е поднесен нов предлог на закон, за бранители. Се вика „ Закон за посебните права на припадниците на безбедносните сили на Република Македонија и на членовите на нивните семејства “.

Поднесен е во собранието, па сега е во тек процедура за собирање на потписи, па очекуваме некаде во септември, да дојде на седница на собрание за разгледување, Со новиов закон се бараат повише права за бранителите, и има некои измени за разлика од стариот закон. Се обидовме да направиме измени со цел семејствата на погинатите бранители во 2001 да добијат повише права, како и бранителите да добијат повише права отколку со стариот закон, со тоа што ќе има три категории на бранители, зависно од тоа кој колку учествувал во борбени дејствија. И ќе има член со кој ќе се оневозможи на дезертерите во 2001 да земат потврда за бранител ( што бегаа на боловање и сл. ), а најважно е што има вметнато член со кој се забранува терористите на ОНА да добијат права врз основа на нашиот закон.

Иницијатива е на Здружението на припадници на безбедносните сили „Достоинство“

Па на крај и еден повик до сите поддржувачи на законот, да појдат во нивната општина кај што има канцеларии за собирање на потписи ( на министерство за правда ), и да го дадат својот потпис за законот
Потписот е најмалку што можеме да сториме.

Имам забелешка околу начинот на собирање на потписите, дали треба да одиме во општинските канцеларии и дали може подетални информации каде поточно да се обратиме?

Мислам дека малце луѓе чуле за оваа иницијатива на собирање потписи инаку не се сомневам во нивната поддршка.
 
jkd

one name one country united macedonia
Член од
13 септември 2007
Мислења
1.261
Поени од реакции
27
и ја ќе удрам еден потпис барем за толку заслуживте поздрав и среќно во борбата но не на терен туку со политицарите крвопијци.
 
dungeon master

Милиционер
Член од
14 февруари 2006
Мислења
793
Поени од реакции
18
За собирањето потписи :

Потписите се собираат во подрачните канцеларии на министерството за правда. Требаше да ми пратат комплет список каде треба да се даде потпис ама уште го чекам :)

Потписите се собираат во општините, таму има канцеларии на мин. за правда. Пример кај мене во Петровец се собираат во општината, за центар се собирале во општина центар, за кисела вода, аеродром и лисиче колку што ми кажаа се собирале во бараките на општина К.Вода. Значи одете во вашата општина и прашајте. Ќе побарате кој таму работи за мин. за правда, истиот води и матична евиденција ( издава изводи и сл. ).

Ако треба нешто повише информации пишете. Благодарам за поддршката :)
 
Абе со политичарите. здравје кога ќе ги собереме потписите, ќе имаме работа во собрание, кога ќе почнат таму со амандмани и сл. на законот. Ама че гледаме да не попуштиме, МНОГУ :)
 
Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
За собирањето потписи :

Потписите се собираат во подрачните канцеларии на министерството за правда. Требаше да ми пратат комплет список каде треба да се даде потпис ама уште го чекам :)

Потписите се собираат во општините, таму има канцеларии на мин. за правда. Пример кај мене во Петровец се собираат во општината, за центар се собирале во општина центар, за кисела вода, аеродром и лисиче колку што ми кажаа се собирале во бараките на општина К.Вода. Значи одете во вашата општина и прашајте. Ќе побарате кој таму работи за мин. за правда, истиот води и матична евиденција ( издава изводи и сл. ).

Ако треба нешто повише информации пишете. Благодарам за поддршката :)
ОК, ќе рашириме меѓу народов.

П.С. Ставај списокот што побргу.
 
Член од
16 мај 2008
Мислења
55
Поени од реакции
0
Во секоја општина има т.с треба да има испостава на министерство за правда и они се задолжени за собирање на потписи за граѓански иницијативи.
Ја подржувам оваа иницијатива и ќе се потпишам наскоро.
 
Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Претседателот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов денеска соопшти дека неговата партија ќе ја поддржи иницијативата на здружението „Достоинство” за собирање на најмалку 10.000 потписи, за Собранието да почне расправа за предлог-законот за посебните права на припадниците на безбедносните сили, пренесува МИА.

ДС смета дека за некои од решенијата во овој закон треба да се отвори расправа во парламентот, но и да се вклучи експертската јавност, со цел да се процени дали предложените решенија се во согласност со начелото на еднаквост на граѓаните.

Трајанов ги повика сите членови на ДС, симпатизери и граѓани да ја поддржат иницијативата на здружението „Достоинство” за собирање 10.000 потписи.
 
Тикви4ка

Нарцис со сина крв
Член од
1 март 2007
Мислења
3.134
Поени од реакции
273
а автокоманда те гази баба кај се собираат потписи и каде се собираат во гостивар?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom