Помош - сакам да градам!

GreenRoot

^Зелен^
Член од
20 јули 2011
Мислења
2.618
Поени од реакции
2.264
Има некој искуство или совет за сипорекс цигли за ѕидање на куќа? Изведувачот ми ги форсира нив, малку поскапи се од црвените цигли, ама као биле подобри, не требало фасада да се става (само абрип), внатре само глетување и кречење и тоа било тоа. На нет не наоѓам многу информации, гледам едно време се зборело дека се радиоактивни, ама гледав како се прават и нема поента тоа. Не знам како се за термо и звучна изолација и колку се добри за долг период. Во Англија на пример кров на школо има паднато поради дотраеност на вакви цигли, некои си 30 години, што ме плаши.
Полесни се за градење, подобра топлинска изолација и послаба звучна изолација.

Ги имаш во разни димензии. Они дебелите се и повеќе од дупло поскапи од термо блок.

Sent from my A001LG using Tapatalk
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.928
Поени од реакции
35.945
не постои такво нешто во законот за градење, има времени објекти од монтажен карактер и урбана опрема.
Баш сега листам некоја пречистена верзија, не се спомнува она погоре. Веројано му кажале дека вообичаено толерираат до ~20м2, но ако пријави некој тогаш...
 

PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
5.315
Поени од реакции
5.599
Ти посочија според кој закон/член ова?
Не е битен законот и правилниците, туку битна е општинарската произволност во носење одлуки, кои не се засновани на никаков закон и/или правилник...
 
Член од
20 март 2025
Мислења
23
Поени од реакции
28
Сметам дека не треба да градиме,поради фактот што имаме квалитетни инвеститори што градат за нас во МЕТРОПОЛАТА по цена од 1850 еуро квадрат. :)

Ова е курпулентно прашање,и соодветен одговор е реалната ситуација.
Кредит,50 години банкарско заложништво за 45 квадрати во смрдената кисела вода.

Заштедете си главоболка,не бирајте дебелина на стиродур за вашата изолација. Некој го направил тоа за васссссссссс.

Ајде чао. :)
 
Член од
28 октомври 2019
Мислења
221
Поени од реакции
167
Ти посочија според кој закон/член ова?
ne, nikakov zakon ni clen od zakon ne mi spomnaa, samo mi rekoa tvrda gradba u dvor, ne, montazen moze no mala kvadratura do 21kv kolku edna garaza ili pomosen objekt
(ja za vo dvorot prasav, zs ne mozam da najdam mala parcela)
 
Член од
7 декември 2019
Мислења
4.952
Поени од реакции
9.010
Има некој искуство или совет за сипорекс цигли за ѕидање на куќа? Изведувачот ми ги форсира нив, малку поскапи се од црвените цигли, ама као биле подобри, не требало фасада да се става (само абрип), внатре само глетување и кречење и тоа било тоа. На нет не наоѓам многу информации, гледам едно време се зборело дека се радиоактивни, ама гледав како се прават и нема поента тоа. Не знам како се за термо и звучна изолација и колку се добри за долг период. Во Англија на пример кров на школо има паднато поради дотраеност на вакви цигли, некои си 30 години, што ме плаши.
Ништо не е едносмерно, па ни сипорексот. Имаш неколку фабрики на Балканот, косовските се не баш, во Србија и Бугарија се Ок. Лесни се, лесно се гради, се сечат како сакаш. Топлински треба да се супер изолација. Е сега има една приказна дека мравките ги напаѓаат и не им се проблем да ги пробушат. Нова, па и не толку нова технологија. Јас пред 12-13 години запнав со нив да градам, ама не ми ги фати око косовските и останав на класика. Плус, какви мајстори имаш. За сипорекс си треба школувани мајстори, што знаат каков елемент каде оди. Има таму столбови, серклажи, и други елементи. Треба да ти направат спецификација и да ја осмислат нарачката.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom