Ај да дадам мое мислење. Сум бил и ајс на неколку интервјуа, ама повеќе сум правел јас интервју, сум читал 100тици ЦВ-а, сум примал луѓе, па можеби ке биде од корист на некого мое искуство....
Прво, спреми добро ЦВ.
Од интернет има куп обрасци. Она што е битно е ЦВ да бида кратко и јасно. Никој нема да ти чита 5-6 страни. Ако ме бендиса, крајниот став за кандидатот ке го добијам на интервју, очи во очи... Значи максимум 2 страни. Пожелно е слика, а ако е наведено-тогаш обавезно слика.
Содржина :
Основни информации ( име, адреса, телефон, маил..)
Образование , и тоа највисокото ( пример, ако има факултет, не е битно да стои средното, освен ако тоа средно нема директна допирна точка со аплицираната позиција)
Работно искуство ( хронолошки, почнувајки од последно) и тоа фирма, дејност, период, позиција, работни одговорности. Тука може да иде и волонтирање, пракса
Обуки, семинари проекти, сертификати и сл.
Вештини; странски јазик ( кој, ниво на познавање), комјутери - програми, други вештини што ги знае/ има кандидатот а се барани или интересни за позицијата. Не мора директно поврзани, може и поопшто. И јас сум примал лица ( а и мене ме примале ) со апликација за една работна позиција, а вработување на друга....
Лични особини и сл. на кратко
Со пуштање ЦВ по маил, се пази на неколку работи.
Документ во Ворд, со наслов имепрезимеЦВ.доц. Со ова обично оди и пропратно писмо, што се става како текст во маилот, каде на кратко (1-2 реченици) се образложува окулу огласот, за која позиција се конкурира и сл.
Понатаму оди кратко објаснување, исто неколку реченици, зошто мислиме дека сме добри за бараната позиција ( значи поради големо претходно искуство, и сл. што е во врска со бараните карактеристики наведени во огласот)
Понатаму, 1-2 реченици зошто сакаме да работиме во таа фирма и сл.
Се завршува со тоа дека дополнителни информации може да се дадат при интервју.
Е сега, со оглед на тоа да сум гледал секакви ЦВ-ја и пропратни писма, мене ми било битно да е сето средено, културно, правописно...мада не и најбитно...
И после иде интервју. Тука е целата работа.
На интернет има многу окулу тек интервју, па да не се повтоуваме...Значи, временска точност, среден изглед, културна гардероба, се подразбира. Шема на очекувани прашања, очекувани одговори, дали да се праша ова или она, исто многу на истернет....
Значи , заборавете дали е законски да праша ова или она...Се што сака ке се праша..
По мое битно:
Бидете сигурни во себе. Некој треба да ве вработи, да ви довери задача и да ве плати. Ако не оставите сигурен впечаток на интервју дека сте добри за тоа што конкурирате, заборавете на работа....
Бидете позитивен. Многу битно...
Бидете информиран за фирмата. Од интернет, од пријатели....Дознајте која е , што работи, како е со плати, какви меѓучовечи односи има ...
Ислушајте убаво и нормално разговарајте. Утре тоа ке ви бидат колеги, нели...
Прво ке треба да објасните за себа , искуство, зошто ја сакате таа работа,...
Прашајте за обврски што се барааат од таа позиција, што би очекувале од вас утре
Објаснете зошто сте добри за таа позиција и зошто баш вас да ве изберат
Доколку не ви кажат, на крај слободно прашајте за плата, ако сте со јако искуство, слободно кажете сума, прашајте за работно време, слободни одмори.
****
Се надевам дека на некој ке му помогне сето ова....