Приватните пораки се ваши лични работи, и преку нив што сакате правете. Битно е по темиве да не се навредувате. Задржете едно културно ниво. Админите немаат пристап до вашите „сандачиња за приватни пораки“. Тие се ваши, приватни интимни катчиња.
По политичарите и партиите плукајте слободно, едни по други НЕ!
Овој пост, реален, ти беше во контекст на постот (цитиран од мене во овој пост) на Малак.
Не ти се чини дека токму така и треба да се практикува слободата на изразувањето? Си имате опција за приватни пораки, и таму кажете си што сакате. Овде, на јавниот дел, има правила. Слобода на мислењето тука е загарантирана, но ограничена во делот на омаловажувањето на другиот соговорник, со цел еднаквост на сите корисници, како и зачувување на достоинството на сите.
И пак ќе кажам:
По политичарите и партиите плукајте слободно, едни по други НЕ!