Мирна, малечка, нова населба, не многу отсечена од централното градско подрачје. Помеѓу Ново Село и Волково, и иако не е којзнае колку инфраструктурно развиена, во близина ги имаш веќе постоечките објекти од Ново Село и Волково, и скоро се ти е на дофат на рака. На 5 минути од Стопански Двор, кај пругата помеѓу Ново Село и Волково е основното училиште од Ново Село. Алтернативно: има основно училиште и во Волково, само што тоа е малку подалеку. Во Ново Село има амбуланта, стоматолошка ординација има на самиот излез од Стопански Двор кон Волково, дополнително - постојат уште две стоматолошки ординации и две амбуланти во Волково, на само 5 минути возење (15-20 минути пеш). Во Волково има неколку поголеми маркети, плус и еден куп маалски продавнички и во Ново Село и во Волково. Спортската сала во Ново Село е исто така кај пругата помеѓу Ново Село и Волково, на само 5 минути пеш од Стопански Двор. Тука е и автобуската станица на која застануваат 22ка и 64ка. 22ката е доста честа линија - имаш автобуси на секои 5 минути, понекогаш дури и почесто од тоа. Плус, нема никаква индустрија во близина - сметај на тоа дека воздухот е далеку почист отколку во централното градско подрачје. Исто така, ја нема и бучавата од автомобилите - навистина мирно место.Знае ли некој каква населба за живеење е Стопански двор?
Јас колку што имам видено е Ок... тивко и мирно место за животЗнае ли некој каква населба за живеење е Стопански двор?
Јас живеам во Стопански, супер место, мирно, инфраструктура хмм, зависи за кој дел збориме, од ширинката лево е средено убаво се до црквата горе, сега ја средија клучката го асфалтираа патот убаво и право нагоре накај Галафарм е позабаталено, то ест до Галафарм има асфалт. Канализација има, струја, вода се што е потребно. Продавнички имаш на 5 минути, исто и автобуската е на толку, редовно 22 ка си поминува.Знае ли некој каква населба за живеење е Стопански двор?
Па тука некаде околу Галафарм... фала на инфо...Јас живеам во Стопански, супер место, мирно, инфраструктура хмм, зависи за кој дел збориме, од ширинката лево е средено убаво се до црквата горе, сега ја средија клучката го асфалтираа патот убаво и право нагоре накај Галафарм е позабаталено, то ест до Галафарм има асфалт. Канализација има, струја, вода се што е потребно. Продавнички имаш на 5 минути, исто и автобуската е на толку, редовно 22 ка си поминува.
Има младеж ако си со деца ќе има со кого да се социјализираат и да играат надвор.
Не е лошо како и да е.
Мене ако ме прашуваш најдобро е да поставиш Ал профили врз кои ќе поставиш стаклена волна, а сето тоа ќе го затвориш со гипс картон или ОСБ плоча.Здраво дечки ми треба помош.
Имам тавани на старата куќа со трска, е сега сакам на две соби да ги турнам тие тавани со трска бидејќи се потпукнати на неколку места и да ставам други. Се мислам помеѓу гипсени плочи или другата опција мислам дека било со абрид (ми рекоа се поставувало мрежа и готов малтер или така нешто). Ај од вас совет што би ме чинело поефтино да изберам, но ако не се работи за голема разлика што е подобра опција (за гипсените плочи слушам дека доста го сушат воздухот. Ви благодарам однапред на помошта.
дуп моментално има само за градско подрачје, се што е село се поништени плановите и тоа рокот од година дена е знак прашање. можеш да почнеш да си градиш но некој може да те пријави па да те срушат, а и да не те срушат објектот ќе ти остане дива градба нема да можеш да го спроведеш во катастар со што автоматски нема да имаш имотен лист а и опција за легализација нема да имаш.Денес бев во општина Г.Петров да прашам како иде процедура за добивање дозвола за градење во Стопански двор. Од општината ми рекоа дека тој дел кај што ми е плацот, нема ДУП, дека е во процедура и го опфака мојот плац... ама сеуште не е готово. Можно е да биде готов до година или понатаму. Е сега прашањето ми е дали е можно да градам без таа дозвола? Кои се последиците доколку почнам така, и дали е можно да ме фатат?
Знам дека куките што се веке таму, пола имаат дозволи пола немаат...
Но како е најдобро да направам?
А доколку градам, после тоа можам ли сите документи да ги средам... значи ако градам сега, а после неколку години го средат ДУП?дуп моментално има само за градско подрачје, се што е село се поништени плановите и тоа рокот од година дена е знак прашање. можеш да почнеш да си градиш но некој може да те пријави па да те срушат, а и да не те срушат објектот ќе ти остане дива градба нема да можеш да го спроведеш во катастар со што автоматски нема да имаш имотен лист а и опција за легализација нема да имаш.
дуп е детален урбанистички план, и на него се вцртува "идеално" организирање на објекти и улици зеленило и други содржини. Еве да речеме и да изградиш и да имаш било каква ситуација утре да го направиш легален објектот може по дуп да излезе да ти поминува уличка или намена да биде индустрија и слично. Сепак не постои такво нешто како сега градам а утре го правам легален објектот, а тоа е направено така зашто пред се објектот треба да биде планско урбанистички димензиониран т.е. да задоволува одредени закони кои се однесуваат на соседите ( 3 метри одалеченост од сосед со прозорски отвори, 1.2 метри одалеченост од сосед без прозорски отвори итн.) платени комуналии према државата , а доколку не ги исполнуваш основните правила нема ни да можеш да го запишеш објектот во катастар а со тоа да добиеш и валиден документ дека објекот е во твој посед итн.............А доколку градам, после тоа можам ли сите документи да ги средам... значи ако градам сега, а после неколку години го средат ДУП?