А шо санции кучињава добиваат за агресивно однесување? Кои пари ги даваат они?
Ти го објаснив тековниот систем на санкции, ако не ти се допаѓа имаш легитимно право да побараш да се смени, но дотогаш ако те понесе бесот можеш да завршиш и во затвор, а во најдобар можен случај да платиш парична казна.
Не знам зошто стриктно се фати само за кучињата (кога за тоа си има адекватна тема), а на спротивната страна од вагата не ги стави и кучињата во спасувачките единици, независно од тоа дали се работи за вода, планина или руини, или пак кучињата кои им ја олеснуваат работата на полициските единици при потрага на дроги, наркотични средства или одредени хемикалии. Јасно дека има напади од кучиња, проблемот е нерешлив, но за тој напад имаш и парична компензација и евтаназија на кучето. За тој напад, макар и да е обична гребаница, ќе земеш најмалку 2.000 евра. Од интензитетот на повредата, и многу повеќе.
Не знам дали знаеш, но веќе во светот се тренираат одредени глодари за детектирање на мини. Бидејќи се лесни, не ја активираат мината, го поткопуваат просторот каде се наоѓа мината и истата потоа се отстранува. Не знам дали кај нас сеуште има мини од војната од 2001 година, мислам дека едно време се зборуваше дека има околу Скопскиот аквадукт, но затоа во Босна има неколку стотинаилјади мини, а ова е еден од начините за нивно отстанување без да се ризикуваат човечки животи.
Веќе има истражувања за фотографската меморија кај приматите, одредени мајмуни (како на пример мајмунката Коко) знаеа неколку илјади зборови на гласовниот јазик, одредени папагали (пример Алекс) можеа да формулираат цели реченици, па дури и да собираат. За нив има и документарци. Тоа е интересна тема.
Дебатата може да се прошири, може да се зборува за полезноста на животните за човекот, општеството и природата, некогаш и за емоциолната, не мора да се задржиме само на правната природа. Имаше еден интересен пример, кој го прочитав во книгата на Дејвид Атенборо и истата топло ти ја препорачувам, за контролираниот лов на примитивниот човек кој претежно ловел мажјаци, пред питомизацијата на животните, со цел да ја одржување на популацијата на животните. Неконтролираниот лов започнува со колонизацијата, експодира првата половина во 20от век, каде веќе во втората половина има и одредени забрани за лов на одредени видови на животни (пример китот), каде постепено бројката започнува да се стабилизира. Тој е само еден од низата животни, а многу е битен за контролирањето на нивото на планктони, кој се битни пак за нивото на кислород.