Почнување фудбал на 20 години со цел да играш профи?

Член од
14 април 2012
Мислења
31.487
Поени од реакции
62.214
Tреба премногу коцки да се поклопат, и што се мисли тој успех. Играње во првите 5 лиги во Европа е скоро невозможно.
1. Телото да му е здраво, да не е некој со X нозе, и да има спортувано претходно. Не знам колку време треба за да добие мускулна меморија за да го издржи теретот на играње професионално.
2. Треба фудбалот да ти е пасија и да има талент. Не бива од секое дрво свирче. Ако не го влече, 100% нема да успее.
3. Треба да игра во лига каде редовно се прати фудбал, и има можност за напредување од лига во лига
4. Ментална сила. Да пуштиш нормален човек пред 20.000 публика, памет ке му штукне.

Не е невозможно, ама шансите се премали.
 
naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
8.951
Поени од реакции
5.508
Не можам да најдам точно кој, ама некој од нашите најдобри играчи (во 90-тите години) почнал да игра фудбал после 18-та година.
Денес е потешко да успееш така, но секако дека се е можно.
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
8.884
Поени од реакции
17.487
Не можам да најдам точно кој, ама некој од нашите најдобри играчи (во 90-тите години) почнал да игра фудбал после 18-та година.
Денес е потешко да успееш така, но секако дека се е можно.
Мислам дека и Рибери почнал од таа возраст или грешка сум?
 
Топче

Арсеналиста
Член од
18 септември 2010
Мислења
9.183
Поени од реакции
14.447
Чекај сега, правиме муабет за човек што нема шутнато топка и на 20 години да почне да тренира "озбилно", или за луѓе што од мали играле маалски и турнирски фудбал ама никогаш не тренирале "озбилно"?

Ако е првото, нема шанси никакви.
Ако е второто тогаш дефинитивно може.
Шансите да напраиш милиони се мали, ама да играш професионално фудбал и тоа како може.
 
Trent Alexander Arnold

Stamford Bridge, Fulham Road, London, UK, SW6 1HS
Член од
30 јули 2020
Мислења
914
Поени од реакции
4.145
1624405595831.png

Еве сум јас со Стивен Џерард на 6 години, на Енфилд Роуд.

1624405633442.png

Еве сум јас исто на Енфилд Роуд, некаде 2007ма, 2008ма година...

1624405691111.png

Еве сум во 2019та година.

Па сеа вие размислете што понатака...
 
Член од
16 април 2014
Мислења
7.055
Поени од реакции
11.023
Kај нас НЕ, во по салам држава ДА, само шансите се минимални.
И немојте со споредбите од минатото, тогаш талентот бил најбитен. Сеа е др време.
Tака да колку и да е спремен технички и има фудбалски памет, џабе ти е ако телото не му го слуша паметот.
 
Член од
6 мај 2021
Мислења
699
Поени од реакции
1.290
Има пример во кошарката:
Дражен Далипагиќ има почнато на 19 години, па беше едно од најдобрите крила во светот.
Исто на пример Столе Стоилов на 18 години почнал да тренира ракомет, па сега има солидна кариера.
Е сеа јес дека до 18 години тренирал кошарка.
Пример да почнеш на 20 да тренираш фудбал а до тогаш не си правел ништо не верувам дека ќе успееш посебно со условите кои ги има фудбалот во Македонија.
Треба многу коцки да се сложат за да успееш:
Да си во странство, да си тренирал барем нешто малку претходно, да имаш талент, да си здрав и да си пре пре пре упорен може и да направиш нешто како Варди, мада мислам дека тој има почнато со фудбал порано ама не ме држете за збор.
 
Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
35.252
Варди е од мал со топка бе, тоа шо се маткал по ниски лиги во Англија до 27-28ма година од животот е друга приказна. Мислам дека имаше една изјава дека од 7 години тренира, ги има поминато сите јуниорски категории пред да заврши во 4 или 5та лига која и да беше таму.

20 годишен човек шо немал никаков контакт со топка или неколку годишен тренинг, НИКОЈПАТ нема да биде професионален спортист, не само фудбалер. Јас би рекол и 13-14 е касно, камоли 20. Кажи му на другар ти нека зима таму нешто ИТ сектор нека кодира некои букви, оти фудбал професионално нема да игра никојпат.

20 годишен професионален фудбалер е веќе готов продукт, му преостанува само искуство да збира.
 
Член од
7 декември 2019
Мислења
4.633
Поени од реакции
8.205
Прегледај го приврзокот 299409

Еве сум јас со Стивен Џерард на 6 години, на Енфилд Роуд.

Прегледај го приврзокот 299410

Еве сум јас исто на Енфилд Роуд, некаде 2007ма, 2008ма година...

Прегледај го приврзокот 299411

Еве сум во 2019та година.

Па сеа вие размислете што понатака...
Ти се познава дека си од Средорек, парк, игралиште во близина! Со време си ја фатил работата озбилно.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.607
Поени од реакции
34.830
Во друштво секоја вечер последнава недела ја муабетиме темава ама никако да се објасниме.
Еден од друштво упорно тврди дека не е касно 20 години за да почнеш да тренираш фудбал со цел некој ден да играш професионално и да живееш од тоа,
а сите други го делиме мислењето дека на 20 години е премногу касно и дека тие што почнале со тренинг на 6, 7, 10, 12 години едноставно имаат многу повеќе искуство и "предност" што би рекол, што не е можно да се стигне.

Јас бев најупорен во дебатава и пробав да му докажам дека не е можно тоа зошто никој претходно го нема направено.

Е сеа он е упорен демек "Ти ако се откажеш од се и тренираш доволно јако и веруваш дека ќе биде, ќе успееш" и дека "Ништо не е невозможно", "Биди ти првиот", и такви класични мотивирачки срања од филмови.

Дали братот е отиден или има право? Дај пишете што мислите па да му ги покажам коментариве (кога сите ќе кажат која е реалноста).
Можно е ако ги има следните работи: апсолутно здрав, претходна кондиција би било предност, кеш, екстремно силна волја.

Првите година дена ќе му бидат потребни да ја постигне кондицијата и со екстремна суплементација и сигурно 2 стероидни циклуси да врзе: тетиви и мускулатура.
Следна година некоја втора/трета лига (кешот ќе помогне и тука), ако е екстремно снажен физички ќе ги шие овие и да е дупка во скилови, во меѓувреме приватен тренер да стекне вештини и многу среќа за во рок од година дена да го намириса некој од првите клубови кај нас (врски/кеш може да помогнат да го убрза процесот). Додека е во пониски лиги дури и да имаат проверки за допинг може да се најдат стимуланси кои нема да бидат детектирани со цел да одржува мускулатура.
Ќе му требаат многу памет и среќа за да избегне повреда во текот на целото „патување“, ако успее во тоа има шанса да отиде и во супер лиги и сл.

Сепак, како и да е, дури и да успее нема да има долга кариера, додека да се истакне ќе ги фукне 30 години, а после тоа секоја ти е гратис да поминеш без повреди и формата ќе си паѓа.
 
Со се' се сложувам, освен со должината на кариерата.
Прво е индивидуално, второ ако си почнал на 20+ да го возиш телото турбо, голема е веројатноста дека ќе го повозиш некои 15 години. Уствари не е важно кога си почнал тие 15+/- се некоја оптимална бројка. Руни ти е жив пример, рано созреа ама и рано презреа. Ок, кај него и стил на живот и останато, ама генерално тоа е.
Има исклучоци како Ибра, ама он е празен у тоа главата и цела енергија му оди во мускулатурата :D Од друга страна Мата, со сите марифети човекот, опадна на 30 години.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.607
Поени од реакции
34.830
Со се' се сложувам, освен со должината на кариерата.
Прво е индивидуално, второ ако си почнал на 20+ да го возиш телото турбо, голема е веројатноста дека ќе го повозиш некои 15 години. Уствари не е важно кога си почнал тие 15+/- се некоја оптимална бројка. Руни ти е жив пример, рано созреа ама и рано презреа. Ок, кај него и стил на живот и останато, ама генерално тоа е.
Има исклучоци како Ибра, ама он е празен у тоа главата и цела енергија му оди во мускулатурата :D Од друга страна Мата, со сите марифети човекот, опадна на 30 години.
Многу фактори се во игра колку години ќе успее да издржи.
Генетски предиспозиции, повреди, типови на повреди, кога ќе успее да влезе во високи лиги (сите коцки да се поклопат и се да оди како подмачкано тешко пред 23 год, поверојатно 24/25).

Екс атлетичари и слични спортисти ако немаат тешки повреди може на било која возраст да ги прешалташ во спорт како фудбал во рок од 1-2 години.
Уствари еве ти ги француски лиги, пола џупци кога ќе ги земат знаат само да трчаат како луди, на почеток се шлепаат на кондиција и брзина. Ако е апла брз доволно е да научи само да ја кошка топката пред себе и да трча :D
 
Dani

1 + 1 = 10
Член од
22 јуни 2010
Мислења
24.033
Поени од реакции
57.162
Само на PES
 
Kajgana Shop

На врв Bottom