Прав си, знакот и двата рефлектори кај вратата се нови, или пак постари но не сум ги приметил, а и трибините шуќур се подсредени, друга промена стварно не гледам овде од моето последно поминување (а цел ден толку ми се вртеше во глава како е можно да го пуштиле целосно објектот во употреба
). Немав време да одам надолу а и не верувам дека е можно, чисто да сликнам да се види дека вистинската работа на овој објект, кој читај: се „реконструира“ веќе 15 години а можеби и повеќе, тек допрва почнува и е далеку од направено. За пијаниците, наркоманите и слични срања што тебе најверојатно ти бодат очи сеуште ги има и ќе ги има на истата локација, доволно е да поминеш некоја ноќ само, глупо ми е и тоа да го сликам. Моето мислење е дека вака ќе си остане во наредните 10/15 години (иако официјално реконструкцијата е сеуште во тек) за повторно да дојде до истата слика како што си беше пред твојата фамозна реконструкција:
А и не ми кажа кое игралиште во сред Ново Лисиче сме го направиле лом
Ме правеше буквалиста, затоа те подпрашнувам од време на време
Глупа ми е постапката на почнување на реконструкцијата ништо лично кон тебе. Прво сликање, па после за некоја година можеби ќе почнат. Сликај се кога ќе почнат ебате, не вака!
А за бостанџијата додека им испратиш меил и додека ти одговорат тој го продаде скоро бостанот
. Башка излезен беше првите денови, после на тревникот почна да си паркира
Ваљда не е надлежност на општината тоа, подобро да се жалиш кај оние од градски паркинг. Сигурно не им останал неприметен кога веќе јас и ти сме го приметиле, но некои работи се преќутуваат за гратис лубеници изгледа. А и не е само тој, ги има на повеќе локации.
Пошто се жалиш многу ископачив нешто, се надевам ќе ти се разбистрат некои работи.
14 од 120 проекти се однесуваат на населбата Лисиче, Горно и Долно Лисиче. Уште толку од прилика се за Мичурин, Ново Лисиче, Јане Сандански и сите останати заедно, а и додатни петнаесетина за кејот покрај Вардар. Останатите проекти (50% од прилика) се однесуваат на целата општина заедно како поставување клупи, канти и слично. Точно, некаде се потрошени повеќе пари, некаде помалку (кога ќе видиш, уствари една реконструкција на улица или една фекална мрежа лаички гледано чини колку еден парк, но ајде).
Некаде ќе се гради канализација, а некаде паркови. Да требаше да се гради канализација во Јане Сандански, веруј, немаше да се прават толкави паркови сите тоа го знаеме. Како според оваа листа вашиот дел е отфрлен од општината, стварно не ми оди во глава.