- Член од
- 4 март 2011
- Мислења
- 699
- Поени од реакции
- 704
Бидејќи очигледниo се работи за заблуда, a ти си немал намера да го украдеш автомобилот. Но поседување на една иста ствар во никој случај не значи неодговарање пред законот. Затоа во секој случај посебно се утвтдува фактичката состојба и постоењето на намера а судот ги цени сите докази посебно, како и сите заедно, пред да донесе одлука, па имањето на иста ствар не те екскулпира од кривична одговорност, дотолку што истото може и да се злоупотреби (да се користи како некој вид на алиби зошто е извршена кражба).Кражбата упорно ја спомнувам бидејќи првото прашање беше за кражба. Ако по грешка го земеш моето пенкало, тоа не е кражба, бидејќи ќе докажеш дека имаш исто. Мене ми се случило да влезам во туѓ автомобил, мислејќи дека е мојот. Па не ме пријавиле ни за обид за кражба
@Bojan Van Buuren не може кривичното дело "кражба" да биде сторено од небрежност!!! Баш напротив, битен елемент на ова кривично дело е токму намерата противправно да биде одземена некоја ствар. Доколку намерата противправно да биде одземена туѓа ствар, тогаш воопшто не нНе знам зошто упорно го поврзуваш моето со кражба, коа во цитатот имам болдирано за што точно се однесува моето реплицирање
Хипотетички, зошто не би можело да има кражба од небрежност?
Ако имаме јас и ти исто пенкало, и по грешка го земам твоето место моето, имам умисла?
Да, во членот 8 не ја пишува изрично намерата, ама вика „...претставува дело од мало значење поради отсуството или незначителноста на штетните последици и нискиот степен на кривична одговорност на сторителот“. Еве може и да сум грешка, ама на факултет, колку што се сеќавам, ова ни го објаснуваа со намерата. Не ми се дома книгите по кривично да ја консултирам науката во толкувањето на „нискиот степен на кривична одговорност на сторителот“
и може да стане збор за кражба. Во законот точно е наведено кога сторителот кривично е одговорен за кривичното дело сторено од небрежност - тогаш кога законот определува кривична одговорност и за такво дело, а не за секое дело, така да не може да се зборува за "кражба поради небрежност".
Тоа што кривичното дело не се гони по службена должност, туку приватно не значи дека не постои кривична одговорност! Тоа што форца го пишува е тотално нонсенс, не може да одиш по продавници и да крадеш производи до 200 евра без да одговараш. Дури е и срамно еден адвокат да каже такво нешто!