Бидејќи јас го напишав горниот текст на другата тема, би сакал да бидам еден од оние чесни библиски и историски истражувачи кои ќе ти потврдат дека горенаведеното е вистина. Очекувам и останатите (атеисти, муслимани) да го потврдат истото.
1. Да, многу пејгамбери пред Иса предвидувале жртвување. Доколку немаш Библија дома, може да ги читаш пророците (пејгамберите) и со помош на оналјн Библијата:
www.mkbible.net
Најдетално пророштво за жртвувањето на Исус дава старозаветниот пророк Исаија, кој живеел околу 700-800 години пред да се роди Исус. Во неговата книга се наведени над 50 пророштва за Исус меѓу кои и мачењето и распнувањето на Исус.
За да не се повторувам, неколку од тие пророштва ги напишав на темата "Библиски пророштва" (види последната страна) или пробај со следниов директен линк:
http://forum.kajgana.com/showthread.php?21532-%D0%91%D0%B8%D0%B1%D0%BB%D0%B8%D1%81%D0%BA%D0%B8-%D0%9F%D1%80%D0%BE%D1%80%D0%BE%D1%88%D1%82%D0%B2%D0%B0/page6
Понатаму, за старозаветните пророштвата за Исус можеш повеќе да читаш и на следнава страна:
http://www.veronauka.com.mk/isus/messianics.html
(на оваа страна ги имам убаво и табеларно подредено пророштвата заедно со нивните исполнувања)
2. Прашуваш: како е можно да го виделе Исус. Одговорот е едноставен, само потребно е објективно истражување на вистината. Постојат многу независни историски книги, кои биле напишано воглавно од нехристијани и кои го опишуваат ѕверското прогонство на христијаните во првите 3 века - додека било илегална (забранете религија). Можеш да читаш на пример за императорот Нерон (
54-68) кој просто ужувал да ги убива Христовите ученици. Најзабавен дел му било кога ќе ги облечел во јагнешка кожа и потоа ќе ги фрли во арена каде што биле дочекувани од гладни волци, мечки, лавови или тигри. Додека овие диви животни ги раскинувале христијаните, императорот Нерон заедно со неговата придружба просто уживале во овие спектакли. Слична ваква демонска опседнатост имале и другите римски императори како што се на пример Диоклецијан(284-311), Домицијан (
81-96), Марко Аврелиј(161-180), Трајан(
98-117), Валериј(253-260), Аврелиј(270-275). Годините што го опфаѓаат првиот век намерно ти ги здебелив, за да забележиш дека тие ги гонеле првите христијани - оние кои го виделе воскреснатиот Христос и кои заради таа своја непосредна средба со Него, биле спремни да загинат маченички, но од верата да не се откажат.
Оние христијани кои биле римски државјани најчесто завршувале на полесен начин - со отсекување на главата. Но останатите биле најчесто живи запалувани на клада.
Римските императори не ги убивале веднаш штом ќе ги виделе христијаните. Тие прво им давале шанса да преживаеат со тоа што ќе се одречат од верата во Христос и ќе се поклонат и ќе принесат жртва на некои од боговите на римскиот император. Но христијаните, имајќи непоколеблива вера во воскреснатиот Христос Кого го имале видено со сопствени очи, едноставно не можеле да се одречат од Него и да го заменат овој земен живот со вечниот живот кој ќе им го подари Христос. Некои од нив дури и со песна си заменувале од овој свет, знаејќи дека смртта е само една обична запирка, зад која ги чека нивниот Спасител Христос да им го подари венецот на животот.