Те молам дај ми извор дека тој геолог навистина го рекол тоа, и не, исламски извори не се релевантни.
И ако до ден денес не може да се разбере што сака Алах да каже, тогаш семоќниот Алах не успеал да ни го рпедаде успешно своето знаење, да бил семоќен ќе успеал да ни го пренесе тоа знаење без ние со илјадници години да се чудиме.
И зошто семоќен ентитет би користел книга за да го пренесе тоа што сака да каже?
Ние денес имаме копии од копии од преводи од копии од копии од копии од преводи од копии што усно се пренесувале, тоа не е релевантен извор, и еден семоќен ентитет би го знаел тоа.
--- надополнето: 21 јуни 2012 во 15:38 ---
Тоа не е потврда на Биг Бенг затоа што Биг Бенг теоријата е далеку покомплексна од еден апстрактен стих.
Затоа што ако ти го пренесе тоа знаење без да се чудиш ќе се занесеш дека си го собрал сето знаење во светот и дека никој не ти е рамен,а има некој над тебе.
Куранот е упатство по кое треба да работат сите луѓе,1433 години не е сменет ниту еден единствен збор,ниту една единствена грешка или контрадикторност е најдена,што само ја потврдува величината на Аллах.
Многу попаметни од тебе пробале да најдат грешка и не успеале,а многу попаметни од мене одговориле на тие прашања.
Ние овде може само да се препукуваме,а луѓе напишале книги со илјадници страници за само некој стих во Куранот,и со секое читање нешто ново откриваат,само треба некој да ги чита.
...
Аллах ветил дека ќе ја чува оригиналноста и автентичноста на Куранот до Судниот ден,и ден денеска не е променета нити една буква,ако се прашуваш како тоа деца од 7,8,9 години го знаат Куранот на памет,пронајди го одговорот во оваа реченица.
Да е некоја друга религија толку обвинувана и толку напаѓана како Исламот,до сега ќе ја снемаше.
Луѓе живеат и се платени за да со години проучуваат и да му најдат грешка на Куранот,но не успеале,да е човечко дело досега ќе најдеа,но не е.