Прашања за Исламот III

Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
1. Дали самоубиството е смртен грв во Исламот?

2. Таканаречените Алахови маченици, кои се самоубиваат, најчесто со бомби, и со себе повлекуваат уште еден куп недолжни и невини немуслимани, својата инспирација ја црпат директно од Куранот?
- Ако е од Куранот, може ли да се постира тој дел?
- Ако не е од Куранот, тогаш која секта го практикува тоа, за која цел и од кога почнува да бива актуелно истото?
 
Член од
12 април 2010
Мислења
1.602
Поени од реакции
890

29. И самите себеси не се убивајте! Аллах е навистина Милостив кон вас!
30. Тој што тоа неправично и насилно ќе го стори,Ние во Огнот ќе го фрлиме, бидејќи тоа за Аллах е лесно.(сура Ен-Ниса,29-30).

Самоубиството во исламот е голем грев,дури и поголем од тоа да убиеш некого.
Некои исламски учењаци дури и велат дека таков човек не се закопува на исламски начин.
Има уште многу хадиси кои говорат за грешката која ја прават тие што се самоубиваат.
Поздрав.
--- надополнето: 4 февруари 2013 во 19:55 ---

А за причините веќе реков во претходните теми,и тебе да ти дојдат американците,енлгезите и слични да те бомбардираат за човекови права,и да ти ја убијат фамилијата,и ти би се замислил што би правел :)
 
За првиот дел - благодарам за одговорот.

Вториот ми личи некако на одбегнување на одговорот.

Како си го оправдуваат себе си таквиот смртен грев, таквите маченици, имајќи предвид дека е толку јасен ајетот во Куранот, кој ти го наведе?

Со што се погазува овој ајет, за де со дојде до саканата цел?

Прашувам чисто од религиски аспект, како ова некој го пласира?
 
Veruvaj mi deka i jas ne znam kako se opravduvaat sebesi od religiski aspekt.Jas ti ja kazuvam najlogicnata pricina spored mene.
se izvinuvam za latinicata,nemam mk podrska momentalno.
 
SHANE

Др.Акула
Член од
30 април 2008
Мислења
1.453
Поени од реакции
853

Лоботомирани се...Не се оправдуваат и не се оправдани во никој случај.Нема оправдување за таков потег.Нивното самоубиство е типично неверување во Аллаховите возвишени зборови.Да не дојде до забуна,тие се неверници
 
Член од
9 октомври 2012
Мислења
763
Поени од реакции
1.018
2. прашање , првото уште не ми е одговорено - Дали кај муслиманите има престапни години?
3. прашање, дали е вистина дека доколку да речеме некојси мулиман правел гревови , извршил убиство и ако пости 2 години константно по ред , сите гревови дотогаш ке му се простат?
 
2)Во исламскиот(хиџретски) календар нема престапни години.Се работи за лунарен календар од 12 месеци кој траат 355 дена.Секој месец започнува со месечевиот срп после фазата на млада месечина.

3)За да му биде опростено не се бара откуп за неговиот грев,туку искрено барање опрост(теуба) од својот господар(А можеби Аллах џ.ш ќе му прости,Аллах е милостлив и простува).
 
Член од
12 април 2010
Мислења
1.602
Поени од реакции
890
3. прашање, дали е вистина дека доколку да речеме некојси мулиман правел гревови , извршил убиство и ако пости 2 години константно по ред , сите гревови дотогаш ке му се простат?
Постот 2 години по ред нема никава вредност онака како ти го постави прашањето,бидејќи човек може да пости 2 години по ред,а срцето и понатаму да остане прљаво.
Ненавраќање на истиот грев,правење добри дела(Добрите дела навистина ги поништуваат лошите. Тоа е поука за тие што сакаат поука;
сура Худ,114),редовно обавување на молитвата се само едни од знаците на искрено покајување,а само Бог знае дали е тоа искрено,и дали ќе му биде простено.
--- надополнето: 5 февруари 2013 во 03:45 ---
Лоботомирани се...Не се оправдуваат и не се оправдани во никој случај.Нема оправдување за таков потег.Нивното самоубиство е типично неверување во Аллаховите возвишени зборови.Да не дојде до забуна,тие се неверници
Брат,нема оправдување во никој случај се слагам,но бидејќи тоа сигурно не е куфр,да не дојде до забуна,тие НЕ се неверници,нема да најдеш доказ дека тие луѓе треба да се текфират.
Едноставно,ние нити ги оправдуваме,нити ги подржуваме,нити за тоа имаат потпора во Исламот,а Аллах ќе им суди.
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.920

Ако сакаш брат појаснување за болдираните зборови. Што значат?

Имам и друго прашање, колку е староста на земјата според Исламот? Дали првите 6 дена на креација траеле исто како денешен ден?
 
M

Muranyi

Гостин
Дали во Исламот постои категорија-покајување,која според мене лично е една од најважните и највисоките придобивки кои ги етаблира Христијанството?Ако постои покајување,дали се опростуваат гревовите?
 
Текфир значи некого да прогласиш за неверник.
За првите 6 дена на креација,исламските учењаци се разликуваат по ова прашање дали се 6 дена.
Но појако мислење дека се тоа 6 временски периоди.
бидејќи во оригиналниот ајет за денови стои зборот "ејјам" што е поточно да се преведе како временски период.
арапскиот јазик е еден од јазиците со најсложена граматика,и е неопходен за подобро сфаќање на верата баш поради овие работи.
 
А Куфр?

Баш имам читано дека се работи за “период“ (ден) приближно околу 2 милијарди години. Дали е ова точно?

И уште едно прашање, што вели исламот за Адем и Хава (Адам и Ева) кога временски ги сместува, пред колку време приближно?
 
Кафир = неверник
Куфр = неверство

Што се однесува до другите две прашања не можам точно да ти одговорам.
Постојат докази дека од стварањето на Адам и Ева поминале и около десетина иљади години,но јас не можам точно да ти прецизирам.
--- надополнето: 5 февруари 2013 во 10:12 ---
Дали во Исламот постои категорија-покајување,која според мене лично е една од најважните и највисоките придобивки кои ги етаблира Христијанството?Ако постои покајување,дали се опростуваат гревовите?
"53. Кажи: „О робови Мои кои кон себеси во гревовите претерувавте, не губете надеж во Аллаховата милост! Аллах, сигурно, сите гревови ќе ви ги прости;
Тој, навистина, многу простува и Тој е милостив" (сура Ез-Зумер)
----------------------------
68. и тие кои покрај Аллах на друг бог не му се молат,
и тие, коишто Аллах ги забранил, не ги убиваат,
освен кога правдата бара, и кои не прават блуд; а кој
тоа го прави, ќе ја искуси казната,
69. страдањето на оној свет двојно ќе му биде, и во неа
вечно понижен ќе остане,
70. освен тие што ќе се покајат и ќе поверуваат и добри
дела ќе прават, Аллах нивните лоши дела во добри
ќе ги смени, а Аллах простува и Милостив е.
71. А тој што ќе се покае и добри дела ќе прави, тој, на
вистина, на Аллах искрено Му се вратил;(сура Ел-Фуркан)

-------------------------------

114. Добрите дела навистина ги поништуваат лошите. Тоа е поука за тие што сакаат поука. (Сура Худ)

Многубројни се доказите,да не ти пишувам многу курански ајети и хадиси што рекол пратеникот Мухаммед.
Воглавном,вратата на искреното покајување во исламот се отворена се додека душата не ти дојде до в грло шо се вели :)
Е сега,колку е искрено тоа е меѓу човекот и Бога,и простувањето само од Него зависи.
 
Член од
9 октомври 2009
Мислења
199
Поени од реакции
98
1. Дали според Шеријатот, ако проповедник си ја убие жената треба да биде казнет?
2. Дали според Шеријатот, ако проповедник си ја убие и силува ќерката треба да биде казнет?
(По повод популарниот проповедник Фајхан ал Гамди кој си ја убил и силувал ќерка си и поминал со 50.000 долари отштета платени на својата сопруга. #врска до вестта# )
 
Kajgana Shop

На врв Bottom