Здраво,
темава ја отварам за сите оние кои сакаат да постават (или поставиле) вратило на странични (паралелни) ѕидови кои се направени од цигли, односно за оние кои немаат можност да закачат вратило на касата (над вратата), или пак немаат услови да го постават вратилото на еден ѕид.
Кога пребарувам вратило Скопје на google, не добивам некои позначајни резултати. Единствени спортски продавници што приметив го имаат вратилот на касата:
http://www.bidifit.com.mk/fitnes-oprema/fitnes-rekviziti/door_way_gym.html#
http://www.mastersport.com.mk/index.php?option=com_virtuemart&page=shop.product_details&flypage=flypage.tpl&product_id=211&Itemid=1&vmcchk=1&Itemid=1
Па отука,
1. дали знаете некои други спортски продавници каде се продаваат вратила освен mastersport и bidifit?
Ме интересираат и ваши искуства:
2. Има ли некој дома монтирано вратило во зидови со цигла (без арматура)?
3. Знае ли некој некои луѓе кои се занимаваат со монтирање вратила на зидови со цигла?
4. Некои информации за колку би чинело монтирање вратила на зидови со цигла?
Како варијанта/замена, доколку не успеал никој да монтира вратило на зидови од цигла,
5. Има ли некој дома монтирано вратило на плочата од таванот?
6. Знае ли некој некои луѓе кои се занимаваат со монтирање вратила на плоча од таван?
7. Некои информации за колку би чинело монтирање вратила на плоча од таван?
Мојот случај:
Причина за монтирање вратило: дискус хернија на лумбален дел. Освен некои вежби што смеам да ги правам во лежечка позиција и пливање, до сега било што да сум пробал имало негативни последици. Вежбите на вратилото не го оптеретуваат 'рбетот и се многу корисни за стегање на core муслуките.
Ѕидовите од цигла кај мене се широки од 18.6 до 18.8 cm (од тоа што можев да го измерам). Просторот меѓу ѕидовите е 113cm. Касата на врата ми е нап равена од стакло и една даска дрво (затоа и не можам да монтирам тамо) - кога се бесам на тоа без целосно да се подигнам почнува да се витка и да крцка. Вака изгледа местото:
Другар има монтирано вратило на плоча со штрафови за лифтови на зид од арматура. Тоа го има направено add-hoc преку мајстор кој му работел други работи во куќата и ми спомна дека нема сигурно веднаш да дојде „за волку мала работа“. Него тоа го чинело околу 4000ден. Па ме интересираат било какви информации за луѓе кои се бават со вакви работи (доколку не сакате да пишете на форумов, може и да ми пишете приватно на di_jey@mail.com).
Поздрав