Здраво дечки, ми треба малку помош, т.е. неколку совети. Сакам да инсталирам Office 2013 на мојов пц, али се двоумам пошто искрено незнам нешто многу околу ова издание, ем иам стар компјутер eм читам по нетов демек нема мн разлика од 2010...
1. Дали се исплати воопшто да инсталирам(ако нема некои големи разлики од 2010)?
2. Дали пиратските верзии се ок за користење, без багови и слични работи?
3. Дали влијае тоа што имам 7ца, прилично слаб компјутер, да не ме зеза со брзина на користење на самите програми од офисот?
4. Конвертирањето и вчитувањето од документи 2010 во MS 2013 си е стандард како и претходните верзии, компатибилно?
5. Што е Office 365? Оди заедно со програмите како Ворд, Ексел или дополнително се инсталира?
Секоја помош е добредојдена.