Правна помош

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.917
Поени од реакции
31.145
Vo smetki za voda pisuva ima dolg za gubretarina
вака
сметка за ѓубретарина застарува за 12 месец, ако е тужено во тој рок од 12 месеци зтогаш не застарува, треба да се појде во комунално и да се види, ако има пресуда - мора да се плати, ако има тужба - треба да се оди на суд каде ќе се види дали се застарени или не а ако само така пишат а немаат ни тужено ни пресуда, треба да се побара тој долг да се избриши од евиденција кај нив пошто е застарен (освен ако нема направено некој договор за плаќање на рати па сег то застарување веќе не му важи)
 
Член од
4 март 2011
Мислења
564
Поени од реакции
409
Сметки за ѓубретарина застаруваат после 12 месеци, ако не се тужени или ако тужениот не направил некој договор дека ќе ги плаќа (на рати)
требаше приватното лице да се повика на тој закон и каже дека се сметките застарени и да му се избришат од евиденција, ако ништо не кажал, судот можеби донел пресуда да се плаќаат сметките, рок за жалба поминало и сега не знам шо може да направи
Пресуда има добиено? од кога е судењето?
Во жалбена постапка не може да се повикува тужениот на застареност, а најверојатно сметките не ни биле застарени, со оглед дека се работи за сметки од 2005 и 2006 година, а судењето било во текот на 2006 година, а пресуда сеуште нема. Но има нешто што тужениот може да превземе, а тоа е да поднесе барање за судење во разумен рок пред Врховниот суд на Рм и да бара паричен надоместок поради судење во неразумен рок.
 
Член од
19 септември 2009
Мислења
3.264
Поени од реакции
2.323

Како мислиш неможе да се повика во жалбена постапка на застареност, рецимо ако првостепениот суд не констатирал застареност по приговор на тужениот, во жалба може да се повикува пред второстепениот суд на застареност, слични милион работи сме завршиле...
 
Член од
2 март 2016
Мислења
148
Поени од реакции
64

И двајцата сте во право, прво во жалба не може да се истакнуваат процесни и материјални приговори ако претходно во текот на првостепената постапка не биле истакнати, и второ ако претходно бил истакнат процесен или материјален приговор но, судот не го земал во предвид при одлучувањето и донесување на одлуката, тогаш може во жалба да се истакнат, затоа што судот направил повреда на постапката, а тоа е основа за поднесување на жалба.
 
Член од
4 март 2011
Мислења
564
Поени од реакции
409
Како мислиш неможе да се повика во жалбена постапка на застареност, рецимо ако првостепениот суд не констатирал застареност по приговор на тужениот, во жалба може да се повикува пред второстепениот суд на застареност, слични милион работи сме завршиле...
Да се приговара на застареност може само до заклучување на главната расправа, не може таков приговор по прв пат да се истакне во жалба. Доколку тужениот во постапката пред првостепениот суд не приговарал на застареност, тогаш во жалбата не може да се повикува и да приговара на застареност. А тоа што ти го кажуваш е сосема друга работа и секако дека може да се поднесе жалба и по тој основ поради повредите веќе сторени од страна на првостепениот суд.
 
Член од
11 јуни 2016
Мислења
20
Поени од реакции
1
Во жалбена постапка не може да се повикува тужениот на застареност, а најверојатно сметките не ни биле застарени, со оглед дека се работи за сметки од 2005 и 2006 година, а судењето било во текот на 2006 година, а пресуда сеуште нема. Но има нешто што тужениот може да превземе, а тоа е да поднесе барање за судење во разумен рок пред Врховниот суд на Рм и да бара паричен надоместок поради судење во неразумен рок.
Smetkite se od 2005godina,a sudenjeto bilo vo septemvri 2006
 
Член од
16 декември 2012
Мислења
1.456
Поени од реакции
976
Smetkite se od 2005godina,a sudenjeto bilo vo septemvri 2006
А бе батка, се потепавме овде за твоите сметки на кои пишува дека должиш. Фирмата, која и да е, секогаш во сметките ќе ти ги впишува старите долгови. Оди во Суд и побараај дали има пресуда. Таму се си пишува. Ако е пресудено да платиш, плаќај, ако не, оди со пресудата и барај да ти го избришат долгот.
 
Член од
15 јули 2016
Мислења
36
Поени од реакции
26
Сакам да ве прашам нешто, ако го сметате за безвезално не морате ни да ми одговорите. Се работи за една мобилара што не сакам да и го откривам името. Од таму го купив телефонот со гаранција една година, а во брошурите на телефонот прочитав дека гаранција има 2 години, а година има само на деловире како што се полнач, слушалки и такви работи. Телефонот беше водоотпорен демек, ама влезе во него вода и камерата прекина да работи. Уште следниот ден го однесов, ама ми го задржаа скоро месец дена и сега ми викаат дека гаранцијата за мојот телефон не важела за тоа што во телефонот влегло вода наводно за тоа што јас сум ги оставила капачињата за мемориската и сим картичката отворени, макар што не знам кој намерно би го направил тоа. Е сега ми покажаа слики демек во телефонот има лакмусова хартија и штом влегло вода станувала црвена. Колку што имам јас познавања од хемија лакмусовата хартија реагира само на киселина, како и да е, и да влегло вода таму каде што ми покажаа нема капачки туку јасно се гледа дека има влезено од приклучокот за полнач. Капка што ми ја прели чашата беше тоа што ми кажаа дека некој дел кородирал. Не треба да си доволно паметен за да знаеш дека металот не кородира за кратко време, а со оглед на тоа што го држеа телефонот месец дена не допрен, сакал нејќел си кородирал сиромашкиот. Згора на се ми рекоа дека можно е и да не се направи телефонот. Не им е ова прв пат, со секој што разговарав ми рече дека првата грешка ми е мене што сум го земала телефонот од таму. Ме интересира дали за ова можам да ги тужам или не би се замарал некој адвокат со глупави проблеми?
 
GreenRoot

^Зелен^
Член од
20 јули 2011
Мислења
2.341
Поени од реакции
1.719

Кај секој водоотпорен телефон користењето е на свој ризик, т.е гаранцијата не покрива штета од вода.
 
Член од
8 септември 2008
Мислења
9.186
Поени од реакции
6.462
Имам некој проблем сосечење и откуп на дрва од приватна сопственост дадени на трето лице за експлоатација.
Значи се работи за шума со површина од околу 0.5 хектари поделена на 5 парцели. Договорот беше тој што треба да ги сечи и продава дрвата да изработи елаборат и пропратни работи што треба да се направат за разграничување и незнам друго што. Е сеа одкога се заврши со сечење и кога требаше да се подмират сметките лицето што ја сечеше шумата поднесе сметка за изработка на елаборат од 600 евра грубо. Е сеа прашањето ми е, колку и да сум лаик за овие работи на толку мала површина ми нема логика да се плати волкава сума за изработка на елаборат, дотолку што во 2015 година е донесена измена на закон со која цените за изработка на елаборат се намалуваат за 50% односно како што стои во текстот ако до 2015 за еден хектар шума се плаќало 15,000 денари сега се плаќа 7,080 денари. Значи според оваа математика ја треба да платам нешто над 50 евра за тој 0.5 хектар шума?
Ако има некој што може да направи груба проценка на сумата што треба да се плати комплет со сите пропратни трошоци би му бил благодарен.
 
Lu5

Som la gent Blaugrana!
Член од
30 ноември 2011
Мислења
4.098
Поени од реакции
7.012
Која е максималната сума во кеш која македонски државјанин кој бил на привремен престој во странство смее да ја пријави на царина без да плати данок?

Веб сајтот им е хаос па тука прашувам ако знае некој од прва рака.
 
Член од
30 ноември 2010
Мислења
110
Поени од реакции
48

1.1.Rezidentite mo`at slobodno da vnesuvaat efektivni stranski pari vo visina do 10.000 EVRA, a nad 10.000 EVRA vnesuvaweto e slobodno i e vo soglasnot so odredbite na Zakonot za spre~uvawe na perewe na pari. ( spored postapka propi{ana vo to~ka 6 od ova upatstvo)
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Lu5
Член од
11 јуни 2016
Мислења
20
Поени од реакции
1
Zdravo vraboten vo taksi zdruzenie ima 52godini dali treba da placa pridonesi firmata za nego
 
На врв Bottom