Поништување на договор за дар

Член од
2 март 2016
Мислења
481
Поени од реакции
468
Доколку станот му го подарам на своето дете, а тоа го продаде и купи нов стан, дали јас имам право во определени околности да го поништам или раскинам договорот ?
Можете да го раскинете договорот во секое време се додека Вашето дете не го продаде станот на трето лице, но ако веќе го продаде Вашето дете станот, тогаш Вашето право да барате враќање на станот спрема третото лице, заради раскинување на договорот за дар има ограничено траење.
Спрема новиот стан на Вашето дете не може ништо да преземете затоа што тој стан не е предмет на договорот за дар.
 
VMP

VMP
Член од
8 октомври 2010
Мислења
104
Поени од реакции
14

Значи дека фактички оој договор не може да се раскине бидејќи може веднаш да го подаде станот. Јас, инаку некаде го прочитав ова,ама, со оглед на тоа што не сум правник, не знам дали точно го разбрав:
Отповикување на дарот и договорен поврат на дарот
Член 563
(1) Дарувачот може да го раскине договорот и да го отповика
направениот дар, во случај кога даропримачот со своето однесување кон
него или на нему блиско лице, покаже крајна неблагодарност.
(2) Ова право преминува и на наследниците на дарувачот.
(3) Ова право престанува со истекот најмногу на една година сметајќи
од денот кога дарувачот дознал за неблагодарноста на даропримачот, а
најмногу по истек на пет години од покажаната неблагодарност.
(4) Во случај на отповикување заради неблагодарност, даропримачот
е должен да врати се што примал на име дар.

Отповикување на дар поради немање на средства за живот
Член 564
(1) Дарувачот кој нема доволно средства за живот, или за издржување
на лицата кои по закон е должен да ги издржува, може да го раскине
договорот, а ако предметот веќе го предал на даропримачот може дарот да
го отповика и да бара даропримачот да му го врати она што од примениот
дар се уште се наоѓа во имотот на даропримачот.
(2) Даропримачот може да го избегне отповикувањето, доколку се
обврзе дека на дарувачот, во адекватна мера ќе му дава средства што му
недостасуваат.
(3) Ако дарувачот направил повеќе дарови, отповикувањето се прави
по обратен ред од настанувањето.
 
Може да се раскине договорот во секое време затоа што ст.3 вели најмногу по истекот на 5 години од покажаната неблагодарност, а неблагодарноста може да настане на пример по истекот на 10 години откако е склучен договорот, тука е на даропримачот да докаже дека неблагодарноста настанала порано, кое е многу тешко да се докаже, ако даропримачот во Вашиот случај Вашето дете го продаде станот на трето лице веднаш или покасно, по 3 години откако новиот стекнувач го запишал правото на сопственост врз станот во Катастар, не ќе имате право да барате истото да се брише од новиот стекнувач, иако веќе сте го вратиле станот кај Вас, ова согласно одредбите на ЗСДСП.
За подетално пишете ми во пораки.
 
Член од
4 март 2011
Мислења
699
Поени од реакции
704

Теретот на докажување е на страна на тужителот, односно оној кој бара раскинување на договорот, а не на даропримачот.
 
Член од
2 март 2016
Мислења
481
Поени од реакции
468
Теретот на докажување е на страна на тужителот, односно оној кој бара раскинување на договорот, а не на даропримачот.
Напротив, тужителот во случај да е тоа дарувачот ќе бара да се раскине договорот заради покажана неблагодарност, тужителот нема обврска да докажува дали раскинувањето врз основа на искажана неблагодарност е застарено или не, затоа што тужителот нема правен интерес за тоа да го докаже, за разлика од тужениот во случај тоа да е даропримачот, затоа што ако успее даропримачот да докаже дека поминати се 6 години од искажаната неблагодарност тогаш судот ќе го одбие тужбеното барање како неосновано затоа што е застарено, а инаку на тужителот (дарувачот) му е од значење да го побие тужениот (даропримачот) дека не се изминати 5 години од искажаната неблагодарност во случај само ако даропримачот се повика на застареност, во овој случај товарот паѓа на дарувачот, а претходно како што наведов товарот на докажување паѓа на даропримачот.
 
Иако не се согласувам со твоето правно мислење, сепак ми се доапаѓа кога се отвара една позитивна дискусија, со почитување и сослушување на туѓото мислење, без навреди и вулгарности, што некако изостанува во последно време и од форумите и од целата држава :)
Јас сметам дека тужителот, оносно оној кој бара да се раскине договорот за дар, во случајов дародавачот е оној кој треба да го докаже своето тврдење врз основа на кое хо заснива своето барање. Според мене, не е доволно само да се наведе членот од законот врз основа на кој се бара раскинувањето на договорот за дар, туку како доказ треба да се наведе и конкретен факт, односно во што се состои таквата неблагодарност на даропримачот, со целосен опис и време во кое се случила, а тоа евентуално да го поткрепи со писмени или вербални докази (најчесто сведоци во ваквите случаи).
 
Благодарам, така е, треба секогаш да се стремиме кон дебата затоа што само така може да унапредуваме и да се развиваме интелектуално.
Во конкретниот случај се согласум целосно со тебе за овој дел: ,,Според мене, не е доволно само да се наведе членот од законот врз основа на кој се бара раскинувањето на договорот за дар, туку како доказ треба да се наведе и конкретен факт, односно во што се состои таквата неблагодарност на даропримачот, со целосен опис и време во кое се случила, а тоа евентуално да го поткрепи со писмени или вербални докази (најчесто сведоци во ваквите случаи)."
А во однос на застареноста сепак сум на мислење дека оној кој се повикува на застареност треба да докаже дека застареноста настанала, во секој случај сметам дека и двајцата сме во право, секој на свој начин.

Поздрав :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom