Атеист
Дежурен Шаман
- Член од
- 2 февруари 2010
- Мислења
- 7.682
- Поени од реакции
- 4.920
Се гледа дека појма немаш. Ако „ветер и магла“ се природни појави „глупости“ се уште поприродна. Место првиот израз подобро ќе стоеше вториот во мојот претходен пост.Ветер и магла се природни појави, за кои сметам дека ти се јасни.
Падот Адамов е причинител за се она што ти се случува тебе СЕГА, а те тера да се мачиш со имагинацијата за минатото и иднината.
Падот Адамов е казната која ти, јас и останатите ја издржуваме преку конечноста и детерминираноста на нашите размисли, каде ни се познати единствено почетокот и крајот, а никако и линијата на лавиринтот кој те носи од стартот кон целта.
А целта е страшна, целта е крајот на конечниот и детерминираниот процес кој се одвива во нашите глави, а воедно претставува почеток на еден друг процес кој симболично се нарекува рај или пекол, во зависност од линијата која те донела до целта, а ти свесно или несвесно си ја одбрал да ја исцрташ во текот на твојата конечност.
Падот Адамов е почеток на нештата кои треба да допринесат да ограниченото суштество наречено човек, направено налик повиоск ентитет, осознае како крајот на неговата конечност, ќе го однесе на почетокот на процесот симболично наречен рај, а тоа пак, ќе претставува изедначување со ликот, содржината и својствата на повисокиот ентитет.
Пусти хармал во Синај што направил, да не беше тој, не ќе постоеа законите.