еееее многу убаво сте задоени....глеам градовиве си ги цепкаш во ДУИ фазон, каде има Ш - така иде линијата што е мое, што е твое...
А колку Македонци живееле во селата (Река, Дримкол, Голо Брдо) во истиот период? Можеш таков еден податок да извадиш (мада не знам од каде го извади претходниов, не те ни прашувам)? Јас никако не можам да разберам како може само градот да се земе како независна единка, без селата? По таа логика во времето на турците ниеден македонец немало на овој простор, ако имаш претстава кој тогаш живеел во поле, а кој на брдо...
И по се' ова погоре што го пишуваш не ми е јасна таа логика на рамнодушност и отфрлување на нешто што реално е твое....кој ти дозволил такво чувство да имаш спрема нешто што реално било на твоите дедовци?
...и само да те потсетам - гледај ги топонимите на местата, самиот факт што во целата погранична област со Македонија албанските места имаат словенски топоними е доволно, понатаму мене ме мрзи да ти објаснувам....