Прашања за Исламот I

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
1 март 2008
Мислења
503
Поени од реакции
18
Rubyred,за некои работи е неопходно да се каже збор - два повеќе од вообичаеното, за да се разбере подобро суштината. Еве,гледам дека ти и покрај тоа не си ја разбрала суштината на мојот текст и мислиш дека јас ги извртувам Кур,анските ајети. :) Значи тој заклучок кој си го подвлекла е генералниот став на Исламот кога станува збор за наследството и обврската на богатите кон другите. Станува збор за социјалната страна на Исламот која е до толкава мерка истакната, да не верувам дека некој правен систем би можел тоа поубаво да го регулира од Исламот.

А сега да ти објаснам за Кур,анските цитати, и зошто е тоа така?:)

Чесниот Кур,ан дава специфични и детални упатства кои се однесуваат на расподелбата на заоставштината меѓу законските наследници. Значи, имаме овде еден правилник за живеење.

Кур,анските ајети кои зборуваат за наследството се следните:

-сура Ел – Бекаре: 180
-сура Ел – Бекаре: 240
-сура Ен – Ниса: 7-9
-сура Ен – Ниса: 19
-сура Ен – Ниса: 33
-сура Ел – Маиде: 106-108.

Вистина е дека во повеќето случаеви, женското наследува половина од она што го наследува машкото. Тоа се на пример, следните случаеви:
  • ќерката наследува половина од она што го наследува синот,
  • сопругата наследува 1/8, а сопругот ¼ во случај покојниот да имал деца,
  • сопругата наследува ¼, а сопругот ½ доколку покојникот немал деца,
  • доколку покојникот не оставил наследници по влезна и излезна линија, сестрата наследува половина од она што го наследува братот, итн. И ова по тебе е правично? Но кај смее некој пак да рече-не е така?:vozbud:
Значи,кога станува збор за наследното право, Исламот тоа го регулирал во детали.

Но, да се вратиме на твојата забелешка и да видиме зошто машкото наследува повеќе од женското.

Во Исламот, жената нема никакви финансиски обврски кон семејството.Сите обврски од тој вид ги снесува мажот. Пред да се омажи жената, обврска на нејзиниот татко или брат е да се грижи за нејзината облека, храна, смештај, школување и други потреби. После мажачката, таа обврска преминува на терет на мажот или синот. Издржавана....се некој друг да му ја мисли. Пред се татко, брат, дајџо-зашто жената нема избор, Омер Фарук признај си веќе еднаш. Таа во исљамо е СВОИНА а не ИНДИВИДУА:Како да ја омажи, да и склопи брак, смештај...Која пасивна улога и е доделена на жената, нејзино е само-што? Знаеме, нели?:tapp: Што се очекува од кокошката? И обезбедуваш кокошарник, ја клукаш цел ден, и чекаш јајце....

Исламот мажот го смета за одговорен за исполнувањето на сите финансиски обврски кон семејството. За да би можел да ги исполни тие обврски, мажот, помеѓу останатото, добива и двојно поголема количина на наследство. Да...да, за тоа, секако (а потоа мрморецот ја виткаше чоколадата во хартија....:kesa:)

На пример: Ако умре таткото и им остави на синот и ќерката во наследство 15.000 евра, синот наследува 10.000, а ќерката само 5.000 евра. Од овие 10.000 евра кои ги наследил, синот ќе мора на своето семејство да ги потроши скоро сите пари или поголе дел од нив, да речеме 8.000 евра.После подмирувањето на обврските, нему лично ќе му останат само 2.000 евра.

Додека пак,од друга страна, ќерката која наследила 5.000 евра нема никакви обврски кон никого, никому не мора да му даде ниту еден цент. Се што ќе наследи, таа може (ако сака) да си го задржи само за себе.

Што би сакала ти повеќе: -Да наследиш 10.000 евра, па после подмирувањето на обврските кон семејството, да ти останат само 2.000,или да наследиш 5.000 евра и сите да ги задржиш за себе?Да наследам 10 000 евра, да започнам мал бизнис да бидам независна, но и да допринесувам дома, а не да се чувствувам како фарминска кокошка :vozbud:
Уште еднаш се извинувам за подолгиот текст, но, се надевам дека внимателно ќе го прочиташ и проучиш. Ако имаш некоја забелешка, повели. :):smir: Проучено, прочитано....забелешките ти се јасни и тебе ама...пусто, кој смее бре да каже “а“?

Фала на одговорот, ама со ова само ја потврди подредената положба на жената во однос на мажот. :wink:
 
O

Omer el Faruk

Гостин
Види, мила моја. Прашуваш ти одговарам, ти го изнесувам исламскиот став,а колку тој за тебе е прифатлив тоа е твое.Ајде уште нешто како додаток на погорното. :)

ДА СЕ БИДЕ ЖЕНА ВО ИСЛАМ

Обично во неисламските општества се заклучува дека исламот ја понижил жената и дека од човечки аспект ја смета за пониска од мажот.

За разбирање на положбата на жената во исламот мошне важно е да се има јасна претстава за тоа каква била положбата на жената во предисламскиот период, наречен џахилијет.

Познато е дека положбата на жената, порано, во заостанатите примитивни средини била мошне тешка. Жената била целосно обесправена, била третирана како обичен објект кои му служи на човекот. Таа била слуга на мажот во задоволување на неговите сексуални и други примитивни потреби. Тој бил сопственик на нејзиното тело и нејзин господар. Бројот на жените за еден човек бил неограничен и што е уште полошо, постоел и обичај на убивање на женски девојчиња штом се родат. Тие биле без некакво право на глас и мислење.

Исламот во тој поглед извршил, навистина, револуционерни промени! Па така, Куранот го забранил убивањето на женските деца, на жената и ја вратил основната каректеристика на човечко битие, ја ослободил од експлоатацијата на човекот, и дозволил да ги врши сите правни работи кои се складни со нејзината женска природа, да може да заработува и поаѓа во школо, може да оди на суд и да поднесува жалба, може да сведочи или да биде застапник и потполно ја изедначил во основните права и обврски. За жената и нејзината положба во општеството, за нејзините права и меѓусебни односи во Куранот се посветува големо внимание (можеби и најголемо) За тоа зборуваат повеќе од десет курански поглавја дури и едно цело куранско суре носи име (Ен-Ниса) - жени.

Исламот меѓу жената и мажот од човечки аспект не поставува разлика. «Вие сте од ист вид» (Ен-Ниса, 25) Исламот верува дека жената и мажот во поглед на човечките права во сите општествени и индивидуални полиња еднакви. Значи, севкупните права на жената во поглед на материјалните и духовни вредности не се помали во однос на мажот.

Тоа што се објаснува како «нерамноправност» на жената и мажот е всушност «различноста». Зошто исламот не поставил еднакви права и за жената и за мажот, како што тоа е присутно на Запад? На Запад под поимот «рамноправнот» никогаш не била еднаквост туку сличност. Сопствениците на големите фабрики, од жената бараат да извршува мошне тешки работи не обрнувајќи внимание на нејзините можности и нејзината женска природа!

Она што во мигов е присутно на запад е процес во кој преовладува мислењето дека и мажите и жените во сите животни задачи треба да постапуваат еднакво рамо до рамо, а ниту најмалку не се обраќа грижа за нејзините вродени и природни разлики.

Жената работи се исто како и мажот и тоа е рамноправност на Запад. Ме интересира зошто на Запад не се рамноправни и кон постарите луѓе и инвалидите. Па и тие се човечки битија и ако одиме на таа рамноправност тогаш во се треба да бидеме рамноправни. Не е можно да се поистовети мажот со жената, здравиот со болниот, младиот со стариот, инвалидот со неинвалид…

Кур’анот исто така жената не ја смета за битие кое е создадено со помала вредност од мажот. Не ја смета само како битие кое е создадено од реброто на мажот. Не ја смета како елемент на гревот, ниту «мал шејтан», преку која «големиот шејтан» го заведува човекот. Кур’анот не вели дека жената нема да влезе во Џеннет ниту дека таа неможе да постигне големи и високи дереџиња. Напротив, половата припадност не влијае на тоа ниту постои некаква разлика меѓу мажот и жената во сферата на духовноста. Семоќниот Аллах вели: “А оној кој прави добро, бил машко или жена, а е верник ќе влезе во Џеннет..” (Ен-Ниса, 124) Кур’анот наведува и примери на жени кои биле повозвишени од мажите во своето време (ја спомнува Мерјем која била повозвишена од Зекирија)

Од аспект на создавањето не постои разлика меѓу двата пола и природно е дека тие се еднакви и во поглед на правата.

Исламот зборува за жената како мајка, домаќинка, сопруга. И посветува внимание и во нејзиното образование. Исламот не и забранил на жената излегување од куќа заради работа ако тоа е во склад со шеријатските прописи. Жената која се придржува за за исламските начела слободно може да биде вработена и да посетува факултет. Исто така жената е и одговорна за себеси, за своето однесување, своите обврски, ибадет, куќа, заедница … Нејзината одговорност не е ниту помала ниту поголема од мажот.
___________________________________

Добра ноќ мила соговорничке.:back:
 
Член од
18 декември 2008
Мислења
21
Поени од реакции
0
vaka mene me interesira kakva uloga ima zenata vo islamot, bidejki imam citano knigi so vistinski prikazni za islamskite zeni pa se zgroziv iskreno, pa me interesira tvojot stav i za toa dali go opravduvas seto toa sto se slucuva na islamskite zeni i dali si privrzanik na nacinot na koj toe se obespravuvaat t.e. dali gi podrzuvas site tie omalovazuvanja i site pogresni tolkuvanja vo kuranot vo vrska so zenata i nejzinoto mesto vo islamskoto opsestvo?
 
vd

Член од
6 септември 2008
Мислења
14
Поени од реакции
0
Видија оваа хипотеза:
Jaс сум штознам.. син од господ..
Го пишувам ова „ фдгфдхлкјероитгд фдогиуер фшпхитѕјнќ бчлдфјг “
Да речеме дека тоа е напишано на јазик што само јас го знам.
И сега некој што сака.. штознам.. сите луѓе да се ќелави .. тоа ќе го преведе како „ Господ нареди сите да бидат ќелави “..

Доколку твојот пост кажуваше дека неможе да се манипулира со менување на значењето/толкувањето на нешто кое е напишано на јазик кој што сеуште се зборува, тогаш пак твојот пост не е точен.. затоа што јас ако кажам нешто на англиски, немора да значи дека тоа што ќе го кажам ќе биде еднозначно, и уште помалку значи дека никој неможе да го преврти тоа што сум го кажал...
Куранот не е пишуван од син божји туку тоа се божји зборови пренесени од божји гласник, во случајов Мухамед.
Е сега, твојот прв пример, не го мислев тоа.
Второто што те цитирам, ај да го разгледаме, зошто мојот пост да не е точен?
Што ако кажеш ете тоа што го кажа, Господ рекол сите да бидат ќелави? какво двојно значење би имала таква команда? Значи, стриктно и буквално ти вика вака и вака, и готово, тука нема простор за двојни значења, и тука нема простор за манипулации.
Како би го превртил некој нешто што е прецизно и буквално кажано, стриктно прецизирано?

vaka mene me interesira kakva uloga ima zenata vo islamot, bidejki imam citano knigi so vistinski prikazni za islamskite zeni pa se zgroziv iskreno, pa me interesira tvojot stav i za toa dali go opravduvas seto toa sto se slucuva na islamskite zeni i dali si privrzanik na nacinot na koj toe se obespravuvaat t.e. dali gi podrzuvas site tie omalovazuvanja i site pogresni tolkuvanja vo kuranot vo vrska so zenata i nejzinoto mesto vo islamskoto opsestvo?
Се што некој ќе и направи на жената, а тој е муслиман и таа муслиманка, не значи дека тој некој ги направил тие работи како што се прикажани во Куранот. Можеби човекот не знае како пишува во Куранот, можеби човекот претрпил нервен слом, нервоза, го удрила љубомора, којзнае, можеби жената го прибрала комшијата, којзнае, затоа, што се случува на жените кои се нарекуваат муслиманки со нивните мажи кои се нарекуваат муслимани, може да се случи и се случува со жените кои се нарекуваат христијанки и мажите кои се нарекуваат христијани.
Ќе дојде мажот, пијан, ќе ја здроби жената од ќотек, и што да кажам јас? да се згрозам? ДА, ќе се згрозам, но, нема да речам дека ете таа е христијанска жена, и види што им прави христијанскиот маж на жените, и види што ги учи христијанството.
Дали го оправдуваш семејното насилство од страна на немуслимани? од каде толку броеви за пријавување семејно насилство? од каде толку организации против семејно насилство, кај жениве, воглавно немуслиманки? мед и млеко им тече? :nenene:
 
Vaka sega ne gi prevrtuvaj moite zborovi vo tvojov primer da se desi nesto takvo kako ti go kazuvas kaj nas zakonot e na strana na zenata,pri razvot zakonot e pak na strana na zenata.Zborot mi bese deka i sega ne zboram za muslimanite sto ziveeat kaj nas, tuku za onie sto se vo srceto na muslimanskata vera (Saudiska Arabija,Irak ,Iran,Egipet i red drugi) zenata nema pravo na glas,pravo na skoluvanje ima samo ako i e dozvoleno od strana na tatko , tatkoto odlucuva so kogo ke se mazi kerkata moze da se desi i da bide starec od 60 godini,devojcinjata se spremni za mazenje so samiot cin na stanuvanje na zena( znae se koj e toj cin),pravo da ode na rabota nema,zenata tamu e tretirana samo kako PREDMET ZA RAGANJE, DOKOLKU VEKE NE MOZE DA RAGA MAZOT IMA PRAVO DA ZEME DRUGA ZENA,pri razvod do kolku dojde zenata go gube sekoe pravo nad decata i mnogu drugi pravila.i da ne dolzam mnogu ako imas malku skapoceno vreme procitaj gi knigite "nikade bez kerka mi' i trologijata na princezata Sultana (toa se tri knigi; princezata Sultana, Kerkite na princezata Sultana i Prstenot na princezata Sultana).I uste nesto jas ne zboram za semejno nasilstvo vo bilo od koj slucaevite navedeni od tvoja strana.Od druga strana arno si napisal ima broevi da kaj nas ali kaj niv nema.koga ke gi procitas ke vides za sto ustvari jas zboram.:toe::toe:

Види, мила моја. Прашуваш ти одговарам, ти го изнесувам исламскиот став,а колку тој за тебе е прифатлив тоа е твое.Ајде уште нешто како додаток на погорното. :)

ДА СЕ БИДЕ ЖЕНА ВО ИСЛАМ

Обично во неисламските општества се заклучува дека исламот ја понижил жената и дека од човечки аспект ја смета за пониска од мажот.

За разбирање на положбата на жената во исламот мошне важно е да се има јасна претстава за тоа каква била положбата на жената во предисламскиот период, наречен џахилијет.

Познато е дека положбата на жената, порано, во заостанатите примитивни средини била мошне тешка. Жената била целосно обесправена, била третирана како обичен објект кои му служи на човекот. Таа била слуга на мажот во задоволување на неговите сексуални и други примитивни потреби. Тој бил сопственик на нејзиното тело и нејзин господар. Бројот на жените за еден човек бил неограничен и што е уште полошо, постоел и обичај на убивање на женски девојчиња штом се родат. Тие биле без некакво право на глас и мислење.

Исламот во тој поглед извршил, навистина, револуционерни промени! Па така, Куранот го забранил убивањето на женските деца, на жената и ја вратил основната каректеристика на човечко битие, ја ослободил од експлоатацијата на човекот, и дозволил да ги врши сите правни работи кои се складни со нејзината женска природа, да може да заработува и поаѓа во школо, може да оди на суд и да поднесува жалба, може да сведочи или да биде застапник и потполно ја изедначил во основните права и обврски. За жената и нејзината положба во општеството, за нејзините права и меѓусебни односи во Куранот се посветува големо внимание (можеби и најголемо) За тоа зборуваат повеќе од десет курански поглавја дури и едно цело куранско суре носи име (Ен-Ниса) - жени.

Исламот меѓу жената и мажот од човечки аспект не поставува разлика. «Вие сте од ист вид» (Ен-Ниса, 25) Исламот верува дека жената и мажот во поглед на човечките права во сите општествени и индивидуални полиња еднакви. Значи, севкупните права на жената во поглед на материјалните и духовни вредности не се помали во однос на мажот.

Тоа што се објаснува како «нерамноправност» на жената и мажот е всушност «различноста». Зошто исламот не поставил еднакви права и за жената и за мажот, како што тоа е присутно на Запад? На Запад под поимот «рамноправнот» никогаш не била еднаквост туку сличност. Сопствениците на големите фабрики, од жената бараат да извршува мошне тешки работи не обрнувајќи внимание на нејзините можности и нејзината женска природа!

Она што во мигов е присутно на запад е процес во кој преовладува мислењето дека и мажите и жените во сите животни задачи треба да постапуваат еднакво рамо до рамо, а ниту најмалку не се обраќа грижа за нејзините вродени и природни разлики.

Жената работи се исто како и мажот и тоа е рамноправност на Запад. Ме интересира зошто на Запад не се рамноправни и кон постарите луѓе и инвалидите. Па и тие се човечки битија и ако одиме на таа рамноправност тогаш во се треба да бидеме рамноправни. Не е можно да се поистовети мажот со жената, здравиот со болниот, младиот со стариот, инвалидот со неинвалид…

Кур’анот исто така жената не ја смета за битие кое е создадено со помала вредност од мажот. Не ја смета само како битие кое е создадено од реброто на мажот. Не ја смета како елемент на гревот, ниту «мал шејтан», преку која «големиот шејтан» го заведува човекот. Кур’анот не вели дека жената нема да влезе во Џеннет ниту дека таа неможе да постигне големи и високи дереџиња. Напротив, половата припадност не влијае на тоа ниту постои некаква разлика меѓу мажот и жената во сферата на духовноста. Семоќниот Аллах вели: “А оној кој прави добро, бил машко или жена, а е верник ќе влезе во Џеннет..” (Ен-Ниса, 124) Кур’анот наведува и примери на жени кои биле повозвишени од мажите во своето време (ја спомнува Мерјем која била повозвишена од Зекирија)

Од аспект на создавањето не постои разлика меѓу двата пола и природно е дека тие се еднакви и во поглед на правата.

Исламот зборува за жената како мајка, домаќинка, сопруга. И посветува внимание и во нејзиното образование. Исламот не и забранил на жената излегување од куќа заради работа ако тоа е во склад со шеријатските прописи. Жената која се придржува за за исламските начела слободно може да биде вработена и да посетува факултет. Исто така жената е и одговорна за себеси, за своето однесување, своите обврски, ибадет, куќа, заедница … Нејзината одговорност не е ниту помала ниту поголема од мажот.

Da bravo za ova ali se postavuva prasanje dali site ovie raboti se pocituvaat ili ne.Stvarno e vo red seto ova napisano no eve prasane do tebe dali se ova pocituva vo zivotot ilisamo od odredeni poedinci a ostanatite seuste odat po onie da ne recam sarinski adeti?mislam deka ke svatis sto sakam da kazam
 
A

ateist

Гостин
ПРОБЛЕМОТ Е ВО РАЗНИТЕ ИНТЕРПРЕТАЦИИ НА САМИТЕ МИСЛИ!
пТГУ тибам капс локот

Проблемот лежи во повеќеслојноста на секоја мисла во секое свето писмо која може да биде толкувана како кому му одговара.

Изворно нема никаков проблем, ама денес, по извитоперувањето од страна ан оние кои не ја следат светата книга, туку зборовите на другиот кој неа ја интерпретирал се корените на проблемите. Не само за Куранот.

Се согласувам со тебе

Имаше обвинувања дека библија е сменета (ова најчесто од муслиманите иако најнови докази укажуват дека и Куранот е многу пати препишуван )

Но тоа нее битно

Битно е дека и за Куранот нема единствено толкување
И кај нив секоја секта , правец тврдат дека се "вистинските"

НОООООООООООООООООООО

Кај муслиманите приметив дека цело време бегат да се произнасат

што е и и кој е Бог ?

Ете тобоже кристијани велат дека е триличен , енергија , касперче-дух ,свемогучи-немогучи........се гледа дека шантраат со умот ...дека незнаат во што веруваат
арнооооо амаааааааааа

Муслиманите не се произнесуват ...зошто ?

А сегде битието наречено Бог бара демистификација

нели "проклет да е кој не го бара Бог"
проклет ..значи ...дискваливикуван од трката за вечен живот

испаѓа сите муслимани ...(освен ако не сум во заблуда)....отсекогаш биле проклети

нели другите ги напаѓаат дека незнаат во што веруваат (што нее спорно нели )
арно ама и они везе немаат во што точно веруват
 
O

Omer el Faruk

Гостин
Da bravo za ova ali se postavuva prasanje dali site ovie raboti se pocituvaat ili ne.Stvarno e vo red seto ova napisano no eve prasane do tebe dali se ova pocituva vo zivotot ilisamo od odredeni poedinci a ostanatite seuste odat po onie da ne recam sarinski adeti?mislam deka ke svatis sto sakam da kazam
Потполно те разбирам што сакаш да кажеш и слободно можам да речам дека си во право. Секаде имаме црни овци,па така и во Исламот.За жал многу се такви кои предност и даваат на традицијата отколку на Исламот.
Но, затоа тука пред се анализираме одредено прашање од агол на Исламот,а не од агол на однесувањето на некои муслимани.

Значи ,да им судиме на муслиманите според нормите на исламот,а не да му судиме на Исламот според постапките на муслиманите.

Се надевам дека и ти ме разбираш што сакам да кажам.:)

Секое добро!

Се согласувам со тебе

Имаше обвинувања дека библија е сменета (ова најчесто од муслиманите иако најнови докази укажуват дека и Куранот е многу пати препишуван )

Но тоа нее битно

Битно е дека и за Куранот нема единствено толкување
И кај нив секоја секта , правец тврдат дека се "вистинските"

НОООООООООООООООООООО

Кај муслиманите приметив дека цело време бегат да се произнасат

што е и и кој е Бог ?

Ете тобоже кристијани велат дека е триличен , енергија , касперче-дух ,свемогучи-немогучи........се гледа дека шантраат со умот ...дека незнаат во што веруваат
арнооооо амаааааааааа

Муслиманите не се произнесуват ...зошто ?

А сегде битието наречено Бог бара демистификација

нели "проклет да е кој не го бара Бог"
проклет ..значи ...дискваливикуван од трката за вечен живот

испаѓа сите муслимани ...(освен ако не сум во заблуда)....отсекогаш биле проклети

нели другите ги напаѓаат дека незнаат во што веруваат (што нее спорно нели )
арно ама и они везе немаат во што точно веруват
Прво и основно. Кур,анот е онаков каков што му бил објавуван на пратеникот Мухаммед а.с.. И до ден денешен,а и додека има свет и век, тој ќе си остане таков, непроменлив.

Мене просто ме чуди, како основни термини не можеш да разликуваш а овде на сите ни продаваш памет. Едно е Кур,анската содржина а друго е неговото толкување.

Уште посмешна е твојата констатација дека ние муслиманите избегнуваме да зборуваме за Бога. :)

Нооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооо
(во твој стил напишано, само со повеќе О):vozbud:, ете постави што конкретно сакаш да знаеш за Бога и исламското учење по ова прашање.
 
Па и библијата е непромента и си останала таква

со истото објаснување
дека
едно е содржината а друго е толкувањето
но добро ........

еве ги прашањата :
1 ) што поимате под терминот Бог
2) што поимате под терминот Господ
3) што поимате под терминот Дух
4) што поимате под терминот Душа
5 ) во што и каде ја согледувате Божјата сеприсутност
6 ) каков степен на слобода му препуштил-отстапил Бог на човековот во однос на мисловноста , на практикувањето-дејствувањето а кој дел го задржал засебе зада можеда врши ( залуѓето невидливи ) интервенции

би замолил повеќе ако може со дефиниции ( пропратено со образложенија)
а помалку прикаски

7 ) што поимате под терминот Светост ..свет

8 ) што поимате под терминот личност и како каква ја поимате
а) збир на мозочни атомски конфигурации
б) одделена - засебна целина независна од материјално биолошко човеково тело која преку мозокот командува со телото
в ) нешто трето......ваше видување -мислење
 
A

ateist

Гостин
хмммммммммм

господо со сета почит

ама да не ви текна сега да држите Васељенски састанак

за да се договарате у што точно ќе верувате..отсега...:)helou:)

....бе шо наипраивте од размишљање....намалете малце..:smir:

за да знаеме дали има суштински разлики помеѓу религиите во конкретен случај Ислам и Христијанство треба да видиме што поимаат под термините кој ги има во двете свети книги и кај двете религии

а ) што поимате под ДУХ а што под ДУХОВНОСТ
б)што поимате под Бог а што под Побожност
в)што поимаш под Свет а што под Светост

.
.
.
очигледно меѓу христијани (тобоже) непостојат суштински разлики

добро е да видиме какви се ваши размислувања те верувања
 
Член од
9 јуни 2008
Мислења
12
Поени од реакции
0
vaka mene me interesira kakva uloga ima zenata vo islamot, bidejki imam citano knigi so vistinski prikazni za islamskite zeni pa se zgroziv iskreno, pa me interesira tvojot stav i za toa dali go opravduvas seto toa sto se slucuva na islamskite zeni i dali si privrzanik na nacinot na koj toe se obespravuvaat t.e. dali gi podrzuvas site tie omalovazuvanja i site pogresni tolkuvanja vo kuranot vo vrska so zenata i nejzinoto mesto vo islamskoto opsestvo?
1.Дали некогаш сте виделе како изгледа скапоцен камен? Зошто луѓето го сакаат, а тоа во суштина е само парче камен? Тоа е затоа што нема прилика секој да го види, ниту да го има во рацете освен ако не плати голема цена.
Слично е и со жените- забрането е мажите да ја видаат и да ја допрат, како не би ја обесчестиле, и намалиле , извалкале нејзината вистинска вредност. Таа е како недопрен чист скапоцен камен, на која што влијае и нај малиот допир.

2.Дали некогаш сте виделе како ружата се суши, венее и го губи својот сјај ако премногу се допира? На ист начин е забрането да и се приоѓа и на жената освен во пропишаната врска во бракот. И кој и да проба да и пријде надвор од тоа, незаконски, добива жестока смртна казна.

3. Дали знаете која е казната за мажот, кој ке го прекрши ветувањето брак и изневерувањето жена? Неговата казна е смртна казна, зошто го изневерил еманетот даден на скапоцениот камен кој е со него, и со тоа ги повредил и правата на другите.

4. Дали некогаш сте слушнале некој скапоцен камен да бара личност, на која ке биде даден? Слично е и со жените , кој што се исти како скапоцен камен, таа е таа што ја бараат, таа не бара. Должноста е поставена на мажот, да проси за нејзината рака. А ако таа се сложи тогаш тој нејзе и подарува венчален дар ( мехр ) и нешто од својот имот.

5. Размислете малку за некој владетел, претседател, глава на државата, ако секој би можел да зборува со него и да биде во негово присуство тогаш луѓето ке почнаат да ја губаат почитта спрема него, тој тогаш не би имал таков престиж и статус кој што го имал пред луѓето околу него. За исламското општество жената е кралица. Не поседува секој право да може да и пријде, и зборува со неа директно, и да биде во нејзина присуство. Тоа е нешто што и е дозволено само на одредени личности.

6. Возвишениот Аллах го створил мажот со појако тело, за да може да заработува за својот опстанок, дури и во тешки околности, а тоа е така за да може да обезбеди тоа што му е потребно нему, на неговата жена и деца. А што се однесува до жената, таа е створена како едно нежно љубезно и осетливо битие, како би можела да одгледува идни генерации. Значи мажот излегува надвор и работи со материјата, додека жената работи со човечките битија одгледуваќи деца.

7. Што мислите, што ќе се случи кога еден лав и една газела ке се најдат на едно место? Дали би можеле заедно да живеат? Сигурно не! На сличен начин , потребно е и мажот да се држи на одредено растојание од жената, за нејзиниот сопствен интерес. Таа навистина е убава и атрактивна, но е послаба од мажот, значи, посилниот ке го надвладее послабиот, и тој би можел да ја повреди нејзината чест, па и без нејзината волја.

8. Жената која извршува работа иста како работата на мажот, има право на плата и добива плата , колку што добива и мажот.

9. На жената и е дозволено да работи на било кое работно место, за кое што таа е способна, се додека тоа е во согласност со нејзината природа.

10. Божествената објава и се обрака на жената, исто како и за мажот, пропишувајки и одредени обврски за кои ке биде наградена, со иста мера како и мажот.

11. Жената е ослободена од некои верски одредби, за време на постнаталното крварење (нифас), како и за време на менструацијата (хајз), зошто во овие состојби, таа е послаба од вообичаеното, па има потреба за повеке одмор и опуштање.

12. Доколку жената умре при породувањето, награда и е највисокиот степен на Џеннетот.

13. Личноста која ќе биде убиена бранејќи ја својата жена, ќерка или сестра, исто така ке биде наградена со највисокиот степен на Џеннетот.

14. Дозволено и е на жената да бара развод, доколку мажот не и ги исполнува нејзините права во бракот.

15. Дали има човечкото битие нешто повредно од нејзиниот живот?
Навистина на муслиманот, честа и достоинството на жената му се највредни, најскапоцени, и најважни поважни и од неговиот сопствен живот.

16. На жената и е дозволено повторно да се омажи со кого сака , во случај да се разведе или да остане вдовица.

17. Ако жената поседува имот има полно право и слобода да го користи на халлалл начин, без ничија дозвола (татко, маж или некои други).

18. Жената има право на дел од наследството на некој нејзин близок, во случај на негова смрт без обзир на тоа дали тој со своја волја и оставил нешто од своето наследство.

19. Обврска на мажот е да го троши својот имот на оние за кои тој треба да се грижи, вклучувајќи ги мајка му, жена му или ќерка му, па и да не го сака тоа.

20. Што се однесува на вниманието и грижата од страна на децата, мајката има повеке права од таткото, и тоа до три пати.

21. Оној кој го посакува Џеннетот, нека знае дека Џеннетот е под нозете на неговата мајка, за оние кои што се трудат да ја удоволат на својата мајка.

22. Оној кој има ќерки и се однесува убаво спрема нив, ќе биде заштитен од огинот на Џехеннемот.

23. Доколку мажот ја убие жената намерно, тој веке не заслужува да живее, и се казнува со смрт, па макар таа и да му била сопруга.

24. Аллаховиот Пратеник с.а.в.с во врска со жените муслиманите вака ги советувал: Убаво однесувајте се спрема жените. Исто така рекол: Најдобрите меѓу вас се оние кои се најдобри спрема своите жени. И рекол: Спрема жените се великодушни и внимателни само племенитите луѓе, а жените ги понижуваат и ги изоставуваат само оние кои што се со лоша и ниска нарав.
ИМА ЕДНО ЗЛАТНО ПРАВИЛО ВО ИСЛАМОТ, НЕ УЧИ И НЕ ГЛЕДАЈ ПРИМЕР ВО ЛУЃЕТО МУСЛИМАНИ, УЧИ ОД КУРАНОТ, А ЗА ПРИМЕР ЗЕМИ ГО ЖИВОТОТ НА МУХАММЕД С.А.В.С.
 
Chombe_United

Да ми бричите ташаците!
Член од
14 декември 2007
Мислења
8.809
Поени од реакции
452
А бе ќе си умрите со тој ум:tapp:

Oд 3.28 до 3.30 е вашиот дел:helou:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom