Евн го менува броилото во двор во индивидуална сопственост без да се извести корисникот на броилото (јас), сопственикот на дворот (мојот татко) и корисникот на имотот (јас). Сопственикот на дворот/куќата како и домаќинството не се присутни веќе на таа адреса (нема никој што би рекле)-дали има негде постапка/законска процедура да се прочита дека треба да се известат овие лица (корисник и сопственик)? Дали имам право да ги тужам затоа што без да ме известат во куќа во која никој не живее, влегле во двор и го смениле (на 27.02 што е една недела откако пријавив во евн да ми стигнува сметката на сосем друга адреса) броилото? Дури сега на сметката гледам дека било променето.
И една забелешка-броилото беше дигитално, од новите и не беше расипано.