Ми отвораш стара рана. Да ти раскажам една приказна. На времето во Тафталиџе, во непосредна близина на средното Георги Димитров, имаше една кафана се викаше Веки, во подрумот на една куќа. Објектот сеуште постои само одамна е празен и не функционира. Во Веки пееше Жаклина Терзиева, алијас Жаки Макарена. Не можам да ти опишам што беше тоа. Нема видеа од тоа време. Ќе ставам само една слика од Жаки тогаш.
Колку што пука од сексипил на сликава, толку пукаше од харизма. Кога ќе фатеше да пее, 20% фалшливо, 20% пискаво, 100% боженствено, цела кафана беше во екстаза. Златните врмиња на Скопје, не постоеше концептот лаунџ бар, се пушеше внатре, биртиите работеа до разденување и даље, смееше да се качиш на стол, на маса, за пари можеше се. Жаки не беше ѕвезда. Жаки беше ЅВЕЗДАТА. Еден мој другар знаеше да каже-Два пати во животот сум завршил на токсикологија. Првиот пат беше ради Жаки Макарена. Жаки го вадеше од човек она основното, она суштинското, она есенцијалното. Примордијалната исконска потреба на прокреација, желбата да го извадиш анималистичкото, сељачкото од тебе и да го прегрнеш со целото свое постоење, да се качиш на столче, да и бутнеш 1000-ка меѓу цицки, да клекнеш на колена на подот полн засушени дамки од наливно вино, пикавци, тетанус и предсемена течност за да може да ти пее на увце: Јер немаш срцааааа, јер немаш душееееее!!!!!
Животот продолжи да тече. Ја барав Жаки на џез фестивали, ја барав Жаки на транс журки, ја барав Жаки во биртиите скриени во тесните истамбулски сокаци кои се одвојуваат од Таксим, си викав, браќава Турци ако не можат да те отворат кој? Па они го измислија турбофолкот. Ја барав по етно состави на Оф Фест, по авалони, литиум рекордси и пасворд продакшни. Во меѓувреме бев и на опери и оркестри, ги гледав Травијата, Турандот, Кавалерија Рустикана...ја гледав Весна Гиновска Илкова, ја гледав Наде Талевска како ја пее песната на дивата од 5-тиот елемент. Многу ќе кажат дека таа песна не е лесна да ја фатиш дури и како професионална оперска пејачка. Наде Талевска ја фати. Македонска Филхармонија многу пати, Пекиншката Филхармонија како гости во Скопје, гости од соседни и несоседни оркестри, филхармонии, оперски и неоперски пејачи. Брус Дикинсон и Мејден два пати.
Џабе. Џабе беше се. Џабе тие учеле музика, џабе оделе во конзерваториуми во Санкт Петерсбург, во Виена, џабе дадов 20 евра карта во Берлин за да слушам џез состав од Беркли, џабе магистрирале, џабе докторирале, џабе награди, џабе сертификати, џабе коња врани и ливади разиграни.
Апсоултно никој друг не можеше да ме транседира низ постоењето, да направи да сум толку жив токму тука во Македонија, на Балканот, каде што постои турбофолкот. Во врв на пијанство еден другар ќе речеше-Јас ги жалам Американците, немаат турбофолк, немаат на што да пијат. Сите овие години јас чезнеам барем уште една маратонска ноќ да сум во Веки со тогашната екипа (дел женети со деца, дел преселени низ светот) и да ја слушнам неа тивко, како на светот јас да сум единствената публика што ја имала и ќе ја има, нежно да ми каже "Срце је моје виолина, што је дираш кад не знаш да свираш". Би се задужил кај лихвари како автомеханичар во Златна Копачка. Би се ставил на веганска диета 3 месеца. Би пропушил пак и пак би ги оставил цигарите. Наде Талевска ја нема таа моќ. Жаки е подобра од Наде Талевска. Жаки го прави постоењето на Виенската Филхармоија непотребно. Жаки е човеколиката форма на порталот во Stargate.