Амин! -Аллах веќе ме награди со скромна и убава сопруга.
Ти благодарам , но сепак ќе си го чувам мојот бисер. :smir:
Анастазија, зарем не би почувствувала дека си почитувана и ценета кога некој покрај другото би те ословил и со зборот сестро?
Но, ајде да одговорам на твоето прашање. Исламот не ги занемарува емоциите, но навреме укажува на некои работи обработувајќи ги од повеќе аспекти. Ах таа пуста љубов, што се може да направи...:love1:
Вака:
На муслиманот воопштено забрането му е да се ожени со атеистка, врз основа на зборовите од Возвишениот Аллах: “Немојте да се женете со невернички...” (Ел-Бекаре,221)
Од овој општ пропис се изземаат чесните жени од ехли китабиите (христијаните и евреите). На ова изземање укажуваат зборовите на Возвишениот Аллах:
" ...дозволени ви се чесните жени вернички, и чесните жени вернички од оние на кои им е дадена Книгата пред вас кога ќе им ги дадете нивните венчани подароци за да се ожените а не блуд да правите со нив, и да не ги земате за љубовници. Оној кој не верува во верата, тогаш, му пропаѓа делото негово и на Ахирет ќе биде меѓу презрените!" ( Ел - Маида: 5)
Врз основа на спомнатото можеме да кажеме дека не му е дозволено на верникот-муслиман да се ожени со атеисткиња се додека таа не го прифати исламот, освен ако е во прашање ехли китабијка ( христијанка или еврејка),значи овие му се дозволени на муслиманот, без оглед дали примиле ислам пред и по склопувањето на бракот или не, под услов таа жена да биде чесна -како што потенцира Кур'анот.
Иако ова е дозволено, исламските учени сметаат дека поприоритетно е муслиманот (доколку има можност) да се ожени со муслиманка,бидејќи бракот со припадничка на друга религија може да резултира одредени проблеми кои ќе го пратат цело време.
Да, на сите млади муслимани од машкиот пол.
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
За разликата помеѓу шиитите и сунитите веќе е пишувано на оваа иста тема. Потруди се да дојдеш до одговорот.
И тоа што викаш.
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
Види вака: -Обрезувањето во исламот е должност препорачана од Мухаммед а.с., и ако овој чин се прочешла низ призмата на медицината би се дошло до општа усогласеност дека е многу корисна работа по здравјето на мажот и жената.
Ова ти од лично искуство го кажуваш или...?
Споредбата тие ужасна. Според исламот не се сечат прстите,
туку ноктите од прстите.:baeh:
За клиторектомијата веќе разјаснивме дека не е исламска должност, и незнам зошто упорно ја повторуваш.
За другото веќе
Mr.InF3ction и
Silber ти одговорија.
Прават, прават, немој да лажеш. Многу атеисти ги "осунетиле" своите деца и покрај нивното негодување. Значи,кога станува збор за здравјето на детето се уриваат овие бариери,разбира се!
Многу наместо и многу пластично опишано.