Внимавај на своите зборови!
Муслиманите го признаваат Исус само како Пророк, а не како Божји Син! А тој дојде да ги спаси сите кои ќе поверуваат во Него, преземајќи ги гревовите на целото човештво врз себе!
ВТОРО ПОСЛАНИЕ НА АПОСТОЛ ПЕТАР
Глава 2
1 А имаше и лажни пророци во народот, како што ќе има и меѓу вас лажни учители, кои тајно ќе внесуваат гибелни кривоверства и ќе Го одречуваат Господа, Кој ги откупил, навлечувајќи врз себе брза погибел.
2 И мнозина ќе тргнат по нивната разузданост, заради кои ќе се хули патот на вистината.
3 И во лакомство ќе ве искористуваат со измислени зборови, но нивното осудување е одамна готово и нивната гибел не дреме.
4 Зашто ако Бог не ги поштеди ангелите, кои згрешија, туку ги фрли во мрачните бездни и ги предаде да бидат чувани за судот;
5 и ако не го поштеди стариот свет, туку го запази само Ное, проповедникот на правдата, со уште седум души, кога наведе потоп врз безбожничкиот свет;
6 ако ги осуди на пропаст градовите Содом и Гомор и ги претвори во пепел, и ги постави за пример на идните безбожници;
7 и ако го избави праведниот Лот, кого го мачеше развратниот живот на беззакониците,
8 - зашто овој праведник, живеејќи меѓу нив, ја измачуваше одденнаден својата праведна душа, гледајќи ги и слушајќи ги нивните беззаконски дела, -
9 тоа значи дека Господ знае како да ги избави побожните од искушенија, а неправедните да ги запази за казнување до денот на судот;
10 а особено оние, кои одат по нечистите похоти на телото и го презираат господството. Како дрски и своеволни луѓе тие не се плашат да ги хулат величествата,
11 додека ангелите, кои се поголеми по сила и снага, не изговараат хулна осуда против нив пред Господа.