Прашање по Хемија

W

WildChild

Гостин
Здраво.
Не ми е јасно кога се пишува „д“, „т“, „ат“, „ит“ и т.н. на крајот од знакот на супстанцата. (на пр. „калциум карбонат“, „Магнезиум хлорид“ и т.н.)

Доколку некој ми објасни би му бил преблагодарен :)
 
Член од
31 мај 2011
Мислења
1.424
Поени од реакции
789
Здраво.
Не ми е јасно кога се пишува „д“, „т“, „ат“, „ит“ и т.н. на крајот од знакот на супстанцата. (на пр. „калциум карбонат“, „Магнезиум хлорид“ и т.н.)

Доколку некој ми објасни би му бил преблагодарен :)
Па според индексот на супстанцата се гледа дали е со ид, ад, ат и др :)
 

King B

Bears. Beets. Battlestar Galactica.
Член од
24 јануари 2011
Мислења
1.801
Поени од реакции
4.076
Туууу, прва година средно >_>
Колку што ми текнува, основниот киселински остаток се учеше напамет (пр. за S, основен е SO4, за Cl основен е ClO3) и зависно од бројот на O атоми се менуваа наставките. Основна наставка е -ат, со еден атом на кислород помалку е -ит.

____________I___II_________________________II__II
SO4 сулфат - H2SO4 - сулфурна киселина / ___MgSO4 - магнезиум сулфат
SO3 сулфит - H2SO3 - сулфуреста киселина / _MgSO3 - магнезиум сулфит

____________I___I__________________________II___I
ClO3 хлорат - HClO3 - хлорна киселина / _____Mg(ClO3)2 - магнезиум хлорат
ClO2 хлорит - HClO2 - хлореста киселина / ___Mg(ClO2)2 - магнезиум хлорит

____________I__I__________________________II___I
NO3 нитрат - HNO3 - азотна киселина / ______Mg(NO3)2 - магнезиум нитрат
NO2 нитрит - HNO2 - азотеста киселина / ____Mg(NO2)2 - магнезиум нитрит.

*магнезиумот е двовалентен
*водордот е едновалентен

Валентноста на киселинскиот остаток се дознава преку неговата киселина (очигледно).

Валентноста на водородот е секогаш I, а помножена со неговиот индекс во киселината го дава производот од валентноста и индексот на киселинскиот остаток. Тоа значи, ако во сулфурната киселина (едновалентиот) водород е застапен со два атоми (H2SO4) [[индекс 2 по валентност 1 = 2]], тогаш валентоста на SO4 групата (застапена со еден атом) ќе биде 2 поделено со 1(бројот на атоми на SO4 во киселината) = 2
Така дознаваш дека киселинските остатоци на сулфурот се двовалентни, и тоа ќе го применуваш кога ќе градиш соединенија со други елементи :) Пример, магнезиумот е елемент со фиксна валентност, односно секогаш е двовалентен (II), значи формулата на магнезиум сулфат ќе биде MgSO4 (и Mg и SO4 групата се двовалентни, и двата ќе имаат ист индекс 1)
Истото важи и за хлорните јони, и за азотните, и карбонатните..... Со тоа што ќе внимаваш на валентноста што ја има киселинскиот остаток во неговата киселина, ти објаснив како да ја најдеш погоре, не го заборавај тоа :) Независно од О атомите во остатокот, дали е -ат, -ит или -ид, сите јони на дадениот елемент имаат иста валентност во киселина... (Сите SOx јони се двовалентни, сите ClOx јони се едновалентни итн..)

Посликовито неможев -.-
Се надевам ти помогнав♥
 
К

Кнез Мишкин

Гостин
Браво бе, Dreamcatcher секоја чест, знаеш дека има многу луѓе што студираат хемија, а ова не го знаат. :)
Секоја чест.
 

Biljbilj08

1987
Член од
19 ноември 2011
Мислења
698
Поени од реакции
312
Здраво
Ми треба по хемија да напишам по еден пример за сите овие:
-хемиски формули
-хем.симбол
-хем.равенки
-определување на валентност на елемент
-атомски број, изотопи, изобари, масен број
-оксиди, киселини, хидроксиди, соли

Ако ми напишете бар по еден пример за дел од овие или доколку ви оди хемијата па да ги знаете сите ве молам да ми напишете, би ви бил многу благодарен:)
 

Плавиот^

London is blue!
Член од
3 октомври 2011
Мислења
930
Поени од реакции
1.462
Здраво
Ми треба по хемија да напишам по еден пример за сите овие:
-хемиски формули
-хем.симбол
-хем.равенки
-определување на валентност на елемент
-атомски број, изотопи, изобари, масен број
-оксиди, киселини, хидроксиди, соли

Ако ми напишете бар по еден пример за дел од овие или доколку ви оди хемијата па да ги знаете сите ве молам да ми напишете, би ви бил многу благодарен:)
Teмава во наука&технологија :pos:
Батко ова ти е за двојка, али ај, ме начека расположен.

Хемиска формула: H2SO4 (сулфурна киселина)
Хемиски симбол: N (азот)
Хемиска равенка: 2Mg + O2 = 2MgO Mg = II валентен, О = I vвалентен
Определување валентност: Аl2O3 O ти е секогаш II, што значи 3х2 / 3 = 6/3 = 2 Аl ти е II валентен.
Атомски број: Број на протони ти е тоа. Во периоден систем имаш. 7N (dole s episuva)
Изотопи и изобари не ми текнува шо беа.
Масен број ти е протони/електрони + неутрони. Ако имаш 17 протони, а 18 неутрони. 35 ти е масен број.
Оксид CO2 - jaglerod dioksid.
Киселина: H2SO3- сулфуреста (не сулфурна)
Хидроксиди: NaOH - натриум хидроксид
Соли: CaCO3 (калциум карбонат)
 

Biljbilj08

1987
Член од
19 ноември 2011
Мислења
698
Поени од реакции
312
Епа за двојка ми треба за крајна оцена ке одговарам, да поправам иначе фала за ова
 

Andrew

ќ
Член од
27 октомври 2011
Мислења
5.832
Поени од реакции
15.261
Епа за двојка ми треба за крајна оцена ке одговарам, да поправам иначе фала за ова
нема шанси за тројка ?
дај бре крај е можда ќе пушти срце ;) научи добро и цели на три (y)
 

Biljbilj08

1987
Член од
19 ноември 2011
Мислења
698
Поени од реакции
312
нема шанси за тројка ?
дај бре крај е можда ќе пушти срце ;) научи добро и цели на три (y)
и јас би сакал за тројка ама имам цел лист едно 30 прашања и задачи за 2ка што треба да ги одговарам, така да за 3ка малце потешко:)
 
Член од
18 март 2011
Мислења
60
Поени од реакции
12
шо да речам нели поставувас прашања од ваков калибар.... со лесно :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom