Прва светска војна (1914-1918)

парва

errorhead
Член од
12 јуни 2014
Мислења
3.358
Поени од реакции
19.190
Фан факти што ги знам за WW1.

- Прва војна у коју е употребено пламенофрлач, а и хемиско оружје,хлорен гас и иперит.Ваљда и радио врске.
- На западан фронт имало толко много бодљикава жица,од прилика около 120 пут да гу обвитка планету около екватор.
- Најголема детонација на динамит у
историју.У Францију, британски минери копале испод фронтову линију неколко месеца, прислушкувале ги германци и на крај поставиле динамит.Слушнало се дури у Лондон.
- Имало примирје за Божиќ, честитале си спротивни стране,разменувале си дури и поклони.Јутре па продужиле сс пуцање.Само млад Адолф бија протиф овој.
- Около 16 миљона коња биле употребени за транспорт.
- Пластична хирургија се раѓа у WW1.
- Около 1/3 од мртфи војници,умреле од Шпански грип.
- Регистрација на афто у кое е убиен Франц Фердинант е 111 118. Случајно или не, примирје е потпишано у 11:00 на 11.11.1918. у воз. У исти тј воз Франција потпишуе капитулацију у WW2.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.377
Поени од реакции
5.838

BBC со проект да се заинтересирале млади генерации за WW1 :D
Not bad. Кајзерот е врв, не знам само зошто е претставен како педерастичен, во рeалност бил искомплексирана будала ама не бил fruitlike :D
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
Ебати пристрасниот BBC, можеле бар 30 секунди на французите да им дадат, сепак се клучен фактор и дејуре и дефакто лидери на Антантата.
 
Последно уредено:
Член од
28 август 2013
Мислења
3.919
Поени од реакции
11.597
Член од
28 август 2013
Мислења
3.919
Поени од реакции
11.597
Имало околу него педери и бисексуалци, но за него не сум прочитал дека се дупел со мажи.
Имав некаде прочитано имал провод со тие луѓе по неколку дена во изолација. Дали разговарале за ситуацијата, дали правеле воз, дали тој бил локомотива не се знае :D
 

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.823
Поени од реакции
6.346
Имав некаде прочитано имал провод со тие луѓе по неколку дена во изолација. Дали разговарале за ситуацијата, дали правеле воз, дали тој бил локомотива не се знае :D
А зошто имаш ти толку читано за таа тема и што толку ти ја копка имагинацијата? :D
 
Член од
28 август 2013
Мислења
3.919
Поени од реакции
11.597
А зошто имаш ти толку читано за таа тема и што толку ти ја копка имагинацијата? :D
Па за прва светска војна беше тематиката и имаше мала биографија за сите лидери.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
Фино човече бил, ама ептен имал трауми и фрустрации од детството, цел бил искривен и исклинчен, видете ги сликите, никаде не му се гледа едната рака.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.377
Поени од реакции
5.838
Имав некаде прочитано имал провод со тие луѓе по неколку дена во изолација. Дали разговарале за ситуацијата, дали правеле воз, дали тој бил локомотива не се знае :D
Не е невозможно, но оргии и декаденција биле присутни по сите кралски и царски дворови.
Чудно е што избрал да мери полов орган со Ројал Нејви така да при крај на 19.век излегува со идеја дека Германија е индустриски доволно јака за да го преземе приматот на поморска сила бр.1 во светот. Мислам, сериозно...
Држел говори на тој план и организирал Поморска Лига, организација во која народот доброволно финансира градење на бродови. Тука треба да даде мислење сериозен психијатар, самата идеја била крајно сулуда.

Во тоа светло, трката во вооружување помеѓу Ројал Нејви и Хохзефлоте (Флота на отворено море) се смета за уште еден фактор кој допринел за старт на WW1.
Британците во 1906 го лансирале епскиот Дреднот, прв капиталец боен брод со унифицирано главно вооружение. Според него понатаму, за да се разликуваат од тогогашните бојни бродови, сите нови бојни бродови со унифицирани топови се нарекуваат Дредноти. Парадоксално е што Британија со тоа ја направила и својата флота од 50+ бојни брода = застарена преку ноќ :D
Германците одговориле со лансирање на 4 дредноти наредна година и покрај тоа што немале турбина сеуште туку погон добивале од клипни машини со тројна експанзија на пареата (за споредба, Титаник имал комбо погон со две такви машини и една турбина).

Британија имала поморска политика на Стандард на две сили. Тоа значело дека на бројчан план, Ројал нејви мора да има повеќе капиталци од било кои две морнарици во светот = земени заедно (во моментот на донесување на таа одлука тоа биле Франција и Русија).

Треба да го консултирам Конвејс, поморската библија за да видам реални цифри на бродови. До почетокот на WW1 сепак Ројал Нејви доаѓа до голема предност по број 43-26 во капиталци-дредноти.
Иако капиталците пред-дредноти биле побројни во светот при избивање на ратот.

Главна стратегија, ако може така да се нарече била "Идејата на Ризикот", односно една огромна поморска битка во која Германија ќе ја уништи главнината на Ројал нејви. Таа битка и ќе се случи, но исходот нема да биде онаков како што Кајзерот очекувал. На крај подморниците се покажале како најдобра инвестиција...

Како што одлично и детално објасни @Beric Dondarrion во темата за WW2 и тука, чак и во поморството е присутна таа Пруска нишка која се базира на фрлање на сите капиталци врз главната британска флота наречена Великата Флота од авг.1914. Освен Јитланд, таа идеја се појавува и во окт.1918 (!?) од страна на Адмиралот Шер, но тогаш е веќе касно и избиваат побуни на буквално сите капиталци во Хохзефлоте, никому не му се гине повеќе.
 
Последно уредено:

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.068
Поени од реакции
78.290
оф топик, али да се надоврзам
Не е невозможно, но оргии и декаденција биле присутни по сите кралски и царски дворови.
Чудно е што избрал да мери полов орган со Ројал Нејви така да при крај на 19.век излегува со идеја дека Германија е индустриски доволно јака за да го преземе приматот на поморска сила бр.1 во светот. Мислам, сериозно...
Држел говори на тој план и организирал Поморска Лига, организација во која народот доброволно финансира градење на бродови. Тука треба да даде мислење сериозен психијатар, самата идеја била крајно сулуда.
Таа неостварена желба им е, цело време. Заљубенст у флоти. Они сироти се копнена земја, никад не развивале флоти и ова им е како некаков неостварен сон. Тука лежи и една од причините на толерантниот однос на Хитлер кон Мусолини и Италија. Таа италијанска флота, каква што Германците немале тогаш.
Има една интересна приказна околу ова (ќе пишам некогаш), за нацистичкиот Титаник (копија на вистинскиот) и за филмот во кој е употребен тој брод. Филм за Титаник, кој ќе ја претстави пред целиот свет капиталистичката пропаднатост, морална и секаква, како причина за несреќата.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.377
Поени од реакции
5.838
оф топик, али да се надоврзам
Таа неостварена желба им е, цело време. Заљубенст у флоти. Они сироти се копнена земја, никад не развивале флоти и ова им е како некаков неостварен сон. Тука лежи и една од причините на толерантниот однос на Хитлер кон Мусолини и Италија. Таа италијанска флота, каква што Германците немале тогаш.
Има една интересна приказна околу ова (ќе пишам некогаш), за нацистичкиот Титаник (копија на вистинскиот) и за филмот во кој е употребен тој брод. Филм за Титаник, кој ќе ја претстави пред целиот свет капиталистичката пропаднатост, морална и секаква, како причина за несреќата.
Пиши коа ќе можеш за тоа :)
Географската специфичност на Прусија (која немала флота воопшто во наполеонски ратови) па и подоцнежната Германија, и покрај некогашните искуства со Ханза, биле затворени во јужен дел на Сев.Море или Балтик, лесни се за поморска блокада. Дури и самата битка кај Јитланд/Скагерак е нешто случајно кое се случува поради еден дански трговски брод, ниту Ројал Нејви ниту Хохзефлоте биле испловени со главнина за да се сукобат туку на маневри/патрола. Германците потопуваат 6 капиталци на британците, 3 бојни и 3 оклопни крсташи по цена на 2 свои, 1 боен крсташ и 1 боен брод. Но тоа не е ниту 3% од британската морнарица така да останува статус кво или како што некој забележал, Германија го нападна чуварот на затворот, но остана затворена.
 
Последно уредено:
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.377
Поени од реакции
5.838
За појаснување околу поморските борбени средства, ова важи и за двете светски војни :

1859-1940 Бојниот брод е кичма на флотата и основен фактор на поморската моќ.
После 1940 и британскиот напад на Таранто таа улога ја превземаат носачите на авиони.

Најзначајните класи на бродови се нарекуваат "капиталци" поради своето борбено значење. Бојниот брод се дели на 4 подврсти и тоа - ББ предреднот 1880-1914 со тонажа 10-16.000 тони вооружување обично од 4 тешки топови (280-457мм), ББ полудреднот 1898-1914 14-20.000 тони, 4 тешки (280-457мм) и 4-12 полутешки топови (190-254мм), ББ дреднот 21.000-30.000 тони (8-12 топа 280-305мм) и ББ супер-дредноти 30.000-73.000 тони (8-16 топа 340-460мм).
Оние постарите 1859-1880, без куполи, се реликти кои одамна се рециклирани, освен Отоманите кои ги употребуваат сеуште во балкански и прва светска, мислам дека и Австроугарија држи неколку прастари, наречени Оклопници за брегова одбрана.

Грција пример, во 1914 купува 2 полудредноти од САД кои се потопени 1941 од страна на германска авијација на Крит или кој беше остров.

Освен ББ тука се и нивните браќа, бојните крсташи кои на изглед се исти со ББ но имаат потенок оклоп и поголема брзина, овие бродови играат можеби и позначајна улога во WW1 и од самите ББ.
На крај ги имаме оклопните крсташи кои претходат на тешкиот крстосувач од интербелумот и WW2, големи бродови 8-17.000 тони и 4-12 топови 190-254мм, солидна заштита и брзина поголема од онаа на ББ.
Тешкиот крстосувач се кристализира околу 1917-18 во Британија (а каде инаку) кога започнуваат да градат брод со должина на рандом ББ но со многу послаб оклоп, голема брзина и унифицирана главна артилерија од 190мм подоцна 203мм (Вашингтонски договор 1922).

Тактиката сеуште била слична од времето на едрениците:angel:, линија на бојни бродови кои се борат против спротивната линија на 10-15км меѓусебна далечина а побрзите бојни крсташи се на крилата и маневрираат по потреба. При торпедни напади од страна на разурнувачи, линијата се дели на претходно организирани дивизии по 3-4 ББ кои се движат вон линија за да избегнат торпеда.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom