Секако дека може, кога Али Диа можеше зошто не и ти, почнуваш да тренираш една недела се преставуваш како братучед на Пандев и таман пред да почне сезонава потпишуваш за Саутемптон. Само желба и верба дечки
Доколку си висел по кафани и по ноќни клубови сигурно дека нема, но ако си се бавел со некој спорт во средно, основно можеш да почнеш. Ако не грешам Тони Кукоч се бавел со разни спортови, но пошто бил доста висок се решил за кошарка. Така да лесно е да се префрлиш од еден спорт во друг, но никако од ништо, од џаболебарење на фудбал или било што.
Па добро, сигурно дека некој што би почнал да тренира/игра не го пуштаат одма пред 20000 публика, без разлика дали почнува на 9 или 20 години.
Почнуваат од тренинзи со ич публика/родители/роднини, па малку публика (исто така со родители/роднини) кога се игра против друга екипа, па поголем/локален стадион со неутрални гледачи и се тоа по ред, додека стигнат до 20000+ публика.
Тоа е постепено навикнување на условите за игра и за вниманието/навивањето/довикнувањето на гледачите кон теренот, не е ментална сила.
90% од менталната сила во фудбалот е да сакаш да го тераш тој живот и одрекувањата што одат со него. Настап пред 20000 публика им е meh ако веќе стигнале воопшто до тоа ниво да ги гледаат 20000.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.