Што и да прајш, запамети дека те сакав и те сакам. Тоа да го знаеш. И никогаш не сум ни помислил, ниту сум те изневерил. Секогаш беше мој ангел и сонце.... Се најубаво со тој кој нема да те лаже... Со некој како мене, кој ќе те сака искрено!
Ах бе сонце, можеби ме сакаше... некогаш.
Почна да покажуваш дека чувствата и довербата кон мене ги снемува тогаш кога започна да бараш други.
Знам дека бараше само секс од “врската“. Тоа го видов уште првиот ден откога се запознавме. Тоа го сфатив кога почна да бараш други, оти јас не можев постојано да бидам со тебе.
Видов кои се твоите намери кога почна да ми ја полниш главата со твоите претходни врски, со експериментирањата во сексот, со тројките кои спасувале врски... Видов дека те ограничувам, дека си се надевал на отворена врска... За тоа, ти должам извинување, што не сфатив уште веднаш дека љубовта за тебе значи да бидеш со што повеќе луѓе. Извини, навистина...
И за ништо не се кајам. Освен што си го трошев залудно времето, верувајќи во твојата лицемерна љубов кон мене. Му благодарам на бог, ако го има, што ми покажа колку вредиш. И нека ти суди што си играше со мојот разум и моето срце.