Мене тоа ми е ептен тазе, па би можел да те советувам:
1. Најпрво ти треба имотен лист за градежната парцела. Тоа мораш сам да го извадиш од Агенција за катастар. (EDIT: Дури сега видов дека имаш, што значи не е проблем.)
2. Со имотниот лист одиш во Општина од каде вадиш Извод од план со општи урбанистичко-архитектонски податоци (по старо - маркица), каде се дефинира максимално дозволената површина за градење (во хоризонтала и вертикала), плус и се дефинира која документација ќе ти биде потребна за да добиеш Одобрение за градба
3. Од ЈП Водовод со копија од изводот од план и уплата од 3500 денари за објект под 400м2 или 7500 за објект над 400м2 се вадат Хидротехнички услови.
4. Се наредно, до добивање на Одобрение за градба по ново си го брка проектантот кој ќе го избереш, затоа што од скоро, целата документација за добивање на Одобрение за градба се вади по електронски пат, преку проектантските бироа, со што се елиминира непотребното трчање од Општина до Катастар и обратно. Значи: бираш проектант кој треба да ти направи
-Идеен проект, и да го прати во Општина по електронски пат, од каде по добиената потврда дека е се ОК, проектантот праќа во Општина:
-Основен проект (архитектонски проект + проект за статика + проект за приклучок кон водоводна и канализациона мрежа), заедно со Изводот од план (маркицата) и Хидротехничките услови.
-Ако е објектот над 300м2, освен архитектонски проект + проект за статика + проект за приклучок кон водоводна и канализациона мрежа потребна е и ревизија на сите 3 проекти.
5. Се чека општината да го процесира барањето за Одобрение за градба, по што - кога архитектот го добие назад Одобрението за градба во електронска форма, ти го дава тебе, и можеш слободно да градиш.
Знам, комплицирано е, треба многу трчање, ама тоа е тоа. Јас се уште го чекам Одобрението за градба од Општина, ама се надевам за скоро време дека ќе биде.