а) За да се следат и почитуваат
б) За да бидат прекршени и заобиколени
Значи која од овие две опции повеќе одговара на вашиот карактер?
Ниту една од горе посочените.
Јас велам дека треба да се модифицираат, да се пронајде малиот премин каде што, задоволството на кршењето на правилото ќе биде присутно и секако, совеста чиста.
Знам, знам, дека многу барам, но ако човек се потруди ќе успее и кралот да го убеди дека е коњ.
Се што е невозможно, сеуште никој не го направил.:smir:
Дали сте човек кој претежно ги следи правилата или пак најчесто ги заобиколувате и терате по свое?
Следам правила, иако се декларирам како тврдокорен неконформист, ги следам правилата, затоа што ми се допаѓаат.
Ми влеваат сигурност на некој чуден начин, ме штитат од одредени девијантни појави во ова наше современо општество.
Секако, знам да заобиколам некое правило ако е навистина неопходно и со тоа докажувам поента, но во принцип, сакам да се држам до правилата на играта за да можам чесно да победам.
Ако воопшто се победува така.
Дали оправдувате прекшување на правилата и во кои ситуации?
Субјективно е.
Но оправдувам голем број на работи, додека за тоа има добра причина.