Човекот од кој е купено змиштето е починат е сега неговите синови се живи ако тие имат таков документ со тој документ што да направам да понесам жалба и со неа да го доставам документот или како бидејки имам краток рок за средуванје на ситуацијата 30 дена?
Побарајте документи од претходниот продавач, поточно од неговите синови, документот мора да биде наследно решение, решение за поклон или нешто слично и со тој документ треба да се докаже како го стекнал имотот претходниот сопственик,
потоа треба да отидете во катастарот и да побарате уверение за историски преглед на извршени запишувања на таа парцела кое чини 600 денари и ги содржи сите движења на парцелата од 50-60 години кога ги вршеле геодетските снимања (секоја општина е различно)..
Тоа уверение се вади по службена должност, но бидејки кај вас има проблем подобро е вие да отидете и да си го извадете, службеникот и претходно требало да го има извадено и сигурно го извадил, ама за да се отарасат побрзо од предметот, којзнае дали го има и разгледано.
Значи ако обезбедиш документи каде се гледа дека тој е првиот сопственик, обавезно да отидеш или некако да се јавиш во тоа оделение каде ти е изготвено решението и да поднесеш жалба,
предметите се разнесени низ цела Македонија и ако не е во твојот град малку ќе ти биде потешко да се разбереш,
како што кажав тие гледаат само да се отарасат од предметот, па ако помине помине, пола така си ги елиминираат
Ти си еден од посреќните што ти доставиле решение во овој краток рок од 6 години, со тоа темпо на работа можеби ќе стасаат до 2025г да ги решат сите