Предбрачен договор

Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Потпишувањето предбрачен договор е само законска регулатива за избегнување манипулации од било каков вид.
Ако размислуваме дека нема потреба од предбрачен договор бидејќи љубота е вечна и се темели на доверба и слични меѓучовечки доблести, во тој случај не ни треба ниту прстенот и потписот во матично. Зошто би се венчале. Веќе живееме заедно, воопшто не ни треба законски доказ дека сме заедно.
Црква е друга работа. Доколку се сопружниците побожни, тогаш тој договор го прават пред бога со самото стапување во брак. Е тој договор прекрши го ако си верник вистински да те видам...
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Во предбрачен договор не влегува потписот во матично?Со него не се делат работите на пола во случај на развод?
Кога зборувавме за брак сите беа за потпис во матично,а за предбрачен договор било понижување,пфф свашта.
 
S

Shellshock nam67

Гостин
ја знаеш приказната за шкорпијата и жабата ?
ја молела шкорпијата жабата да и помогне да ја помини реката на што ова и одговорила дека не зошто може да ја касне, но по упорно настојување на истата жабата прифатила и на крај ја снашла грозната судбина на пола пат била касната, зошто ме касна шкорпијо нели се договоривме
-што можам да правам кога тоа ми е во природата
наравоучение не верувај во никого и секогаш биди спремен
плус практика е ова и на запад како што е практика и изневерувањето
 
Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Глупа работа, не треба да се мисли на тоа дека еден ден ке се разделите... Инаку сепак она што се стекнува во животот е подеднакво со партнерот, па не гледам зошто би се потпишувале договори за ваква работа.
Абе не треба да се мисли и на умирачка па сите се осигуруваат нели?
 
H

HITCH

Гостин
Чиста сметка - долга љубов, велат старите. Овие неколку месеци од мојот живот се преполни со преубави работи - свадби! Во целиот овој период паднаа секакви муабети и во разговор со некои многу блиски луѓе чув се` и сешто. Иако имаше многу свадби имаше и доста разводи и многу муабети за добри или лоши предбрачни договори, но и за случаи во кој немало предбрачен договор, значи за позитивни и негативни работи.

Бракот го прифаќаме како преубава работа во нашиот живот, а свадбата е еден весел ден кој трае кратко, но ни го менува животниот тек. Предбрачниот договор е одличен начин во бракот да влезеш многу порастеретен од некои работи. Доколку дојде до развод, има начини и правилно да се подели заеднички стекнатиот имот или финансии.

Јас, кога ќе се мажам, ќе си потпишам предбрачен договор! Предбрачниот договор не значи дека ти не го сакаш партнерот или дека не му веруваш, туку значи дека го ослободуваш од некои глупави фрки ако, не дај Боже, бракот се распадне.

Денес прочитав еден совршен предбрачен договор во кој беа одредени доста работи. Предбрачниот договор е можност партнерите да се разделат на цивилизиран начин. Велам дека е одлична работа бидејќи покрај сета емоционална болка низ која ќе минуваат партнерите во тој период, најпроблематичната работа, финансиите и имотот, ќе биде скоро решена и завршена работа и ќе може да се насочат кон побрзо емоционално опоравување. Како да е малку што се разделуваш од некој што во одреден период од животот ти значел се`, па уште и да треба да му ја мислиш како ќе се подели стекнатото во бракот... Тоа би било вистински пекол за сите во нивното опкружување, а најтешко ќе биде за двајцата партнери.

Бракот е прекрасна работа! Сите се надеваме дека љубовта кон партнерот ќе трае до крајот на животот, а со тоа и бракот дека ќе трае се` до смртта на едниот партнер. Сепак, подобро е да се заштитиме со време, отколку после во тој пекол да трескаме глава уште повќе и да се чудиме кое зло не снашло.
 
@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.114
тури му пепел на таквиот брак- во кој предбрачно се потпишува договор - во случај на развод- хахахахаха
од тој брак- не очекувај траење - туку распад
Ако на човек може да му се верува договор не е неопходен, ако не може да му се верува — договорот станува излишен!:toe:
 
Член од
6 април 2005
Мислења
2.959
Поени од реакции
3.099
ja najdov temata
pak da prasam,dali znaete nekoj licno da potpisal vakov dogovor ili da znaete kade mozam da najdam maakedonaka verzija da vidam sto vsusnost se raboti
btw stapkata na razvodi e 60% vo poslednive godini
 
PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.497
Предбрачниот договор мислам дека секои нови сопружници што стапуваат/планираат да стапуваат во брак треба да го потпишат во случај да нешто во бракот испадне наопачки однапред да си се знае секој од нив кој на што си е ...
Љубовта не е вечна, а во голем број на случаи и е исклучиво поради интерес, на овој начин шансите за манипулации донекаде ќе се окончаат !
--- надополнето: 13 октомври 2013 во 13:12 ---
ја знаеш приказната за шкорпијата и жабата ?
ја молела шкорпијата жабата да и помогне да ја помини реката на што ова и одговорила дека не зошто може да ја касне, но по упорно настојување на истата жабата прифатила и на крај ја снашла грозната судбина на пола пат била касната, зошто ме касна шкорпијо нели се договоривме
-што можам да правам кога тоа ми е во природата
наравоучение не верувај во никого и секогаш биди спремен
плус практика е ова и на запад како што е практика и изневерувањето
Хах денеска човек самиот на себеси не може да си верува, така иде зборот, не може да верува на најблиската своја крв што му е а не пак на партнерот !
Денеска секој човек на човек му е волк, па и мажот на жената и обратно жената на мажот така да подобро на време да си се регулираат работите(во случај да нешто тргне наопаку-најдобро никогаш да не тргне секако но...) отколку потоа да удираш глава по ѕидови !
Сеуште постојат луѓе и машки и женски кои веруваат и живеат во бајките но работите во реалноста се далеку посурови ... 21-век, Капитализам, материјализам, интерес ... !
 
Член од
6 април 2005
Мислења
2.959
Поени од реакции
3.099
адвокат ми кажа дека во македонија имало закон за брак и семејство,и на судијата било одлуката дали ќе го земе предбрачниот договор во обзир.
во превод,ти можеш да си потпишеш,ама судијата може и има право да ти каже да се избришеш со тој договор во случај на развод.
 
N

NikolaMKD91

Гостин
Има уште една финта доколку еден од партнерите е против предбрачен договор, а ти упорно сакаш да го потпишете со цел да се заштитиш во случај на развод.

Едноставно ќе стапиш во брак без предбрачен договор, но со целиот твој движен и недвижен имот (станови, куќи, коли земјишта, заштеди и тн. ) на хартија префрлени на друго име, најчесто на некој близок од фамилијата ( мајка, татко, брат/сестра) во кого имаш доверба. Во случај на развод на ороспичето да му текне да те одере и да те остави без пола имот, нема да може. Затоа што немаш ништо вредно на твое име.

Незнам која е таа будала денес што би влегла во брак без предбрачен договор и препишано цело наследство на свое име. Љубовта е убава работа, ама не е вечна. Размислувајте со време да не лупате после глава во ѕид. Чиста сметка долга љубов. (y)

Би било добро некој од правниците на форумот да ни објасни како функционира предбрачниот договор тука во Македонија . :)
 
blue ladybug

Фанг ловер
Член од
5 февруари 2013
Мислења
5.210
Поени од реакции
11.803

Не сум правник, ама знам некои работи во врска со поделбата на имот во случај на развод.
Секој имот кој е стекнат за време на брак, се дели помеѓу двајцата брачни партнери. Без разлика што едниот седел дома или заработувал помалку од другиот. Се што е стекнато пред бракот, си останува на тој што е. Тоа што си го стекнал пред брак, не може да се дели на двајцата. Делењето на тоа што е заработено и купено за време на бракот, се дели во зависност од доказите кој колку придонесувал финансиски. Поделбата може да биде на пример 30 - 70.
 
Член од
17 февруари 2013
Мислења
575
Поени од реакции
481
Добро е човек да си фантазира за големи љубови,романтика и идеализирање на партнерот ама обично баш тие љуѓе стануваат жртви на своите партнери.Живејме во време кога на цена се интереси,квази либерализам и материјализам.Во последно време се дешаваат многу разводи баш поради работи шо ги спомнав погоре па затоа е најздраво човек да си направи предбрачен договор да не остани после на улица ко последен клошар!
 
F

FARANG

Гостин
Не сакаш да си газда денес на ништо што не мораш. Битно е контрола да имаш над нештата. Отвори си фирма некаде каде неможе да се провери кој е сопственик на фирмата. Се купивај на има на таа фирма. Ни роднини ни ништо не ти треба. Имај си тестамент за секој случај и тоа е што ти треба во куси црти
 
AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
5.905
Поени од реакции
11.245
Потпишување предбрачен договор не би требало да е проблем за сите што потпишуваат согласност пред матично дека се обврзуваат на брак со партнерот (потпис што можеш да го поништиш кога сакаш :facepalm:) а се прави big deal околу тоа, така да поентата е иста, папирологијата мора да покаже дека го сакаш партнерот и нема да го оставиш никогаш (иако како што напоменав може да го скинеш листот кога ќе ти прдне), но тоа е што е, современо општество, без потпис ни љубов не бива ;)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom