Прва светска војна (1914-1918)

Не се вознемирувај , во таков свет сега живееш, 98% не ни сватиле за што пишуваш.Кога веќе спомна за личните судбини на морнари и офицери, би било интересно да се спомне и судбината на бродовите учесници во битката. И таа е многу интересна.

Освен потонатите и оние кои од потонување ги делеле минути како Лајон кај Ројал нејви или Зајдлиц кај Хохзефлоте, секој брод од тие кои учествувале има своја судбина во оваа битка во која немало неактивни единици.
Пример БК Молтке на некој да не речам натприроден начин успева да се извлече под дожд од гранати и да вплови во Куксхафен со миминални оштетувања.

Инаку некои сметаат дека Јитланд ќе биде крај за бојните крсташи како концепт, но тоа нема да биде така. Од планираните британски крсташи од класата Худ (по името на покојниот адмирал кој загинува во оваа битка) ќе биде изграден само 1 од 4 но тоа е последица на Вашингтонскиот договор од 1922 кога се договараат услови кои ќе важат 10 години со што ќе биде спречена нова трка во поморско вооружување.

Худ како и Фјуриос, Корејџс и Глоријус ќе бидат изградени пост-Јитланд но подоцна ќе бидат преградени во носачи на авиони.
Рипалс и Ринаун ќе бидат одложени со цел да се имплементираат поуките баш од оваа битка, а тоа е вклопување на овие бродови во новата шема "се или ништо" при што деловите на бродот кои се критични добиваат максимален можен оклоп а деловите кои не се добиваат минимален, ако и воопшто во некои случаи.

Германија го завршува Макензен иако проектот е од пред Скагерак, а подоцна доаѓаат версајските 3 БК од класа Дојчланд а тука се и Шарнхорст и Гнајзенау, класични бојни крсташи кои ќе се прослават со "спринтот преку каналот" во 1943.
Франција ги гради Данкерк и Стразбур како одговор на германските БК, САД после договорот се откажува од 6-те БК од класа Лексингтон за да два од нив бидат завршени како носачи, Јапан ги суспендира Атаго и Такао заедно со проекти за вкупно 8 БК, СССР гради два БК од класа Кронштат.

Во WW2 БК ќе имаат прилично активна служба, можеби поголема од самите ББ.
 
Освен потонатите и оние кои од потонување ги делеле минути како Лајон кај Ројал нејви или Зајдлиц кај Хохзефлоте, секој брод од тие кои учествувале има своја судбина во оваа битка во која немало неактивни единици.
Пример БК Молтке на некој да не речам натприроден начин успева да се извлече под дожд од гранати и да вплови во Куксхафен со миминални оштетувања.
Има и една занимлива приказна за челикот кој отишол на дното. Голем дел од него е изваден ,продаден од Англија на Германија во неколку наврата и завршил во тамошните челичани ....Пред години читав доолга сторија за тоа, се спомнуваа конкретни бродови.
 
На денешен ден пред 104 години завршила првата светска војна.
Во 11часот и 11 минути, на 11-от ден од 11-от месец на 1918 потпишано е примирјето.
Со 21 милион мртви и 50+ милиони ранети, осакатени, заробени и полудени оваа војна е на трето место по број на жртви во историјата.
Влијанието на прва светска останува актуелно до денешен ден.
 
На денешен ден пред 104 години завршила првата светска војна.
Во 11часот и 11 минути, на 11-от ден од 11-от месец на 1918 потпишано е примирјето.
Со 21 милион мртви и 50+ милиони ранети, осакатени, заробени и полудени оваа војна е на трето место по број на жртви во историјата.
Влијанието на прва светска останува актуелно до денешен ден.
..практично уште трае...Втората беше само сезона 2, а еве на праг е четвртата сезона .... ;)
 
Наидов на информација дека краљевина Србија изгубила 1,3 милион луѓе во првата светска, далеку најмногу од сите земји од обата блока пер капита. Од 707 илјади мобилизирани загинале 410 К војници. Тоа се 6/10, стравична цифра. Во кукавичкиот збег преку Албанија 260К војници и цивили.
Освен Камбоџа под Пол Пот и Парагвај под Алфонсо Лопез не постои такво мреење низ историјата.
Но треба да се знае дека загубата на 3/4 младо машко население и 9% од жителите како трајни инвалиди кои биле оставени да питачат по улици, се остварила само и само поради српскиот национал-шовинизам. Победувајќи во двете балкански војни, српскиот сон за велика Србија тотално подивеал при што српскиот народ бил спремен за обрачун со АустроУнгарија од кои планирале да ја освојат Босна плус Книнска крајина.
И така србите на бранот на национал-шовинистичката струја, аздисани поради победите во балканските војни тргнале во војна која ќе го повлече цел свет. Тајната организација млада босна била финансирана и подржувана од самата српска држава и со помош на искусни убијци и атентатори од црна рука, србите удриле на Франц Фердинанд осеќајќи се бескрајно јаки.
4 години подоцна и без 1/3 од населението, морале да влезат во унија со хрвати и словенци наместо да имаат голема србија за која умирале масовно во ратот.
Србувањето било ставено на стенд бај за време на Тито но тоа само тлеело, па така со манифестот на САНУ од 1986 стартувал нов бран на националистичко лудило кое ќе кулминира 1991-95. Изгледа дека во основата на српскиот колективен идентитет се вградени тешките порази кои се доживуваат како нешто големо, величанствено, моќно. После тоа следи србовање и така...до наредната војна.
 
Lol, елементарно непознавање на основни факти.

Србите биле хегемони во таа земја. Другите народи се тие кои морале да влезат таму, а Србите биле главни.
Многу поглавни отколку во СФРЈ.
 
Back
На врв Bottom