Чекај малку. Како тоа може да ги прашаш „СЕ’“?
Јас не би сакала да работам со некого кој ќе се чувствува слободен да ме праша СЕ’ и кој уште на самото интервју го крши законот.
Мирјам душо,
Под “се“ не подразбирам баш интимни или непристојни прашања. Од друга страна, тргнете ги настрана тие размислувања дали го крши законот со барање слика или прашања дали си мажена или имаш деца....Не знам што е спорно тоа?
Јас на интервју прашувам исти работи што би те прашал и ако утре те викнам и се сретнеме на кафе во кафиќ.
Види , на интервју 90% од кандидатите имаат трема и се под некој вид стрес што спречува правилна проценка. Барем јас лично сум се трудел да водам опуштен и неврзан разговор во кој ке вметнам , за мене, битни прашања .
Е сега, пошто битните работи за кандидатот веке сум ги видел од ЦВ-то, и штом сум решил да викнам на интервју, значи размислувам за него. Ми треба психолошка процена, дали лаже ( пошто сите ЦВ се нај, нај...), каков став има, како размислува, дали ке биде добар за таа позиција што ја очекувам, дали ке се вклопи во работната средина...
Ти нели ги прашуваш кандидатите кои се нивните јаки, а кои се нивните слаби страни, што очекуваат од надредените, одите ли во петок на пиво после работа?
Такви глупави прашања, искрено, не сум поставувал.Не ме интересира да ми каже јаки страни ( знам дека ке биде нај,нај ) или слаби ( ке нема ) или што очекува од надредени. Тие работи јас сакам да го откријам низ разговор.
На 70% од прашањата не ме интересира самиот одговор. Што да очекувам на прашање зашто напуштил од претходна фирма? Очигледно дека имало проблем, или кај работодавецот или кај него. А тој сигурно нема да ми каже дека е кај него, нели ? Значи, не ме интересира самиот одговор, ме интересира како ке го склопи тоа, како ке ја спакува таа приказна, каков став ке има...Е сега, ако е баш смотан па да каже дека се степал со директорот, или дека го избркале поради кражба, е тогаш, да, ме интересира и одговорот
И дали истите тортури треба да ги мине и некоја жена чијашто задача е да крева слушалка и да праќа факсови, како и некој што конкурира за висока позиција? Мислам, дали и таа треба да знае 2 странски јазика, да остане немажена и без деца и вечно да биде 23 години. И да ти кажа каде се гледа за 5 години
Прво, тргнете го размислувањето за ТОРТУРА. Размислувајте како за обичен разговор на кафе со пријатели....
Не сум правел интервју за многу високи позиции.
Ама во глобала интервју си е интервју, значи проценка на иден вработен дали е соодветен и најдобар за барано работно место...Ако таа жена што ја даваш пример, работи и крева слушалка во извозна фирма и ако барањата од позицијата се такви, тогаш , ДА, треба да знае 2 странски јазика, нели.
И ако коментирам личен став, не оправдувам прашања/ барања да остане немажена, без деца или слично.....