Правна помош и совети

Член од
17 декември 2010
Мислења
5
Поени од реакции
0
daro koj ke mi pomogne i ke mi kaze kako odat prcedurite za otvaranje na sopstven biznis dali ima nekoj supvenci od drazavata za otvaranje na prehramben dukan koj dokumenti se potrebni za pocnuvanje na sopstven biznis vi blagodaram na site sto ke mi pomognete
 
slobbo

LoneRyder
Член од
16 ноември 2008
Мислења
1.686
Поени од реакции
583
Проблемот е следниов:
Се води парнична постапка за надоместување нанесена материјална штета (во овој случај јас сум оштетениот и тужам). Целиот процес оди по законската постапката (документи,вештачење, парници бла бла како иде сето тоа) и на последната парница на која треба да се донесе пресуда адвокатот на тужениот поднесува наводен документ издаден од ПС :::: при МВР со кој о одложува рочиштето. Е тука сега започнува проблемот: спорно е следното, поднесениот документ од страна на адвокатот на тужениот е изваден во име на тужителот (т.е. јас) и во истото пишува дека адвокатот е овластен полномошник од моја страна , а сето тоа е измислено зошто тој адвокат ја застапува другата страна во истиот случај кој трае веќе некое време. Е сега вака ме интересира по кој основ можам да го тужам адвокатот и кои и да е друг поврзан со случајов, Според некое мое скромно познавање на правото (што да се праи живот те тера :)) јас сметам дека би требало да ги тужам за злоупотреба на лични податоци, злоупотреба на службена должност и за фалсификување (доколку било приложено полномоштво бидејки јас не сум потпишал никакво полномоштво) па ќе ве молам за некој совет.
Однапред благоарам :)
 
Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.252
Поени од реакции
19.549

Нема потреба да го тужиш ни адвокатот,ни никој..
Ќе поднесиш приговор до судијата,кој решава за предметниот спор,ќе му укажиш дека адвокатот што ги презел тие дејствиа не е овластен од твоја страна да презема процесни дејствиа(нема полномошно) и судот кога ќе го утврди тоа,ќе ги укине сите дејствиа шо ги презел адвокатот,(во случајот документот кој го поднел адвокатот во ваше име,нема да има својство на доказ во парницата)и тие дејствиа нема да имаат никаква правна вредност...затоа што адвокатот шо го поднел тој предлог,нема процесни овластувања дадени од твоја страна да преземи правни дејствиа во парницата....
Ова е јасно предвидено во член 89 од Законот за Парнична постапка..и судот мора да внимава на овие работи..
Е сега во случајот се работи за груба грешка,која треба да се исправи,нормално ,по укажување од ваша страна...зошто очигледно е дека и судот во случајов,направил пропуст штом дозволил таков предлог да го одложи рочиштето...:kesa:
 
slobbo

LoneRyder
Член од
16 ноември 2008
Мислења
1.686
Поени од реакции
583
Благодарам за советот :)
Тоа дека ќе се одбие документот како доказ ми е јасно , но ме интересира дали може и по кој основ да го тужам адвокатот кој сепак извршил злоупотреба на моја штета, колку што се разбирам тоа е кривично дело, плус секој треба да си плати за својте грешки :)
 
Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.252
Поени од реакции
19.549
Благодарам за советот :)
Тоа дека ќе се одбие документот како доказ ми е јасно , но ме интересира дали може и по кој основ да го тужам адвокатот кој сепак извршил злоупотреба на моја штета, колку што се разбирам тоа е кривично дело, плус секој треба да си плати за својте грешки :)
За вината на адвокатот доколку извршил злоупотреба на својата должност за време на парница...решава само дисциплинска комисија на Адвокатската Комора на РМ...
Тие можат да го казнат адвокатот...да сноси одредени санкции,пенали...а најголема и најтешка санкција е исклучување од Комората....
+адвокатите уживаат имунитет...(до одредена мера секако ) за изнесеното од нивна страна,додека трае процесот,па често и ја злоупотребуваат својата положба...
Упати поплака за работата на адвокатот до Адвокатската комора,тие треба да си преземат дисциплински мерки против адвокатот....
 
slobbo

LoneRyder
Член од
16 ноември 2008
Мислења
1.686
Поени од реакции
583
Според ова јас најдов огромна дупка во законот и поради тоа сакам да станам и јас адвокат :zlo:
доколку може да се прават вакви злоупотреби без притоа да се одговара незнам до кај ќе стигнеме така...
ништо чудно утре да отиде истиот адвокат во некоја банка и како “ мој полномошник “ без полномоштво да земе некој кредит во мое име а он да си ги троши парите ...
 
Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.252
Поени од реакции
19.549
Според ова јас најдов огромна дупка во законот и поради тоа сакам да станам и јас адвокат :zlo:
доколку може да се прават вакви злоупотреби без притоа да се одговара незнам до кај ќе стигнеме така...
ништо чудно утре да отиде истиот адвокат во некоја банка и како “ мој полномошник “ без полномоштво да земе некој кредит во мое име а он да си ги троши парите ...
Пази,не е целосно така...,реков уживаат имунитет до одредена мера..
Не дека можат да прават шо сакаат....
Не значи дека во одредени ситуации не можат да одговараат кривично...
Имаше случај сега,со адвокат во Скопје,кој лажно составил пресуда на суд...и ги довел во заблуда своите странки....
Тој адвокат одговара кривично...
Значи законот им дозволува имунитет,за своите изјави во судските процеси каде што имаат процесна легитимација......и за дејствијата шо ги преземаат...но не им е искллучена целосно одговорноста...законот пропишал казни доколку сторат потешки дела...
Но без согласнот од Комората,не можи да биди лишен од слобода...ниту пак обвинет за кривично дело...
Доколку е осуден со правосилна ,безусловна затворска казна од минимум 6 месеци...тогаш автоматски му е одземено членството во комората и тој адвокат се исклучува од комората,....
П.С.Во твојот случај..постои кршење на правилата на затспување,односно непоседување на процесна легитимација од страна на застапник(адвокат)....
Затоа ти реков...дисциплински би одговарал адвокатов...
Позз
 
Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.252
Поени од реакции
19.549
Имав сообраќајка пред 5-6 години во која настрада една девојка која седеше на предното седиште. Останатите во колата не бевме повредени , девојката имаше скршеница на рамото, колкот и раката. кривицата беше моја, свртев на место каде што не смееше да се врти. Си застанав нормално на семафор на црвено чекајќи да се запали зелено за да завртам лево ( кое што два месеци пред сообраќајката ја забраниле за вртење лево). Значи мене ми беше зелено (за право а јас завртив лево) и на колата што ме удри и беше зелено.
Арно ама типот што ме удри со колата беше тиква пијан, имаше 1.80 промили алкохол во себе.
Девојката што беше со мене во кола доби отштета од осигурувањето во вредност од 2 милиони денари. На судската постапка која ја поведе државата против мене бев осуден парично.
Девојката на истата постапка побара да ја упатат на граѓанска парница. откога си замина судијата искоментира “што бара на граѓанска постапка кога земала 30.000 евра“
Прашањето е : Дали може многу да ме одере или поради тоа што земала голема сума на пари ќе се извлечам со нешто помалку ?
И после колку време од судската постапка застарува делото ?
Делото застарува за 10 години....

А тоа што земала пари од осигурувањето е друга работа,тие пари и следуваат врз основа на договор меѓу неа и осигурителната компанија...
Е сеа....таа како оштетена во спорот има право да поднесе предлог до кривичниот судија да ја упати на парничен спор,во кој таа може да бара парична оштета од тебе...
Тоа нема никаква врска со тоа што таа земала пари од осигурувањето,законот и дава право да бара оштета од тебе како причинител на кривичното дело,во кое таа се здобила со повреди....
И која е одлуката на кривичниот судија?И го одобри барањето?
 
Net

Член од
22 декември 2008
Мислења
29
Поени од реакции
0
Работев околу 8 месеци по 12 часа 4 до 5 дена во неделата.Платата од минатиот месец не ми е сеуште исплатена од 01.11.2010 до 01.12.2010 исто така и платата од 01.12.2010 до 15.12.2010 година за 12 работни дена.Не бев осигуран и затоа парите ги земав на рака и тие пари досега што ги земав ги уплајкав на факултет за да запишам семестар така и со тие пари што треба да ми ги дадат треба да го платам наредниот семестар.
Прашањето ми е :
Што ако не ми ја дадат платата и останат на збор утре другиден нема денеска ке ти се јавиме деновиве и сл. само за да не ми ја дадат платата?Разбрав од други кои познаваат некои кои работеле во истата фирма дека не плакале и дека не сум бил прв ако ми го направат тоа да не ми дадат плата.
Како би можел и на кој начин да си ги земам парите ако не ми ги даваат и упорно ме лажат долго време , дали со приватна тужба или има некој подобар начин ?
Ајде да направиме нешто добро ,да ми помогните за да си ги земам парите за кои има работено и со тие пари да си запишам нареден семестар на факултет ок ?
Пишете
 
Член од
14 декември 2010
Мислења
3
Поени од реакции
0
ми треба помош.....

другарка моја еден извесен период работеше во едно здружение за слепи лица...испадна дека тоа здружение не е како што треба..лицата кои го имаа основано тоа здружение го префлија на име на другарками што значи сега она се води како основач на тоа здружение да речам раководител или како и да се вика... откако се открија сите работи дека они должат многу пари на сите страни она сакаше да замине но во централен регистар неможе никако да го затвори тоа здружение зашто таму и бараат статут на здружението а она го нема зашто не и го даваат а фала богу не ни може да ги најде лугето....
дали некој знае да ми каже што би можело да се направи дали постои некој друг начин она да се тргне од таа позиција да речам???????
и уште една работа во тоа здружение она нема лично отворено сметка во банка а нели би требало само она да може да отвори сметка на тоа здружение како претпоставена????
ве молам за одговор......
 
Немаш никаков писмен договор со газдата?
Ако немаш писмен договор...џабе ќе се обидуваш по судови да се докажуваш..зошто немаш никаков писмен документ дека воопшто си работел во таа фирма,па согласно со тоа и фирмата не е обрзана за тебе да плаќа придонеси....
Најдобро е лично со газдите да го решиш проблемот,и да пробаш некако да ги извлечиш парите шо ти се должат....
Ако се тргачите по судови ништо не правиш...
позз

--- надополнето ---

ми треба помош.....

другарка моја еден извесен период работеше во едно здружение за слепи лица...испадна дека тоа здружение не е како што треба..лицата кои го имаа основано тоа здружение го префлија на име на другарками што значи сега она се води како основач на тоа здружение да речам раководител или како и да се вика... откако се открија сите работи дека они должат многу пари на сите страни она сакаше да замине но во централен регистар неможе никако да го затвори тоа здружение зашто таму и бараат статут на здружението а она го нема зашто не и го даваат а фала богу не ни може да ги најде лугето....
дали некој знае да ми каже што би можело да се направи дали постои некој друг начин она да се тргне од таа позиција да речам???????
и уште една работа во тоа здружение она нема лично отворено сметка во банка а нели би требало само она да може да отвори сметка на тоа здружение како претпоставена????
ве молам за одговор......
Дали твојата другарка потпишала дека прифаќа таа да биде раководител на здружението....?
И не може таа да се води како основач на здружение,кога таа не го основала..:nenene:..
 
Член од
14 декември 2010
Мислења
3
Поени од реакции
0
да потпишала...
и во централен регистар она се води како претседател или како и да се вика тоа.....
и во центар за вработување неможе сега да се пријави како невработена зашто се води како претседател на тоа здружение....
и сака да го затвори здружението или да се тргне она од таму ама како?????
од централен и кажаа да пише изјава или да даде оставка нешто такво....само и рекоа да се консултира со некој адвокат за поубаво да и објасни....
ај помош те молам :(:se_ molam
 
Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.252
Поени од реакции
19.549
да потпишала...
и во централен регистар она се води како претседател или како и да се вика тоа.....
и во центар за вработување неможе сега да се пријави како невработена зашто се води како претседател на тоа здружение....
и сака да го затвори здружението или да се тргне она од таму ама како?????
од централен и кажаа да пише изјава или да даде оставка нешто такво....само и рекоа да се консултира со некој адвокат за поубаво да и објасни....
ај помош те молам :(:se_ molam
Најверојатно не можи да го затвори здружението зошто сеуште има долгови,и мора некој да ги покрие тие долгови......
Е сеа...добар е советот од централен...за поднесување на оставка...
Законот и дава право да поднесе оставка на функцијата....
Сепак најдобро е да се консултира со некој искусен адвокат за оваа работа,или не мора адвокат,во правна служба на Централен Регистар мора да ја знаат подетално процедурата во вакви случаи.....како е најдобро да се постапи во случајов...и да се отргни правно од тоа здружение......
Позз
 
slobbo

LoneRyder
Член од
16 ноември 2008
Мислења
1.686
Поени од реакции
583
Да не знае некој која е постапката за пријавување приватна забава во МВР? :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom