Сите одговори ти се библијатати дадов и посочив таму и за недела - сабота и за обрежување и за закони и за вечноста на божијот збор
кој и да е одговор - во библијата е
И секташите велат НИЕ САМО ОД БИБЛИЈАТА СЕ ВОДИМЕ па што заедничко со Библијата немаат освен што ја злоупторебуваат.A еве ти за неделта,да читаш и ти и сите овие окултисти кои пара-нормално ја разбирате Библијата.
Во четвртата заповед, под „ден за одмор“ се разбира „неделата“, а и сите други празници посветени на Бога, на Пресвета Богородица и на светиите. До Христовото воскресение саботата била ден за одмор, a пo воскресението Христово, христијаните започнале неделата да ја празнуваат како ден за одмор и во тој ден да се собираат на молитва, како што пишува во Светото писмо. Современите еретици - сектите, односно саботарите, се изјаснуваат против празнувањето на неделата како „ден Господов", ден посветен на Бога. Тие ја празнуваат саботата и тоа според еврејскиот обичај. Иако знаат дека еврејските првосвештеници и старешини Го убија Господа Исуса Христа, затоа што не ја празнуваше саботата, тие, сепак, се на страната на Христовите убијци и се против Христа. Бог не наредил да се празнува саботата, туку седмиот ден да биде ден за одмор. Сабота (сабат) е еврејски збор и значи одмор. За нашата душа вистински одмор е оној ден кога Господ Исус Христос воскреснал од мртвите, ја победил смртта и ни дарувал вечен живот, а тој Голем Ден - Велигден - Ден на воскресението е неделата. Неделата се празнува како седми ден, по секои шест работни дена, седмиот е празникот, но не како последен ден од седмицата, туку првиот ден од седмицата, во кој воскреснал Спасителот наш Господ Исус Христос и затоа во црковнословенскиот и рускиот јазик, овој ден се вика „воскресение", а на грчки јазик „Господов ден", денот што му е посветен на Бога. Неделата е денот кога воскреснал нашиот Спасител Господ Исус Христос и со Своето воскресение ја победил смртта и го завршил делото на спасението на луѓето. Затоа се вели дека „секоја недела е Велигден" и затоа Велигден секогаш е во недела. Во недела се случило и првото Христово јавување на апостолите по воскресението, како и слегувањето на Светиот Дух врз апостолите, па затоа и Духовден секогаш е во недела. Затоа, неделата станува празник за верниците во Црквата Христова. Се спомнува ли во Светото писмо за празнувањето на неделата?
Во Светата Библија, во книгата Дела на светите апостоли се вели; „Во првиот ден од седмицата, кога се беа собрале учениците за да прекршат леб", т. е. за извршување на Светата тајна Евхаристија (Дела 20, 7), значи се собирале во неделен ден на богослужение и ја празнувале неделата. Дали во зборовите од четвртата Божја заповед, спомнувајќи си за „денот на одморот", се подразбираат и други денови за празнување? Да. Како што во Стариот завет под сабота се разбирале и други празнични денови, востановени за празнување, или за пост, како на пример, празниците: Пасха, Очистување и др., така и во Новиот завет, со оваа Божја заповед се опфатени и празнувањата на сите христијански празници и пости. Христијаните уште од најстари времиња ги прославувале најважните настани од животот на Господа Исуса Христа и Пресвета Богородица. Така се востановиле и првите црковни празници. Потоа, почнале да ги празнуваат и деновите на светиите, коишто биле луѓе во сé исти со сите луѓе, но со својот побожен живот, непоколебливата вера и добрите дела го здобиле блаженството и славата на светоста. Сите празници во Православната Црква се поделени на: Господови, Богородични, светителски и празници на ангелите и крстот. Во празничните денови Го прославуваме Господа, Мајката Божја и светиите. Позначајни православни црковни празници се:
■ВЕЛИГДЕН - Воскресение Христово. Тој е Празник над празниците.
■Дванаесет големи празници: Господови празници: • Рождество Христово (Божик), • Богојавление (Водици), • Влегувањето на Христа во Ерусалим, (Цветници), • Вознесение Христово (Спасовден), • Педесетница (Духовден), • Преображение Господово и • Воздвижение на чесниот крст (Крстовден)
. ■ Богородични празници: • Раѓање на Пресвета Богородица (Мала Богородица), • Воведение на Пресвета Богородица во храмот (Пречиста), 26 • Сретение Господово, • Благовештение (Благовец), • Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).
■ Празници кои не се вброени во дванаесетте големи празници: • Обрезание Господово, • Велики Петок (ден на страдањата и смртта на Господа Исуса Христа), • Покров на Пресвета Богородица, • Раѓање на свети Јован Крстител (Иванден), • Светите апостоли Петар и Павле (Петровден), • Отсекување на главата на свети Јован Крстител.
■ Светителски празници: • Свети Климент Охридски • Свети Наум Охридски, • Свети Кирил и Методиј, • Свети пророк Илија (Илинден), • Света Петка (Петковден), • Свети Никола (Николден), • Свети Ѓорѓи (Ѓурѓовден), • Свети Димитриј Солунски (Митровден), • Собор на Свети Архангел Михаил (Арангеловден) и уште многу други. Како треба да ја празнуваме неделата или празниците, односно деновите посветени на Бога? Четвртата заповед вели во тие денови да не работиме, во смисла, да не ги вршиме секојдневните работи за да не се оттргнеме од богослужбата, односно од служењето на Бога во тие денови. Значи, во недела и во празник треба да отидеме во црква на богослужба, да посветиме грижа за душата, оти сите други денови работиме, главно, за телото, еве, тогаш е можност еден ден од седмицата да и дадеме особена предност на душата. Б
ез грижа за душата човекот духовно овенува и се суши. Затоа, во тие денови, треба духовно да се поткрепиме и да се освежиме, а тоа значи, да појдеме в црква на богослужение, да се помолиме на Бога, да ја читаме Библијата и други книги со душекорисна содржина. Во недела или празник треба да мислиме повеќе за Бога, да зборуваме за Бога, да водиме побожни разговори, да појдеме на посета кај болните и затворениците, да им помогнеме на немоќните, старците и сиромашните и да правиме и други добри дела. Ете, тоа значат зборовите: „тој ден посвети го на Господа твојот Бог". Се разбира, овие побожни дела можеме да ги правиме и во работните денови, ако не бидеме спречени од секојдневните животни обврски, грижи и проблеми, но затоа, пак, Бог ни ги дал неделата и празниците и со заповед ни одредил тие дни да ги посветиме на молитвата и на добрите дела. Ако постапуваме според оваа Божја заповед и ако ја исполнуваме правилно, тогаш, празнувајќи ја неделата со молитва кон Бога и со добри дела кон луѓето, ние ќе ја крунисаме со добро седмицата што изминала и ќе се чувствуваме духовно радосни - блажени. Само со од Бога благословена работа се постигнува потребното и тоа ни прави духовно задоволство и пријатни чувства, па ни служи за телесна и душевна корист. Така, честопати работењето во недела или во празник на луѓето им донело казна од Бога или пак, од сработеното во тој ден, место корист се добило штета
.