Предизвик за 40 прочитани книги во 2012, Кажи ДА!

Доколку го прифаќаш штиклирај.


  • Вкупно гласачи
    113
Статус
Затворена за нови мислења.
14. Mieses Karma - David Safier

Биди добар, само биди добар!
 
26. Читачот - Бернард Шлинк.
Почнува интересно, со прекрасен опис како на ликовите секој поединечно така и на околностите во кои тие се наоѓаат. Но некаде во вториот дел почнува да станува здодевна. Да бидам попрецизен - процесот
каде нејзе и судат за злоделата што ги има сторено
. Имаше тука неколку светли моменти коа се обелоденува зошто таа така постапува, но воглавном требало да скрати писателот некои 10-20 страни. Крајот е предвидлив, но и со добра порака и некогата суштина е тој mindfuck што го доживувате и си викате, у курац требаше вака.
 
15.The Snapper - Roddy Doyle

Како бе мајката заглавив на оваа книга?
 
16. Животинска фарма - Џорџ Орвел

Читајќи ја оваа книга го препознав она нашето "Бранко е крив", ги видов седнати на тераса како мафтаат со ноЏињата и латас и миленко и мирка, како се пее излези момче, како се билда патриотизам, како се перат мозоци...

Тренди!
 
На темава сум пишала до 9-тата книга а јас сум на 33-та и се јадам од мака што навреме не си давав репорт. Како и да е за оваа година мојот резултат е 35 прочитани книги евентуално 34 што е сепак ОК задоволна сум и мило ми беше што бев дел од темава зошто се проверив колку можам.. секоја чест на оние што ја надминаа бројката Srcee никој не ја стига (барем колку што јас видов). Да не должам многу, ќе си го ставам списокот на прочитани и понекој коментар за книгите што ми оставиле поголем впечаток, идемо:

10. Знаеш ли да чуваш тајна - С. Кинсела
Одлична. Се смеев, и се смеев и кога ќе ми текне на сцената со грмушката уште ми е смешно. Препорачувам книга која ќе ве опушти и расположи.
11. Тајни - Даниела Стил
12. Вистински верник - Николас Спаркс
13. Загубената ќерка - Дајен Чемберлен
Доста интересна. Ако наидете на неа не пропуштајте да не ја прочитате. Во книгата ми се допадна се`. Стилот, концептот, приказната, претставата за ликовите..
14. Мемоарите на една гејша - Артур Голден
Прво го гледав филмот па ја читав книгата. Да беше обратно можеби ќе бев повеќе воодушевена, сепак се тоа мемоари и беше своевидно занимлива.
15. Ако го дочекам утрото - С. Шелдон
16. Врати ми се - Гијом Мисо (не се пропушта)
17. Под мермерно небо - Џон Шорз
Е ова е книга достојна за восхит, според мое мислење. Приказна за градењето на Таџ Махал, како е изграден, од кого, за кого и кој е инспирација за овој споменик на љубовта. Не пропуштајте ја книгава мене ми е една од омилените.. ремек дело.
18. Дваесетата сопруга - Инду Сандуресан
Се од писателката е примамливо поради она што нас ни е далечно и занимливо а тоа е истокот, Индија да бидам попрецизна со сета своја убавина, најобоени бои и блескавост. Јас ја читав во три дела и секогаш бев повторно и повторно воодушевена. Ја препорачувам дефинитивно.
19. Празникот на розите - И. Сандуресан (продолжение на претходната)
20. Јади, моли се, уживај - Елизабет Гилберт
Книга далеку подобра од своето филмско остварување. Ме насмеа, ме замисли, ме посоветува и дефинитивно се сложивме околу некои работи. И да не заборавам ме прошета. Нема да зажалите доколку и посветите дел од своето време, што за филмот не сум сигурна.
21. Возвишената убавина на непознатото - И. Сандуресан
22. Вечерва и засекогаш - Нора Робертс
23. Еднаш во животот - Кети Кели
Ми се допадна приказната и склопот на ликови во неа. На почетокот можеби ќе се изгубите во случувањата и ликовите но заради некој од нив нема да ја оставите а да не дознаете што ќе се случи се до крајот.
24. Заговорот Моцарт - Скот Маријани
Многу добар трилер, прочитајте ја ако сте љубител на истите. Плус по нешто ќе научите како јас.
25. Последната песна - Н. Спаркс
26. Се што премолчавме - Марк Леви
Ова беше навистина релаксирачко романче, има слатка приказна, главен мотив е татковата љубов и остварување на една друга, топло ја препорачувам.
27. Пустински цвет - Варис Дирие
Моќна книга, доста потресна, едно лично искуство кое на моменти ќе ве направи многу посреќна и позадоволна со вашиот живот (каков-таков) но многу повеќе ќе сочувствувате со приказната на една жена од Сомалија.. книга која вреди да се прочита и дискутира наместо одбегнува заради суровата вистина.
28. Сопругата на дипломатот - Пам Џенов
Ова е приказна за Марта, сместена после Втората светска војна, еврејка која ја преживеала тортурата на концентрациониот логор која ризикувала многу и изгубила речиси се` но после сите премрежја да заплови во водите на еден нов живот. Тоа што за неа е свртување нова страница е всушност паѓање во добро испланирана замка.. 29. Sullivan`s woman - Nora Roberts
Ја читав на англиски, тоа е една љубовна приказна во своето вистинско светло па така ми беше уште поубава. Значи уживавав во неа само затоа што беше во оригинал.. што не ја прави помалку интересна на македонски доколку ја има преведено.
30. Прибежиште - Николас Спаркс
31. Руска зима - Дафне Калотеј
32. Надежна сопруга - Роберт Гулрик
33. Гордост и предрасуда - Џеј Остин, ја читам моментално..
 
33. Гордост и предрасуда - Џеј Остин, ја читам моментално..

Ако се заинтиш и преку 40 ќе стасаш ^ ^. Како и да е 35 книги не е малку.
Пиши мислење за ова книга кога ќе ја прочиташ, во план ми е да прочитам нешто од Џејн Остин.
 
27 Викенд - Бернард Шлинк. Нешо као се собираат некои влијателни луѓе од претходниот систем во некоја вукојебина и као нешо ги оживуваат своите односи меѓу себе. Некаде на пола сум но не ми праи толкав ќеф као кај Читачот. Ама ќе видиме... мала е ќе ја скинам за кој ден.
 
Ако се заинтиш и преку 40 ќе стасаш ^ ^. Како и да е 35 книги не е малку.
Пиши мислење за ова книга кога ќе ја прочиташ, во план ми е да прочитам нешто од Џејн Остин.
Не можам да дочекам да ја прочитам за да ја исфалам, книгата ми е неповторлива.. ја сакам поради начинот на кој раскажува писателката со таква леснотија која никогаш не здосадува. Дејствието би го сместила на почетокот на 17 век. Самата книга е окарактеризирана како комедија на манири и морал. Јас ја читам во издание на ИК НашаНоваКнига од библиотека ја земав. Ти ја препорачувам, дефинитивно.
 
Не можам да дочекам да ја прочитам за да ја исфалам, книгата ми е неповторлива.. ја сакам поради начинот на кој раскажува писателката со таква леснотија која никогаш не здосадува. Дејствието би го сместила на почетокот на 17 век. Самата книга е окарактеризирана како комедија на манири и морал. Јас ја читам во издание на ИК НашаНоваКнига од библиотека ја земав. Ти ја препорачувам, дефинитивно.

Тогаш дефинитивно таа ми е следна, само на англиски ќе ја читам. :)
 
^ Уште подобро, браво за тебе.. ќе уживаш дури и повеќе во книгата.
 
Да го надополнам списокот

1.Ѕиркачот од Александар Прокопиев
2. Сечење шуми од Томас Бернхард.​
3. Кантервилскиот дух од Оскар Вајлд..​
4.Ѓубре од Ирвин Велш​
5. Единаесет жени - Снежана Младеновска Анѓелков​
6. Бог и бетон – Ричард Мило(или-или)​
7. Гец и Маер – Давид Албахари.(блесок)

8.Тунел од Петре М. Андреевски​
9. Горјан Петревски – Марта
10. Славко Јаневски- Улица
11-Данило Киш- Мансарда
12- Карел Чапек – Рур
13- Карел Чапек-Бела болест
14-Лидија Николич-Осечања о сечања
15. Албер Ками – Чума
16. Умберто Еко-Таинствениот пламен на кралицата Лоана
17. Хајнрих Бел – Погледите на еден клов
18- Хенрих Сјенкјевич – Без догма
19- Џон Фаулс- Волшебникот
20- Хенрих Ибзен- Сениште
21. Филип К. Дик- Малцински извештај
22-Петер Надаш- Крајот на еден семеен роман
23. Марио Варгас Љоса – Кој го уби Паломино Молеро?
24. Зигфрид Ленз – Минута молчење
25- Хулио Кортасар – Прогонувачот
26- Панаит Истрати- Кира Киралина -09.09.2012
27- Ирвин Велш – Trainspotting
28- Џон Фаулс – Колекционер
29-Пјер Корнеј – Сид
30- Михаил Булгаков – Записи на младиот лекар
31- Хенрих Ибзен – Хеда Габлер
32 – Карел Хинек Маха – Мај
33 – Август Стринберг – Госпоѓица Јулија
34- Жан Батист Поклен Молиер – Тартиф
35- Албер Ками –Калигула
36- Лајбниц – Расправа околу метафизиката/Монадата
37. Волтер – Кандид
38- Роберт М. Пирсиг – Зен и уметноста на поправање мотори
39- Борис Вијан - Вадисрце​
 
Па ќе може да направиме и за 2013 предизвик. Од оваа година би требало да има околу 10 души со 40 книги прочитано. Да помине уште една недела па ќе ја прочешлам темава и ќе направам листа кој се успеал да стаса до 40 и кој се го прифатил предизвикот во 2012.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom