Постпородилен абортус

Член од
9 август 2009
Мислења
104
Поени од реакции
115
http://www.fakulteti.mk/news/12-03-04/shokantno_abortus_posle_ragjanje.aspx

Неможам да се соземам откако пред некоја минута го прочитав ова. Неможам да прифатам дека дека некој кој себеси се третира за нормален и успешен професионалец може да помисли, а камо ли да изјави вакво нешто во јавноста :вонзем:

Незнам дали требаше ова да го сместам во некоја веќе постоечка тема, можеби ќе заврши во ѓубре, ама како и да е...
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Добро бе, глобалново затоплување ли толку им влијае на мозокот на луѓето?
Како бе нема разлика од фетус и бебе? Како бе нема разлика од абортус и УБИСТВО НА ДЕТЕ?:facepalm:
На пример, јас лично сум против абортус, ама сепак немам право да им се мешам на другите во изборот, ако сакат да абортираат нека абортираат, ама да заговараш УБИСТВО на живо, родено и беспомошно суштество е врв на дебилизам, искрено.
Во одредени држави, не сум сигурна кај нас како е тоа регулирано, ако некој намерно на пример бутне бремена жена 8-9 месец по скали и притоа таа го изгуби детето, ќе биде кривично обвинет.
 
Член од
9 август 2009
Мислења
104
Поени од реакции
115
Кога си дозволила ова да го каже јавно, што ли и се мота во мрачните ќелии во мозокот? Оваа треба да се осуди како што ги судат за верска омраза, расизам и сл. Ма полошо е, што зборам...
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.966
Поени од реакции
23.403
за аботрус до 3 месец око не ми трепнува, избор и приватна работа на жената и тука нема збор. нејзино право.
се породи, гукна, почна да плаче тогаш е чисто класично убиство и нема бегање. ако го нејке нека го даде во дом или на посовјување или така нешто, да го отепа е чедоморство. без разлика дали е старо 3 секунди , 3 сати или 3 дена.
 
Член од
9 август 2009
Мислења
104
Поени од реакции
115
Да го убие мајката е чедоморство, а што е кога би го убиле врвни доктори? И притоа да ја убедуваат јавноста дека тоа е во интерес на човештвото?!?!?
 

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
Кампања за убивање на луѓе. Лудава треба да се затвори...
Човекото битие е составено од материја (телото) и форма (душата). Животот на луѓето не смее да зависи од мечтите на измамници и психопати!
Господ стана вишка. Ние си играме Господ...

П.с Ако го погледнеш нејзиното излгање - дека новороденчето и фетусот се исто, ќе сфатиш дека ова е една фантастично добра кампања против абортусот ( јас лично сум за тоа дека е право на избор и треба да остане како такво) . Мислам дека тоа и е поентата на "докторкава". Медиумска фрка против абортусот.
 
O

Orion.

Гостин
Да ги убиеме и тие со посебни потреби и дефекти по раѓањето. Од каде ли ми е ова познато? Хитлер?
Ова е исто така подеднакво шокантно. . .
 
В

влијателен

Гостин
Ако го прочитавте тоа на англискиот извор ќе видевте дека не промовира ништо оваа.
Овие од македонскиот извор иако се промовираат со академско име, не само што не превеле се, туку ја извртиле вистинската смисла и дале субјективен карактер.
Ми се лоши од вакви сајтови кои во насловите ставаат ШОКАНТНО.

Всушност, гледајќи ги реакциите, мислам дека ова е иронична критика на доцните абортуси.
 
Член од
9 август 2009
Мислења
104
Поени од реакции
115
Да ги убиеме и тие со посебни потреби и дефекти по раѓањето. Од каде ли ми е ова познато? Хитлер?
Ова е исто така подеднакво шокантно. . .
Бетер е, Хитлер барем тврдел дека го прави тоа "поради повисоки цели", оваа вели "ако нивните мајки неможат да се грижат за нив, нека си ги дадат да им ги убијат бебињата"
 
L

.Lost Angel.

Гостин
ШОКАНТНО: "АБОРТУС" ПОСЛЕ РАЃАЊЕ




Франческа Минерва, филозоф и медицински етичар на Универзитетот во Оксфорд смета дека лекарите треба да имаат право неколку дена по раѓањето на деца кои мајките не сакаат или неможат да и издржуваат, да ги убијат, како и оние со посебни потреби и дефекти по раѓањето.

Етичарот и филозоф, Минерва, во најмала рака ги шокирала нејзините колеги со своите размислувања и убедувања.
Таа во статијата која била објавена во Британскиот медицински журнал, вели дека бебињата не се "вистински личности" и дека помеѓу убиство по неговото раѓање и абортус во бременоста постои мала разлика.

Нејзините колеги етичари кои се борат за правата на луѓето, нејзините размислувања ги прогласиле за грозни, ннехумани и деструктивни. Тие сметаат дека за убиство нема оправдување.


Д-р Минерва во статијата, чиј ко-автор е Алберто Џубилини, биоетичар на Универзитетот во Милано, изјавува дека лекарите треба да имаат право да убијат дури и здрави бебиња ако нивните мајки не можат да се грижат за нив. И двајцата се сложуваат со тоа дека "постпородилен абортус" треба да се дозволи во сите случаи поради кои се прави и абортус. Во својата анализа објавена со списанието, објаснуваат дека фактот поради кој родителите дознаваат после породувањето дека детето има проблем, најчесто одгледувањето на таквите деца може да биде терет за родителите а подоцна и на општеството, -пренесува Дејли Меил

ФАКККККККККККККККККККККККККККК ЈУУУУУУУУУУУУУУУУУУУУУ
ТЕБЕ ДА ТЕ АРБОТИРАА ГОСПОД ... УМРЕН ГЛУШЕЦ :mad:
 
К

Кики.

Гостин
И суштествата како дотичната ги нарекуваме „луѓе“?:facepalm:
Размислувам, дали би имала такво мислење за нејзините деца, откако ќе ги роди...:cautious:
Абортус е една, а вакво убиство е друга работа - да не се мешаат поими - „постпородилен абортус“ - :tapp:
 
Член од
9 август 2009
Мислења
104
Поени од реакции
115
Познавам 2 пара кои немаа среќа со нивните првородени дечиња. И кај двата пара се случи да им се родат деца со тешки аномалии. Кај едниов пар се случи да бебето почине веднаш по раѓањето. Кај вториве се случи полошото - детето вегетираше една година без никаков физички напредок. Тие за цело тоа време го посетуваа детето во Демир Капија, ако не секој, секој втор ден одеа таму. Пеколна година поминаа луѓето и откако почина детето самите родители изјавија дека им олеснало. Но детето си почина, никој не го уби. И да, верувам во тоа дека им олеснало, но не верувам дека постои оправдување во тоа да се уништат во првите денови од животот, макар која и да е причината.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Lu5

Curious

пичкин дим
Член од
24 јули 2007
Мислења
1.652
Поени од реакции
1.899
Ова ко во Спарта работава.
Ако нешто ти фали, ако не те сакаат твоите, те фрлаат на буниште одма.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom