Како да се контролира умот од премногу размислување, грижење, замислување, внатрешен монолог-дијалог.
Последно време ептен сум исцрпен, сон не ме фаќа, многу во умот сум влезен. Преку ден размислувам и се грижам за работи што терба да направам, завршам, ги ставам како грижи и обврски, си зборам себеси за некои теории што како, или замислувам дека на некој му кажувам нешто за да му помогнам, па тоа што сакам него да му го кажам си го кажувам себеси уствари во умот, кога ќе легнам размислувам неповрзани работи, измешани мисли од тоа што сум видел и слушнал, ми се навраќаат ситуации со аудио и видео содржина, од збор до збор некој што рекол како на лента мозокот ми го емитира повторно, и дури го гледам реално како на филм, најверојатно се навраќам на случката со замислување во умот, многу непроспани ноќи, а и да заспијам сонувам сонови цело време, и се разбудувам од сон на секои сат, два. Насабајле кога ќе се разбудам се трудам да презаспијам ама пак ме фаќат мисли за нешто што сум правел или сакам да правам и после се крши сонот. Многу работи имам низ дома, непотребни материјални работи што сум ги купувал годините, што сум мислел ми требаат, а уствари не ги користам и сега што е најлошо тој clutter го чувам во мојата соба во која спијам, а не само јас и моите исто само купуваат материјални работи нон стоп, само трупаме, исто многу хобија, многу работи знам за се и сешто што сум учел преку годините, многу планови, книги што набавил, книги што сум пишел јас, потоа сум работел од дома исотвремено мултитаск за повеќе онлајн јобс, пре-многу теории и информации сум насобрал во умот, сето тоа придонесува што немам мир. Навика ми има влезено да си теоризирам во главата што треба, како, што не треба, да ги читам луѓето(нивниот говор на телото, движење, реакции) што мислат, што планираат и што ќе направат, или утврдување на причината зошто направиле одредена работа, па сега тешко е да се искорени таа навика.
Порано вложував труд и време за да го достигнам тоа знаење да бидам поинтелегентен, посупериорен и поуспешен, а сега жалам бидејќи мозокот одма ми дава одговори и инструкции за непотребни работи и ситуации.
Исто во умот можам да се навратам и на емоции, чуства, миризби, вкусови, само да замислам нешто од минатото и одма од ново го чуствувам, било вкусот и мирисот на некое јадење, пијалок, или ако сум доживеал пример некое чуство од некоја скорашна ситуација- страв, немир, возбуда или еуфорија, само што ќе се потсетам и тоа чуство ќе го чуствувам со часови.
Исто сум многу емотивен и чуствувам и емпатија за останатите луѓе.
Чуствувам напнатоста од главата кога си го тупам умот како по извесно време преминува во телото, тогаш ми е лесна главата ама телото ми е во тензија. На тој дел што ќе се фокусирам таму имам стегање и напнатост.
Од физички симптоми добивам анскиозност, стрес, напнатост, грчеви, болки во телото и органите, потење, блокирање на дишењето, болка и притисок во челото над веѓите
Најверојатно ја изгубив приземјеноста, развив повеќе некој дел од мозокот повеќе од нормално, и фокусот-вниманието ми бега во главата-предниот дел од мозокот па затоа многу ми ја тупам.
Последно немам сила за вечерни излегувања, шантам целиот, со сила се трудам да исдржам да не припаднам, кога ќе се вратам дома, не можам да заспијам, се тресам, главата ме боли, стомакот, преуморено и преисцрпено се чуствувам, како да сум на крајот од се
Што да применам за да ја сменам оваа навика, некој групен спорт(кошарка, фудбал), природа, работа во градина, хоби-занимација што не бара мислење, повеќе социјализирање, или да уништам, исфрлам и елиминирам сите непотребни работи низ дома што ми задаваат грижи