За порезот во Управа за јавни приходи. За данокот на имот се грижат општините. Толку ли ти згрешил?Каде се пријавува некој за неплаќање порез и останат данок за куќа?
Имаш табела за инвалидитет во полисата треба да си ја провериш, е вообичаено осигурителните компании според таа табела бодуваат многу помалку од реалното, така да при нивната понуда треба да пуштиш приговор, по приговорот тие вообичаено ја зголемуваат понудата и пак ако не е во ред, тогаш тужба се разбира со вештачење од соодветен доктор кој ке потврди поголем степен на инвалидитет, со што можеш повеќе да наплатиш по судски пат од осигурителна компанија...Дечки вообичаено кои суми се досудуваат кога тужиш осигурителна компанија за надоместок за телесна повреда,тешка телесна повреда?
Види во полисата што ти пишува и какви услови имаш договорено, ако нема никаква амортизација и шта ја знам можеш слободно со тужба да ги маваш...Дечки ај ве молам една итна консултација. Имено се работи за кола мерцедес кој е купен 18.000 евра од странство. Овдека е регистриран и при тоа платено е целосно каско. При проценката пред 4 месеци за да се плати каското колата е проценета на 32.000 евра. И на таа сума е платено фулл каско. Е сега неќна при невремето колата се наполни со вода и наводно сега ќе биде проценета тотална штета. Но сега наместо нивната проценка од 32.000 евра они сакаат да исплатат само 10.000 до 12.000 евра. Наводно некоја амортизација што била стара колата 5 години, а кога требаше да се плаќа за каско кај беше таа амортизација ? Така да ако има некој искусен да ми каже што да правиме, да ги тужиме бидејќи предходната проценка беше правена од нив така да јас сакам да се повикаме на неа а не на сегашнава која на нив им одговара.
Оригинален потпишан документ е цврст доказ. Фото-копијата секогаш може да биде оспорувана од спротивната странаМи интересира една работа, ако позајмиш пари на некој и имаш само каса прими дали тоа е доволен доказ дека си позајмил на некого пари? И дали само копија од истата каса прими може да е доволен доказ за позајмувањето ?
Е доказ да но дали каса прими сама по себе без никаква заверка на нотар е доволен доказ за поврат на парите ?Оригинален потпишан документ е цврст доказ. Фото-копијата секогаш може да биде оспорувана од спротивната страна
Реално, со каса прими без разлика фотокопие или оригинал, е доказ ама со слаба правна сила, а ако е единствен доказ, шансите за успех се мали, за разлика на пример извод од банка и слично, исто битен е на таа каса прими и чиј е ракописот (да биде на должникот) и со комбинација на други доказни средства ќе се зголемат шансите за успех...Е доказ да но дали каса прими сама по себе без никаква заверка на нотар е доволен доказ за поврат на парите ?
Каса прими и не е баш вообичаено да се заверува на нотар. Да повторам, ако е оригинал, и ако се неспорни потписите, мора да биде валиден доказ на суд. Впрочем, судот многупати одлучувал по такви доказиЕ доказ да но дали каса прими сама по себе без никаква заверка на нотар е доволен доказ за поврат на парите ?
Едино само што гледам како дупка дури и во оргинални каса прими е тоа што кој сака може да допише една нула на пример или па касата прими да била за нешто сосема трето а некој да тврди дека била искористена за нешто друго.Каса прими и не е баш вообичаено да се заверува на нотар. Да повторам, ако е оригинал, и ако се неспорни потписите, мора да биде валиден доказ на суд. Впрочем, судот многупати одлучувал по такви докази
Ако некој замижи, се е можно. Нули можат да се допишуваат и на Каса прими, дури и на уплатници. Пред 15-тина години на тој начин се плаќаа царински давачки, додека не ги „открија“.Едино само што гледам како дупка дури и во оргинални каса прими е тоа што кој сака може да допише една нула на пример или па касата прими да била за нешто сосема трето а некој да тврди дека била искористена за нешто друго.