Вие можете и за пилот да го прогласите, али тоа не значи дека ќе умее да управува со авион
Кај христијаните што се придржуваат до Библијата (т.е. протестантите) тоа не е така. Протестантите го насочуваат детето кон верата во Бог,
но не го прогласуваат за христијанин, ниту го крштеваат, се додека тој/таа не созрее и самостојно не си поверува и самостојно не изрази желба да се крсти. Доколку одлучи дека тоа не е за него/неа, не му следува никаква казна. А и доколку поверува и се крштева и после некое време се премисли и поверува во некоја друга вера, филозофија, идеологија итн. повторно не му следува никаква казна, ниту смрт, ниту бесење, ниту прогонство, ниту исклучување од фамилијата.
Ете тоа значи слободна воља, слободна вероисповед, тоа значи во верата да нема присила. Ете тоа значи слободен човек.