Што е брак? Институционализирано (скапо) фаќање.
Што е развод? Институционализирано (скапо) раскинување.
Јас така гледам на работите. Апсолутно не мора да биде човек во брак за да има деца, а и апсолутно не мора човек да останува во тој брак ако веќе ги има. Сè е можно во денешно време. Она што нè учеле, т.е. „моралните норми“ со кои сме израснати, ни велат дека жената треба додека е млада да се омажи, а и мажот исто, за да имаат деца. Биолошкиот часовник е едниствена медицинска (статистичка) причина зошто некој би сакал да брза со бракот и децата.
Но, ако човек може да си дозволи брак и може да си дозволи развод (зборам за материјално, социјално и духовно), апсолутно не мора да се ограничува дека „овој е последниот, друг нема да дојде“ (секогаш доаѓа некој) или „ако сега не се омажам, лошо ќе гледаат на мене“ (а ако се омажиш со некого кој те прави несреќна, ќе те сожалуваат, што е полошо според мене) или слично. Фактички, се сведува само на една поскапа врска (поскапа финансиски, временски и секако инаку).
И затоа, оние кои се омажиле/ожениле млади, го немаат овој проблем, зашто раснеле заедно со партнерите. Едноставно, кој подоцна се мажи/жени, поскапо за него/неа. Тоа е сè.