S
Shellshock nam67
Гостин
![](http://www.taratur.com/data/25.04pos1.jpg)
Германскиот европратеник Бернд Поселт во интервју за DW оценува дека во повеќе земји на Балканот ситуацијата во моментов е затегната. Според негова проценка повеќе страни имаат интерес од дестабилизација на регионот.
Околу ситуацијата на северот на Косово која во последно време станува се позатегната и спраќањето на дополнителни војници на Бундесверот, Поселт со став дека ситуацијата е екстремно осетлива, пред се поради фактот што неодговорни сили во Србија и меѓу Србите во Митровица се обидуваат да ја подгреат изборната кампања во Србија со темата Митровица.
„Поради оваа опасност, а и поради тоа што владее голема меѓуетничка нервоза, важно е во регионот да бидат стационирани доволно трупи. Кон ова се дополнува тоа што Еулекс, за жал не е на висина на задачата. Европскиот парламент секогаш јасно велеше, последен пат пред неколку недели во еден извештај, дека сакаме Еулекс да оперира на целата територија на Косово, бидејќи за нас не доаѓа во предвид никаква поделба или нешто слично. Северна Митровица и северно Косово е исто Косово како и останатиот дел од земјата. Но, таму реалноста ни од далеку не е таква, и ние сме разочарани од ефикасноста на Еулекс и затоа е важно да се зголеми бројот на трупите“, вели Поселт според кого по изјавите на високи косовски функционери дека ако е неоходно и со насилство ќе се брани северот на Косово, сепак никој не сака да се заканува со насилство, или есклација на насилството, исто така и косовската влада апсолутно не го сака тоа.
„Но, она што го разбирам е, дека јасно сака да се стави до знаење, дека територијалниот интегритет на Косово не смее да биде ставен под знак прашање. Имено ако тука би се почнало, да им се дава потпора на некави планови за поделба, што Европскиот парламент навистина одлучно одбива, тогаш на дневен ред би дошле и други теми од соседството и тоа повторно би го дестабилизрало целиот Балкан. Тоа е нешто што не го сакаме и затоа треба да се тргнат од маса плановите за поделба“, вели Поселт.
Околу појавата на вооружени групи, како на границата меѓу Косово и Македонија, така и на северот на Косово, тој вели дека Косоварите во моментов се однесуваат многу одговорно.
„Владата, опозицијата и народот покажуваат голема политичка зрелост и се надевам дека оваа политичка зрелост ќе биде зачувана. Се разбира постојано постои опасност, мали отцепени групи опасно да ја злоупотребат ситуацијата. Ова не се однесува само на Косово, туку и на Македонија, исто така и на делови во Србија. Вкупно имаме многу нестабилна ситуација во Босна и Херцеговина, во Србија, во некои делови на Косово и исто така и во Македонија. Тоа е вкупно опасна констелација. И се надевам дека оваа констелација нема да експлодира. Се разбира има сили, кои имаат интерес од дестабилизација, и во позадина се обидуваат да дестабилизираат. Се надевам, дека овие сили нема да имаат успех во тоа. Има многу сили кои имаат интерес од дестабилизација на Балканот. Тука ја гледам и руската страна, сили во исламскиот свет, кои на Косово воопшто немаат резонанца, но на друго место во регионот, на пример во делови на Босна. Гледам сили и во криминалното милје, има многу различни сили“, вели германскиот европратеник Бернд Поселт во интервју за DW.