Хахаха, ме насмеја постов над мене, тоа дека последниот денар нема да ти сврши работа зашто е последен. Мислам дека под „последен денар“ не се мисли на последниот еден денар во џебот, туку општо на последните пари во тебе со кои можеш да купиш нешто:wink:
Би ги дала на се што ќе направи да се чувствувам подобро во моментот. Пред некој ден ги дадов на 2 книги на саем.
Ќе купам цигари и запалка(ако немам), ќе запалам цигара и ќе размислам како да направам уште пари.
После 2 минути мислење ќе ми текне дека ми останале уште 15 денари за топло чоколадо од кафемат.
За цигара на парче и пластичен пиштол од бит пазар и ќе се обидам да извршам некој грабеж за да земам повеќе цигари и да јадам негде. Ако ми се уарни ке размислам за идни операции :zlo:
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.