Дали е вистина дека е забрането да се чуваат слики? И какви се дозволени? И дали цртањето и создавањето на нешто што личи на нешто создадено од Бог е харам?
Кога се зборува за слики и сликање,прашањето се дели на 2 потпрашања.
- слики или кипови кои човек ги црта/прави.
- слики,сликани со фотоапарати,телефони итн итн.
За првите е основа дека се харам,како за чување така и за бесење на зидови,поставување во комоди итн итн,овде зборуваме за слики кои содржат човечки или лик на животни,птици,значи се она што има душа.
Додека слики на џамии,итн итн се дозволени.
Се пренесува веродостоен хадис од Аиша р.а. која вели:
На еден прозорец закачив завеси на кои имаше слики(се мисли на слики со ликови),па кога го виде тоа Пратеникот а.с. ги тргна и му се измени лицето и ми рече: Аиша,оние кои ги прават овие слики на Судниот ќе бидат казнети и ќе им биде речено: Оживејте го тоа што сте го створиле.
Во друг хадис,Мухаммед а.с. вели:
Мелеците не влегуваат во куќа во која има куче или слика.
Хадисите јасно укажуваат на забраната за бесење,поставување на слики,а камо ли нивно цртање и стварање како што е вајањето на скулптури,споменици итн итн.
...........................
Додека пак,за втората ситуација за сликите сликани со фотоапарати,или сликите што се поставуваат по социјалните мрежи има разединување помеѓу учењаците.
Има учењаци кои се со став дека е забрането да се сликаат и поставуваат слики,освен за оние слики за кои има потреба,како што се сликите за лични документи.
А има и учењаци кои ги дозволуваат,но и тука со неколку услови,значи да биде некоја потреба,да не се претерува,да се пристојни итн итн, бидејќи не спаѓаат во првата група на слики кои се цртаат итн итн.
Како и да е,денеска сме искушани со оваа ситуација,социјални мрежи,итн итн
Па најдобро е да се избегнуваат,барем оние слики кои ги бесиме по дома кои се изработуваат и се бесат по зидови,ставаат во комоди итн итн.