Прва трансплантација на глава

Член од
5 мај 2016
Мислења
1.330
Поени од реакции
854
Пред малку на телевизија на вестите објавија дека во 2017 год. ќе се изврши прва трансплантација на глава, поточно ке се пресади главата на русинот по име Валериј Спиридонов кој боледува од тешка болест, атрофија на мускулите,во инвалидска количка му поминува животот...човек кој е решен и посакува неговата глава да добие ново тело.
Дај боже да успее операцијата, но моабетот ми е дали е тоа почеток на новиот изглед на човекот, дали за неколку години ќе имаме можности поред сите овие бројни естетски операции да бираме и тело какво си замислуваме..каде е религијата, верата на вакви оперативни зафати, дали ова е повидок на вистинскиот др.Франкештајн?
што мислите за иднината на вакви монструозни операции,ги оправдувате или мислите дека нема да биде успешно сето ова најавено?
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.693
Поени од реакции
12.100
Некоја фантазија на некој кој гледал филмови. Така сложен функционален ненормално ускладен систем тешко во блиска да ќе направат. И со клонирањето имало многу проблеми камоли со ова
 

Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.077
Поени од реакции
19.888
Тоа си фантазира некој кој гледал филмови. Така сложен функционален ненормално ускладен систем тешко во блиска да ќе направат. И со клонирањето имаа многу проблеми камоли со ова
"Блиската еднина" веќе ја живееме. Не е фантазија, веќе е извршена успешна трансплатација на глава од мајмун.
 
Член од
5 мај 2016
Мислења
1.330
Поени од реакции
854
Некоја фантазија на некој кој гледал филмови. Така сложен функционален ненормално ускладен систем тешко во блиска да ќе направат. И со клонирањето имало многу проблеми камоли со ова
Искрено кажано, навистина делува морбидно, ама останува да ја дочекаме 2017 год.како велат, живи били па видели:)
 
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.092
Поени од реакции
15.953
Технички гледано би било поправилно да се нарече трансплатација на тело зашто сепак главата е референтна точка или барем би требало да се земе во предвид како таква како носител на целокупниот психички живот на човекот.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.693
Поени од реакции
12.100
"Блиската еднина" веќе ја живееме. Не е фантазија, веќе е извршена успешна трансплатација на глава од мајмун.
дали вилицата, очите, устата, дишните органи, екстремитетите итн итн...функционирале нормално? Ако прочиташ повнимателно (пошо сите вакви научници си прават пазар за нови проекти со милионски суми за резултати за кои по некое време се кажува дека се нефункционални или 99% ризични), пишува
According to Prof Canavero, the team led by Xiaoping Ren, connected the blood supply to prove that the animal could survive without suffering brain injury. They have not yet attempted to join the spinal cords so if the animal survived it would be completely paralysed.

Така, на почетокот беше Доли, но никој во јавност не кажува за последиците и за успехот од само 0.4%.
Е сега, ако ова го ставиш во контекст на темава т.е. го испробаш врз човек, нема втора шанса камоли 280 неуспешни обиди. Сеуште имаат проблем со пресадување на други витални органи. Пример пресадување на срце % на преживување е 50% за 10 години. А првиот нормален обид за трансплантација бил 60тите (пред 50 години). Затоа сметам дека за некое функционално пресадување тек на глава ќе почекаме бааги.
 
А

Атлантист

Гостин
Може вака да се продолжи животот, ? На стар да се пресади младо тело, ова ако се усвои и усоврши можни се разни злоупотреби. Иако и мозокот старее сепак да има младо тело некој си богаташ е повеќе од примамлива.
 
Член од
5 мај 2016
Мислења
1.330
Поени од реакции
854
Технички гледано би било поправилно да се нарече трансплатација на тело зашто сепак главата е референтна точка или барем би требало да се земе во предвид како таква како носител на целокупниот психички живот на човекот.
Главата на човекот е здрава а телото е нездраво и нефункционално, затоа се бара донатор со здраво тело...незнам само дали после операцијата која планираат дека би траела околу 36 часа, главата ќе се лепела за телото со некој специјален лепак, и после тоа пациентот е во кома 4 недели..незнам за што е толку долго тоа коматозно време ама што ке се случи после будење, дали ке памети се што било во минатото, сепак рбетен мозок треба да се спои....Инаку операцијата ќе чинела околу 7,5 милиони фунти.[DOUBLEPOST=1465408726][/DOUBLEPOST]
Може вака да се продолжи животот, ? На стар да се пресади младо тело, ова ако се усвои и усоврши можни се разни злоупотреби. Иако и мозокот старее сепак да има младо тело некој си богаташ е повеќе од примамлива.
Како што има злоупотреба, продавање на човекови органи, сигурно дека за некоја деценија и повеке ке има убиства и продажба на тела.
Ништо нема да не чуди, колку е напредната наукава и технологијата можно ќе биде се да се пресадува што е човечко.Ама каде е тука душата:(
 
Последно уредено:

Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.077
Поени од реакции
19.888
дали вилицата, очите, устата, дишните органи, екстремитетите итн итн...функционирале нормално? Ако прочиташ повнимателно (пошо сите вакви научници си прават пазар за нови проекти со милионски суми за резултати за кои по некое време се кажува дека се нефункционални или 99% ризични), пишува
According to Prof Canavero, the team led by Xiaoping Ren, connected the blood supply to prove that the animal could survive without suffering brain injury. They have not yet attempted to join the spinal cords so if the animal survived it would be completely paralysed.
Убаво си пишува која им била целта. Целта им била да проверат дали мајмунот може да преживее без да има повреди на мозокот. И преживеал. Овој русинот, ако не му направат операција има максимум уште некоја година живот. Така да, ништо не губи.

Инаку, пробале и на глувци. Еве што вели:
The papers also claim to have shown that spine fusion technology developed by Canavero ‘has a strong rationale’ and works in mice allowing them to recover motor function. The team claims that crucial nerve fibers regrew.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.693
Поени од реакции
12.100
Шо фино би било ако ова стане вистина. Кардашијан ја накалемиш на некоја ... :vozbud:
 

EDCer

No Kitty, this is my pot pie!
Член од
19 ноември 2015
Мислења
1.043
Поени од реакции
813
Ај бе, ова русите после (ако не и пред) 2ра светска војна којзнае колку вакви експерименти имаат правено, успешни или неуспешни. Нели имаше едно куче со 2 глави што направиле?
Башка сето тоа, ако ја спојат главата со рбетот, како ќе ја спојат со главниот/рбетниот нерв?
Ако ти се скрши рбетот (подолу од третиот пршлен мислам) пак остануваш жив/а, ама најголемиот дел од телото нема да можеш да го чуствуваш и движиш. Ако ја пресадиш главата и ако мозокот не се спои со главниот нерв (што верувам дека шансата на спојување е 0%) како ќе функционира телото?
 
Член од
31 октомври 2015
Мислења
215
Поени од реакции
143
Главата на човекот е здрава а телото е нездраво и нефункционално, затоа се бара донатор со здраво тело...
Идеален донатор би бил некој кој има загинато во некоја несреќа или нешто слично. Иначе не знам кој би сакал да биде донатор, единствено можи оние кои сакаат да извршат самоубиство.
 
Член од
5 мај 2016
Мислења
1.330
Поени од реакции
854
Идеален донатор би бил некој кој има загинато во некоја несреќа или нешто слично. Иначе не знам кој би сакал да биде донатор, единствено можи оние кои сакаат да извршат самоубиство.
Донатор ќе биде човек на кого му престанале само мозочните функции.[DOUBLEPOST=1465413406][/DOUBLEPOST]
Ај бе, ова русите после (ако не и пред) 2ра светска војна којзнае колку вакви експерименти имаат правено, успешни или неуспешни. Нели имаше едно куче со 2 глави што направиле?
Башка сето тоа, ако ја спојат главата со рбетот, како ќе ја спојат со главниот/рбетниот нерв?
Ако ти се скрши рбетот (подолу од третиот пршлен мислам) пак остануваш жив/а, ама најголемиот дел од телото нема да можеш да го чуствуваш и движиш. Ако ја пресадиш главата и ако мозокот не се спои со главниот нерв (што верувам дека шансата на спојување е 0%) како ќе функционира телото?
Па погледни го првото видео..а еве како изгледа Валериј..тој со нетрпение ја чека оваа операција..
 
Член од
1 мај 2015
Мислења
477
Поени од реакции
657
Ова е проба за пред јавност инаку зад завеса се работи во иднина да постојат киборзи и се отидени далеку на тоа поле, така да на богаташ повеќе би му се исплати да има компоненти од робот отколку од човек пошто е полесно за одржување и плус може да се надградат.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom